Википедија:Кандидати за избрана статија/Казахстан: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: {{Напатствија за избрана статија/2}} == [[{{subst:SUBPAGENAME}}]] == === Информации === <span style="border: 1px so...
(нема разлика)

Преработка од 12:03, 13 ноември 2019

Гласање за избрана статија

Како да гласам за овој предлог?


Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас {{за}} (  ), {{против}} (  ) или {{воздржан}} (  ), како и свое мислење преку {{коментар}} (  ), користејќи ги за сето ова соодветните предлошки. Право да учествуваат во дискусијата за предложениот предлог имаат сите корисници, додека право на глас имаат корисниците со сметка постара од 6 месеци и најмалку 500 уредувања во сите именски простори на Википедија на македонски јазик пред почетокот на гласањето. Времетраењето на гласањето изнесува 7 дена.

Одлуката за прогласување на „избрана статија“ се носи со примена на двотретинско мнозинство, односно бројот на гласови „За“ да биде најмалку две третини од вкупниот број на дадени гласови, а вкупниот број на гласови „За“ да изнесува најмалку три.

Информации

Статијата е предложена за дискусија во 12:03, 13 ноември 2019 (CET).

Статијата изгледа одлично!--Kiril Simeonovski (разговор) 12:03, 13 ноември 2019 (CET)[одговори]

Извадок

 
Грбот на Казахстан

Казахстан — независна држава во Средна Азија и делумно во Источна Европа. Казахстан е најголемата држава во светот без излез на море, а деветта најголема држава во светот по површина со своите 2 724 900 километри квадратни. Казахстан е трансконтинентална држава, каде голем дел од источните и средишните предели се наоѓаат во Азија, а делови од западните предели се во Европа. Казахстан е најдоминантна држава во економска смисла во Централна Азија, која допринесува со 60% од БНП на регионот. Тоа се должи првенствено на индустријата со нафта и гас, но и големите количини природни ресурси.

Официјално државата е демократска, секуларна и уставна република со богато културно наследство. Казахстан се граничи со Русија, Кина, Киргистан, Узбекистан и Туркменистан, и исто така има излез на Касписко Езеро. Географската разновидност на државата вклучува низини, степи, тајги, кањони, планини, делти и пустини. Според проценките за 2018 година, Казахстан има население од 18.3 милиони жители. Имајќи ги предвид бројот на население и вкупната површина се увидува дека Казахстан спаѓа во групата на држави со слаба населеност. Главен град на Казахстан е Нур-Султан (порано: Астана), а најголем град, кој воеднo бил и главен град, е Алмати.

Територијата на Казахстан била историски населена од различни турски (туркиски) номади кои биле под управа на различни турски држави. Во 13 век територијата потпаднала под монголска управа во рамките на Монголската Империја под раководство на Џингис Хан. До 16 век Казаците се оформиле како посебна етничка група, поделени на три подгрупи односно територијално потекло. Русите започнале да навлагаат во казашките степи во 18 век и до средината на 19 век во пракса ја контролирале целата територија на Казахстан. Тогаш Казахстан потпаднал под управа на Руската Империја. По Руската револуција од 1917 година територијата на Казахстан била преуредувана под различни автономни единици. Менувањето на локалните автономни управи завршило со основањето на Казашката Советска Социјалистичка Република во 1936, како интегрален дел на Советскиот Сојуз. (Дознајте повеќе...)

Дискусија

Гласање

(0/0/0); Закажано да заврши во 12:03 ч. на 20 ноември 2019 г. (CET)

За

Против

Воздржан