Википедија:Кандидати за избрана статија/Обединета Ерменија: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Ред 13:
Идејата на Ерменската револуционерна федерација за „Обединета Ерменија“ вклучува територии во [[Западна Ерменија]] (источна [[Турција]]), [[Нагорно-Карабах]], [[Нахичеван]] во [[Азербејџан]] и [[Џавахетија]] во [[Грузија]]. Нагорно-Карабах и Џавахетија се претежно населени со [[Ерменци]]. [[Западна Ерменија]] и [[Нахичеван]] имале значително ерменско население во почетокот на [[20 век]], но денес повеќе не е така. Ерменското население во источна Турција било речиси целосно истребено за [[Ерменски геноцид|време на геноцидот]] од [[1915]] година, кога долгото ерменско присуство во оваа област во голема мера завршило и ерменското културно наследство главно било уништено од страна на турската влада. Во [[1919]] година владата на [[Демократска Република Ерменија|Првата Ерменска Република]], со доминантно владеење, го прогласила формалното обединувањето на ерменските земји. Ерменската револуционерна федерација ги базира своите тврдења кон териториите кои денеска се наоѓаат во [[Турција]] на [[Договор од Севр|Договорот од Севр]] од [[1920]] година, кој бил ефективно негиран од последователните историски настани. Територијалните претензии кон [[Турција]] често се сметаат за крајна цел за препознавање на ерменскиот геноцид и хипотетичките репарации на геноцидот.
 
Најновото ерменски иредентистичко движење, [[Движење Карабах|Движењето Карабах]] кое било основано во [[1988]] година, се обидело да го обедини Нагорно-Карабах со тогаш [[Ерменска Советска Социјалистичка Република|Советската Ерменија]]. Како резултат на последователната [[Ерменско-азербејџанска војна|војна со Азербејџан]], ерменските сили воспоставиле ефективна контрола над најголемиот дел од [[Нагорно-Карабах]] и околните области, со што успеале [[де факто]] да ја обединат Ерменија и Карабах{{sfn|Ambrosio|2001|p=146|ps=: "... Armenia's successful irrendentist project in the Nagorno-Karabakh region of Azerbaijan."}}. Некои ерменски националисти сметаат дека Нагорно-Карабах е „првата фаза на Обединета Ерменија“. (''[[Обединета Ерменија|Дознајте повеќе...]]'')
 
== Дискусија ==