Разлика помеѓу преработките на „Мозок“

Одземени 3 бајти ,  пред 4 месеци
с
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
'''Мозок''' — виш [[нервен центар]] и е дел од [[ЦНС|централниот нервен систем]]. Кај [[’Рбетници|’рбетници]]те е сместен во [[череп]]от. Неговиот степен на развој соодветствува на општата градба на ’рбетниците, така што черепниот мозок е најслабо развиен кај најпримитивните, а најсложено кај највисоко организираните ’рбетници - [[птици]]те и [[цицач]]ите. [[Нервно ткиво|Нервното ткиво]] кај черепниот мозок е претставено со два вида: [[сива маса]] (од [[невроцит]]и и [[дендрит]]и) и [[бела маса]] (од [[аксон]]и), при што белата е распространета во централниот дел, додека сивата во периферниот дел, претставена со [[мозочна кора]] и [[субкортикални јадра]]. Черепниот мозок е составен од неколку делови, и тоа ''преден (голем) мозок'', ''меѓумозок'', ''среден мозок'', ''заден (мал) мозок'' и ''продолжен мозок''.
== Преден (голем) мозок ==
{{main|Големигор мозокдрво}}
Предниот (големиот) мозок е оној дел од черепниот мозок којшто најмногу [[Еволуција|еволуирал]] прогресивно. Кај [[Водоземци|водоземните ’рбетници]] тој е мал и има проста градба, а кај сувоземните, особено кај цицачите (вклучувајќи го и [[човек]]от), тој ги надминува останатите делови од черепниот мозок и голем дел од нив ги препокрива. Во него се сместени првата и втората [[Мозочни комори|мозочна комора]].
Скоро кај сите ’рбетници, големиот мозок е поделен на две хемисфери, поврзани меѓусебно со corpus callosum. Површината на хемисферите кај сите ’рбетници, со исклучок на цицачите, е мазна. Хемисферите се покриени со тенок слој од сива маса, познат како ''мозочна кора (cortex)'', најскоро еволуираниот регион на черепниот мозок кај ’рбетниците. [[Риби]]те немаат мозочна кора, додека водоземците и [[рептили]]те имаат само рудиментирани остатоци од овој регион.
===Функции на кората на големиот мозок===
Преку условните и безусловните рефлекси кората на големиот мозок го поврзува организмот со надворешната средина. Активноста на кората овозможува остварување на вишите психички активности‘’’’’ (мислење и осознавање) ‘’’’’. Таа како центар на вишата нервна активност одговорна е за [[однесувањето]] на [[единката]]во [[животната средина]]. Обединувањето на функциите на [[органи]]и [[органски системи]] во организмот се остварува преку активноста на кората на големиот мозок.
 
== Мозочно стебло ==
''Мозочното стебло'' е најмалиот и, од еволуциска гледна точка, најстариот и најпримитивен дел на черепниот мозок. Стеблото е во континуитет со [[’Рбетен мозок|’рбетниот мозок]] и се состои од два дела: ''продолжен'' (''medulla oblongata'') со [[мост на Вароли]] и ''меѓумозок''. Продолжениот мозок и мостот на Вароли го контролираат [[срце]]виот циклус, [[констрикција]]та на [[Крвни садови|крвните садови]], [[Варење|дигестијата]] и [[Дишење|респирација]]та. Во продолжениот мозок, кај цицачите, доаѓа до вкрстување на нервните патишта, и тоа оние нервни влакна од десната хемисфера одат во левата, и обратно. Меѓумозокот се состои од врски меѓу продолжениот и големиот мозок. Цицачите го користат овој дел од мозокот само за очните [[рефлекс]]и. Во меѓумозокот е сместена третата мозочна комора. Некои автори го вклучуваат и [[таламус]]от како дел од меѓумозокот.
Анонимен корисник