Скамандар: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
 
Ред 1:
'''Скамандар''' ([[полски]]: ''Skamander'') - полска поетска[[поет]]ска група активна во периодот меѓу двете светски војни. Оваа група ја сочинувале: [[Јулијан Тувим]], [[Јан Лехоњ]], [[Антони Слонимски]], [[Јарослав Ивашкјевич]] и [[Казимјеж Вјежињски]].
 
Оваа група се појавила во [[Варшава]] во 1919 година, а името „Скамандар“ е преземено од истоименото списание. На почетокот, припадниците на „Скамандар“ биле блиски до [[Футуризам|футуристите]]. Така, во тоа време, критичарите го нарекувале Тувим „маг на футуристите“, а и тој самиот во една песна тврди дека е првиот полски футурист. Исто така, во првиот број на списанието „Скамандар“, Ивашкјевич тврдел дека тие го создале вистинскиот полски футуризам. Во секој случај, футуризмот во [[Полска]] траел многу кратко: некои од неговите припадници ѝ се приклучиле на групата „Скамандар“, други се поврзале со краковската [[авангарда]], а некои морале да [[Миграција на луѓе|емигрираат]]. Меѓу двете светски војни, „Скамандар“ била најсилната и највлијателната поетска група во [[Полска]]. Иако објавувале во истото книжевно списание, тие ја отфрлале секоја програма, објавувајќи дека „програмите секогаш се гледање наназад“. Како свој претходник го сметале [[Леополд Стаф]], а [[Карол Виктор Завоѓински]] бил нивниот главен теоретичар. Нивниот главен придонес кон поeзијата се состои во оживувањето на техниката на [[стих]]от, во враќањето на поезијата на [[живот]]от (т.н. „витализам“) и во раскинувањето со празниот естетизам на [[модерна]]та. Пеејќи за обичниот човек и за секојдневните животни појави, тие ја приближиле поезијата кон пошироката публика.<ref>Petar Vujičić, „Predgovor“, во: ''Savremena poljska poezija''. Beograd: Nolit, 1964, стр. 7-9.</ref>