Среден век: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Image
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
{{внимание}}
[[File:Crescenzi calendar.jpg|thumb|]]
 
'''Среден век''' или '''средновековен период''' — дел од [[Историја на Европа|европската историјa]] кој траел од {{римски|5}} до {{римски|15}} век. Пропаѓањето на [[Западното Римско Царство]] го означува почетокот на Средниот век, а потоа следуваат [[ренесанса]]та и [[големите географски откритија]]. Средниот век е средниот период од традиционалната поделба на западната историја на класични, средновековни и модерни периоди. Периодот е поделен на [[ран среден век]], [[развиен среден век]] и [[доцен среден век]].
 
Ред 27:
До крајот на 5-ти век западниот дел на царството е поделен на помали политички единици со коишто управувале племиња коишто во раните години на овој век биле негови окупатори. Последниот цар на Западот, [[Ромул Августул]] бил соборен во 476 година, а со тоа дошло до традиционално признавање на оваа година како крај на Западното римско царство. [[Источно римско царство|Источното римско царство]], често познато и како ,,Византија“, по падот на неговиот западен еквивалент, не било баш способно да ја врати контролата над изгубените западни делови. [[Византиски цареви |Византиските цареви]] го задржале правото врз територијата и ниту еден варварски крал од западниот дел не се осмелил да се воздигне на позицијата Император на Запад, но сепак Византија не можела да ја одржи контролата врз поголемиот западен дел. Повторното освојување на италијанскиот полуостров и периферијата на [[Средоземно Море|Средоземното Море]] биле единствениот и привремен исклучок.
 
== '''Ран среден век''' ==
=== Новите општества ===
<br />
== Новите општества ==
Политичката структура во [[Западна Европа]] била променета, но не толку многу како што некои историчари тврдат. Иако активностите на варварите обично се опишуваат како ,,инвазијаˮ , тие не биле само воена експедиција туку и доселување на сиот народ во Империјата. Ваквите движења се резултат од одбивањето на Западно-римските елити да ја поддржат војската или да ги платат даноците со што би се овозможило војската да ја потисне миграцијата. Царевите од 5-от век често ги контролирале воените моќници како Стилихон (408 год.), [[Аспар]] (471 год.), Рицимер (472 год.) или Гундобад (516 год.), а кога на редицата од западни цареви и дошол крајот, многу од кралевите коишто дошле на нивно место биле од исто потекло како и претходните. Мешаните бракови помеѓу новите кралеви и римските елите станале вообичаени. Ова довело до топење на римската култура со обичаите на освојувачките племиња, вклучувајќи ги и популарните собранија кои им дозволиле на машките членови на племињата поголемо учество во политичките прашања. Материјалните артефакти коишто им припаѓале на Римјаните и освојувачите честопати се слични со предметите на племињата, коишто очигледно се изработувани според моделот на оние на Римјаните. Голем дел од духовната култура на новите царства била исто така заснована врз римската духовна традиција. Важна разлика е постепеното губење на даночните приходи од новите државни уредувања. Многу од ново настанатите политички јадра, повеќе не предвидувале приходи од даноците за нивните војски, туку како замена им доделувале земјиште или им го давале под закуп. Ова само по себе повлекувало помала потреба од големи даночни приходи а воедно било и причина за распаѓање на даночниот систем. Војувањето било заедничко, помеѓу царствата но и во нивни рамки. Со намалувањето на резервите, на ропството му се наближувало крајот и општеството станувало се по рурално.
Ново дојдените народи и моќните поединци во периодот меѓу 5-от и 8-от век, ја пополниле политичката празнина којашто зад себе ја оставила римската централизирана влада. Остроготите, под водство на [[Теодорих]] (526 год.) се населиле во [[Италија]] во доцниот 5-ти век и создале кралство коешто претставувало обележје на соработката меѓу [[Италијанци|Италијанците]] и [[Остроготи|Остроготите]], барем до последните години од владеењето на Теодорих. Бургундите се населиле во [[Галија[[ и откако Хуните го уништиле поранешното кралство во 436 год. тие создале ново кралство во 440 год. коешто се протегало меѓу денешна [[Женева]] и [[Лион]]. Со своето зајакнување, тоа станало моќно кралство во последните години од 5-от век и почетокот на 6-тиот век. Во [[северна Галија]], Франките и Бритите создале мали кралства. [[Империја на Франките|Кралството на Франките]] било во центарот на [[Североисточна Галија]], а првиот крал за кого има многу информации е [[Хилдерик]] (481 год.). Под водство на [[Кловис]] (509 год.– 511 год.), синот на Хилдерик, кралството на Франките се проширило и населението преминало во христијанска вера. Бритите, во сродство со домородците на Британија – денешна [[Велика Британија]], се населиле во денешна [[Бретања]]. Визиготите во Шпанија, Суевите во северозападна Шпанија и [[Вандалите во Северна Африка]] создале и други кралства. Во 6-от век, Ломбардите се населиле во северниот дел на Италија, на местото каде што било Остроготското кралство, ги групирале војводствата на чие чело бил избран да стои крал, повремено. До крајот на 6-от век ова уредување било заменето со постојана [[монархија]].
Инвазиите предизвикале навлегување на нови етнички групи во делови на Европа, но концентрацијата на населението не била рамномерна, на пример во Шпанија имало помасовно доселување за разлика од другите региони. Помасовното населување на Варварите во североисточниот дел за разлика од југозападниот дел на Галија било причина за нерамномерно населување на истата. [[Словенски народи]] се населиле во Централна и [[Источна Европа]] и Балканскиот Полуостров. Населувањето на народите било проследено и со промени во јазикот. Ова преминување од латинскиот јазик кон нови јазици траело многу векови. Групата јазици позната како романски јазици, којашто се разликувала од [[Латински јазик |латинскиот јазик]] на Западно Римското Царство, постепено успеала да го истисне од употреба. [[Грчки јазик|Грчкиот јазик]] останал јазик на Византија, но преселбите на [[Словени|Словените]] ги вовеле [[Словенски јазици|словенските јазици]] во Источна Европа.
 
=== Појава на Исламотисламот ===
Религиозните верувања во Источната Римска Империја и [[Персија]] биле во флукс за време на доцниот 6-ти и почетокот на 7-ми век. [[Јудаизам|Јудаизмот]] била ,,активна вера” којашто придобивала следбеници и најмалку еден Арапски политички лидер преминал во оваа вера. Сите насоки се појавиле заедно со појавата на Исламот во [[Арабија]] во времето на [[Мухамед]]. По неговата смрт во 632 година, исламските сили освоиле поголем дел од Источната Римска Империја и [[Персија]], почнувајќи од [[Сирија]] во 634-635год., стигнувајќи до [[Египет]] во 640-641 год., Персија помеѓу 637 и 642 год., [[Северна Африка]] во доцниот 7-ми век и [[Пиринејски полуостров|Пиринејскиот полуостров]] во 711 год. До 714 година исламските сили владееле во поголемиот дел од полуостровот, којшто го нарекле [[ел-Андалус]]. Интензитетот на исламските освојувања се намалил само во средината на 8-от век. Првиот прекин бил поради поразот на муслиманските сили во [[битката кај Поатје]] во 732 година, којашто довела до повторно освојување на јужниот дел на [[Франција]] од страна на Франките, но главната причина за намалување на интензитетот на исламските освојувања било соборувањето на [[династија Умајад]] и нејзино заменување со [[Абасидската династија]]. Абасидите го преселиле нивниот главен град во [[Багдад]] и нивното внимание не било насочено повеќе кон [[Европа]] туку кон [[Блискиот Исток]]. Абасидите ја загубиле власта во дел од муслиманските земји, благодарение на потомците на династијата Умајад кои го презеле Пиринејскиот полуостров заедно со [[Аглабиди|Аглабидите]] коишто владееја во [[Северна Африка]] и династијата [[Тулунида]] којашто управуваше со [[Египет]].
До средината на 8-миот век, трговската размена меѓу Франките и [[Арапи|Арапите]] ги заменила старите римски облици на трговија и дошло до појава на нови облици во [[Средоземје]]то. Франките им давале на Арапите дрва, крзна, ножеви и робови во замена за свили и други материјали, зачини, и скапоцени метали.
 
<br />
'''Трговија и економија''' <br />
Инвазиите на Варварите коишто се случиле во 4-ти и 5-ти век, предизвикале нарушување на трговските мрежи низ целото Средоземје. Африканските трговски стоки полека го напуштале археолошкиот рекорд со тоа што најпрвин исчезнале од внатрешноста на Европа а во 7-от век тие можеле да се најдат само во неколку градови, како Рим или [[Неапол]]. Под влијание на освојувањата од страна на муслиманите, во последните години на 7-от век, африканските производи претежно биле заменети со локални и било невозможно да се најдат во Западна Европа. Замената на трговски стоки со локални производи се одвивала во Раниот среден век на старите римски имоти. Ова било особено изразено во земјите коишто не се простираат на Средоземјето како што се северна Галија или Велика Британија. Стоките што не се локални а се појавуваат во археолошкиот рекорд, обично се луксузни стоки. Во северните делови на Европа, не биле само трговските мрежи локални, туку и произведената стока била едноставна, со мала употреба на керамика или мала употреба на други сложени производи.
Различните германски држави на Запад користеле монети коишто биле изработени по моделот на постојните римски и византиски форми. Златото продолжило да се кова до крајот на 7-от век, а потоа било заменето со сребрени монети. Главната сребрена монета на Франките била [[Македонски денар|денариј (denarius) или denier]], а кај Англосаксонците била наречена [[Канадски долар|пени (penny)]]. Од овие области почнал да се шири denier или penny низ Европа, во периодот од 7-от до 10-от век. Освен во [[Јужна Европа]], бакарните и бронзените монети не биле погодени од оваа ситуација, ниту пак златото.
 
=== Црквата и монаштвото ===
Пред освојувањата од страна на Арабите, христијанството било еден од главните фактори за обединување на Источна и Западна Европа, но со освојувањето на Северна Африка дошло до расцепување на поврзувањата по морски пат помеѓу овие области. Византиската црква која станала [[Православна|Православната црква]], сè повеќе и повеќе се разликувала во јазикот, практиките и литургијата од западната црква која станала [[Католичка црква]]. Источната црква го користела грчкиот јазик наместо западно- латинскиот. Се појавиле теолошки и политички разлики, а до првата половина на 8-от век се појавиле и проблеми како [[иконоклазам]], [[клерогамија]] (свештенички брак), ставање на црквата под државна контрола, коишто докажале дека културните и верските разлики биле поголеми од сличностите. Официјалниот прекин се случил во 1054 година кога дошло до конфликт помеѓу папството и патријархатот на Константинопол поради папската превласт и се екскомуницирале едни со други што довело до [[Рано христијанство|поделба на христијанството во две цркви]]- на [[Римокатоличка црква]] и нa [[Источна православна црква]].
Варварските инвазии на запад не влијаеле воопшто врз црковната структура во Римското царство, но [[Историја на папството|папството]] го загрижувале западните епископи коишто од епископот на Рим чекале поддршка за верско или политичко управување. Пред 750-та година многу од папите биле повеќе загрижени за византиските прашања и за источните теолошки проблеми. Регистарот, или архивираните копии од писма на папата [[Грегориј Велики]], (папа, 590-604 год.) останале и од тие преку 850 писма огромно мнозинство биле со прашања за Италија или [[Цариград]]. Единствениот дел од Западна Европа, каде што папството имаше влијание беше Велика Британија, онаму каде што Грегориј го испратил [[Грегоријан]] во 597 година на мисија, чијашто цел била претворањето на Англосаксонците во христијани. Ирските мисионери биле најактивни во Западна Европа меѓу 5-от и 7-от век, дејствувајќи прво во Англија и [[Шкотска]] а потоа на континентот. Монасите како [[Колумба]] (умрел 597год.) и Колумбан (умрел 615 год.) ги основале манастирите, предавале на латински и грчки јазик и пишувале световни и религиозни дела.
Во раниот среден век, [[Свети Бенедикт|монаштвото]] од Западот го доживеало својот подем. Традициите и идеите кои потекнуваат од пустините во [[Египет]] и [[Сирија]] му го дале обликот на европското монаштво. Повеќето европски манастири биле од типот на манастири коишто се фокусираат на искуството кое го стекнала заедницата од духовниот живот (cenobitism), којшто за прв пат бил воведен од [[Пахомиј]] (умрел 348год.) во 4 век. Монашките идеали се ширел од Египет во Западна Европа во 5-от и 6-от век, преку хагиографската литература, за којашто пример е Животот на [[св. Антониј]]. [[Свети Бенедикт|Св. Бенедикт]] (умрел 547 год.) во текот на 6-от век го напишал [[Бенедиктинското правило за западното монаштво]], со детали за административните и духовните одговорности на заедницата на монаси предводена од игуменот. Монасите и манастирите имале големо влијание врз животот во раниот среден век, во разни случаи биле доверители на земја на моќните семејства, центри за пропаганда и кралска поддршка во ново освоените региони, како и основи за мисијата и проелитизацијата. Манастирите биле главни а понекогаш и единствени места за образование и описменување, во регионот. Многу од преживеаните ракописи на Римската класика биле препишувани во манастирите од Раниот среден век. Монасите, исто така биле автори на нови дела, вклучувајќи [[историја]], [[теологија]], како и други предмети, кои беа напишани од автори како што е [[Беде]] (умрел 735 год.), роден во северна Англија и пишувал во доцниот 7-ми и почетокот на 8-ми век.
 
=== Европа на Каролинзите ===
Во текот на 6-от и 7-от век [[Меровинзи|Меровинзите]], потомци на [[Кловис]], го поделиле кралството на Франките, коешто се наоѓало во северна Галија, на три кралства и тоа [[Австразија]], [[Неустрија]] и [[Бургундија]]. Благодарение на граѓанските војни помеѓу Австразија и Неустрија, 7-от век бил бурен период. Ваквата војна ја искористил [[Пипин]], мајордом на палатата на Австразија, којшто ја имал сета моќ. Подоцнежните членови на неговото семејство ја презеле функцијата на советници и регенти. Еден од неговите потомци, [[Карло Мартел]] (умрел 741 год.), во 732 година ја добил битката кај Поатје со што го запрел напредувањето на муслиманските војски преку Пиринеите. Велика Британија била поделена на мали држави доминирани од страна на кралствата во [[Нортамбрија]], [[Мерсија]], [[Весекс]] и [[Источна Англија]], кои воделе потекло од англосаксонските освојувачи. Помалите кралства во денешен [[Велс]] и Шкотска биле се΄ уште под контрола на домородните [[Британци]] и [[Пикти]]. Ирска била поделена на уште помали политички единици, обично познати како племенски кралства коишто биле под контрола на кралевите. Имало можеби дури 150 локални кралеви во [[Ирска]], со различна важност. [[Каролинзи|Каролиншката династија]], којашто била позната како наследник на Карло Мартел, официјално ја презела контролата врз кралствата Австразија и Неустрија со државниот удар во 753 година, којшто го извршил Пипин III (752-768 Според современата хроника, Пипин барал и добил овластување за овој државен удар, од [[Папата Стефан II]] (папа од 752–757). Преземањето од страна на Пипин било засилено со пропаганда којашто ги прикажа Меровингите како неспособни или сурови владетели, ги величаше постигнувањата на Карло Мартел и ширеше приказни за големата побожност на семејството. По смртта на Пипин во 768 година, кралството го наследиле неговите два сина [[Карло Велики]] (768-814) и [[Карломан]] (768-771). Кога Карломан починал од природна смрт, Карло не му дозволил на неговиот малолетен син да застане на престолот и се назначил себе си како крал на Австразија и Неустрија. Карло, почесто познат како Карло Велики, започнал со програма на систематско проширување коешто би довело до обединување на поголем дел од Европа, евентуално контролирање на денешна Франција, северна Италија, и Саксонија. Во војните кои траеле над 800 години тој ги наградил сојузниците со воени пленови и со контрола врз парчиња земја. Во 774 година, Карло Велики ги покорил Ломбардите, со тоа го ослободил папството од стравот дека Ломбардите ќе ги потчинат и почнало создавањето на [[Папската држава |папските држави]]. Крунисувањето на Карло Велики за крал на Божиќ во 800-та година се смета за пресвртница во средновековната историја, што претставува враќање на Западното Римско Царство, бидејќи новиот царр владеел со голем дел од областите коишто претходно биле контролирани од западните кралеви. Претходно споменатото бележи промена и во односот на Карло Велики со Византија бидејќи преземањето на кралската титула од страна на [[Каролинзи|Каролинзите]] ја докажува нивната еквивалентност со византиската држава. Имало неколку разлики помеѓу новосоздадената Карловото царство и двете, постарото Западно римско царство и истовремената Византија. Земјиштата на Франките биле од рурален карактер, со само неколку мали градови. Повеќето од луѓето биле селани коишто се населиле на мали фарми. Размерот на трговијата бил мал и поголемиот дел се одвивал со [[Британски острови|Британските острови]] и Скандинавија, за разлика од старата Римското царство чијшто центар за своите трговски мрежи бил Медитеранот. Така наречениот ,,патувачки суд“ којшто патувал со кралот управувал со Империјата, како и околу 300 кралски службеници наречени грофови коишто управувале со регионите на кои била поделена Империјата. Свештенството и локалните бискупи биле како еден вид на претставници како и кралските службеници наречени missi dominici, коишто биле скитнически инспектори и посредници.
 
Ред 54 ⟶ 52:
Судот на Карло Велики во Ахен бил центар на културните заживувања, коишто понекогаш се нарекувале и како „Каролиншка преродба“. Во овој период дошло до зголемување на бројот на писмени луѓе, развој на уметноста, архитектурата и правните студии како и на литургиските и библиските студии. Англискиот монах [[Алкуин]] (умрел 804 год.), бил повикан во [[Ахен]] и истиот тој монах овозможил [[образование|образованието]] да биде достапно во манастирите во Нортамбрија. Канцеларијата на Карло Велики или бирото за пишување употребило нова азбука, денес позната како [[Каролиншка минускула]], којашто предлагала заеднички стил на пишување и благодарение на којашто се подобрила комуникацијата низ поголемиот дел од Европа. Карло Велики предложил промени во црковното богослужение наметнувајќи ги римските форми на црковни служби во неговите поседи, како и [[Грегоријанско пеење|Грегоријанското пеење]] што претставува форма на литургиска музика во црквите. Во текот на овој период пресликувањето, коригирањето и ширењето на главните дела коишто обработувале религиозни и световни теми, биле значајна активност на учените луѓе чијашто цел им била да го поттикнат учењето. Исто така, напишани се нови учебници и дела со религиозни теми . Граматичарите од овој период го измениле латинскиот јазик, менувајќи го од класичниот латински јазик на Римското царство во пофлексибилен облик за да ги задоволи потребите на црквата и владата. Со владеењето на Карло Велики, јазикот доволно се разликувал од класичниот јазик, за потоа да биде познат како средновековен латински јазик.
 
=== Расцеп на Карловото царство == =
Карло Велики планирал да ја продолжи традицијата на Франките со тоа што ќе го подели кралството на сите негови наследници, но тој не бил во можност поради тоа што до 813 година тој имал само еден жив син, [[Луј I Побожниот]] (владеел 814-840 год.). Непосредно пред неговата смрт во 814 година, Карло Велики го крунисал [[Луј]] за негов наследник. Дваесет и шест годишното владеење на Луј било обележано со бројни поделби на Империјата помеѓу неговите синови, а после 829 год. и со граѓанските војни помеѓу различните сојузи на татко и синови коишто се воделе околу власта врз различни делови од Империјата. На крајот, Луј го назначил за крал неговиот најстар син [[Лотар I]] (умрел 855 год.) и му ја дал Италија. Луј остатокот од царството го поделил помеѓу Лотар и неговиот најмлад син, [[Карло Ќелавиот]](умрел 877 год.). Лотар ја презел [[Источна Франкија]], којашто ги опфаќала двата брега на реката Рајна кон исток, препуштајќи му ја на Карло Западна Франкија со Империјата западно од Рајнската област и [[Алпите]]. На средниот од браќата, [[Луј Германски]] (умрел 876 год.), којшто бил бунтовен се до неговата смрт, му било дозволено да ја задржи Баварија под сузеренство на неговиот постар брат. Поделбата била оспорувана. Додека Луј Германски се обидувал да ја присоедини цела Источна Франкија, внукот на кралот, Пипин II од Аквитанија ( умрел 864 год.) давал отпор за превласта во Аквитанија. Луј умрел во 840 год. а Империјата е сѐ уште била во хаос.
По неговата смрт следи граѓанска војна, којашто траела три години. Со [[Верденски договор|Верденскиот договор]] (843 год.) создадено е кралството меѓу реките Рајна и Рона, Лотар започнал да владее на териториите на Италија и неговата царска титула била признаена. Луј Германски управувал со Баварија и источните земји во денешна Германија. Карло Ќелавиот ги добил западните територии од Кралството на Франките, вклучувајќи поголем дел од денешна Франција. Внуците и правнуците на Карло Велики ги поделиле своите кралства помеѓу нивните потомци, со што на крајот дошло до губење на сето внатрешно единство. Со крунисувањето на [[Хуго Капет (Иго Капе)]] за крал во 987 год. Каролиншката династија била вратена во западните земји. Поради смртта на [[Луј Детето]] во 911 година и изборот на [[Конард I]], којшто не бил во никакви роднински врски, за крал династијата во источните земји го доживеала својот крај порано. Распаѓањето на Карловото царсто било придружувано со инвазии, миграции и непријателски преземања од надворешни непријатели. Викинзите коишто непријателски ги презеле Британските острови и се населиле во Британија Ирска и Исланд, постојано ги напаѓале Атлантикот и северните брегови. Викинзите понатаму, во 911 година се населиле во Франција на чело со војсководецот [[Роло]] (умрел околу 931год.), којшто добил дозвола од [[Карло III]] (владеел 898-922) да ја населат територијата на Нормандија. Се до големиот пораз во [[битката кај Личфилд]] во 955 година, Маѓарите постојано ги напаѓале источните делови на кралствата на Франките, особено Германија и Италија. Распаѓањето на династијата на Абасидите значело поделба на исламскиот свет на помали политички држави, од кои некои почнале да се шират кон Италија и Сицилија како и преку Пиринеите во јужните делови на кралства на Франките.
Ред 62 ⟶ 60:
Во источна Европа, Византија ја доживеала својата врв во времето на царот [[Василиј I]] (владеел, 867-886) и неговите наследници [[Лав VI]] (владеел, 886-912) и [[Константин VII]] (владеел, 913-959), членови на македонската династија. Трговијата заживеала, царевите го надгледувале утврдувањето на еднаквата администрација во сите провинции. Реорганизирањето на војската им овозможила на царевите Јован I (владеел, 969-976) и [[Василиј II]] (владеел, 976-1025) да ги прошират границите на царството на сите фронтови. Заживувањето на класичното учење било познато како Македонска ренесанса со центар во царскиот суд. Писатели како [[Џон Геометрес]] компонирале нови химни, песни и други дела. Мисионерските напори од страна на двете, Источната и Западната црква резултирале во имплементацијата на Моравјаните, Бугарите, Бохемијците, Полјаците, Маѓарите и словенските жители на [[Киевска Русија]]. Овие замени придонесоа за основањето на политички држави на териториите на овие народи, [[Моравија]], [[Бугарија]], [[Бохемија]], [[Чешка]], [[Полска]], [[Унгарија]] и Киевска Русија.
 
=== Воени и технолошки достигнувања ===
За време на подоцнежната Римското царство, главни воени случувања биле обидите за создавање на ефикасна и силна [[коњаница]], како и континуираниот развој на високо специјализирани војници. Создавањето на катафракт- војници во полето на воените случувања било важна карактеристика на римскиот 5-ти век. Различните племиња коишто освојувале, им придавале различно значење на видовите на војници, почнувајќи од главната пешадија на Англосаксонските освојувачи на Британија па се до Вандалите и Визиготите чиишто војски профитирале многу од коњаницата. За време на почетната инвазија, узенгијата не се користела во војната и тоа ја ограничувало ползата од коњаницата како ударна единица, но коњаницата сè уште можела да ја користи тактиката на изненадување особено кога седлото на коњот се засилувало напред и назад за да овозможи поголема поддршка на јавачот. Најголемата промена на воен план за време на инвазијата, била прифаќањето на [[хунскиот композитни лак]] којшто го заменил претходниот и послаб [[скитски композитни лак]].
Во почетокот на каролиншкиот период, со соодветната доминација на воените настани од страна на елитата, важноста на пешадијата и лесната коњаница започнала да се намалува. Во текот на каролиншкиот период, данокот што го собирала милицијата од слободното население се намалил. Иако голем дел од каролиншките војски биле качени на коњ, за време на раниот период излезе дека за поголем процент била поставена пешадија а не вистинска коњаница. Единствениот исклучок бил англосаксонскиот дел на Англија каде што армиите биле составени од локални регрутанти познати како fyrd, коишто биле предводени од локалните елити. Една од главните промени во воената технологија била враќањето на [[самострел]], којшто претходно се користел во римско време, а повторно се појавил како воено оружје во последните години од раниот среден век. Друга голема промена било воведувањето на узенгијата, којашто овозможувала поефективна употреба на коњаницата како ударна единица. Последна од промените во технологијата била [[потковица|потковицата]] којашто овозможувала користење на коњите во карпести предели а имала примена и надвор од потребите за војската.