Гемологија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 7:
Гемологијата како предмет почнала да се изучува од [[јувелир]]ите започнала во XIX век, но првите калификации биле поттикнати откако за оваа цел во 1908 г. Националното здружение на златари во Велика Британија поставило Гемолошки комитет. Овој комитет подоцна прерасна во Гемолошко здружение на Велика Британија, денес образовна добротворна организација и акредитирано тело чии курсеви се познати насекаде по светот. Првиот дипломец од ОН со Гем-а Диплома за завршен курс, во 1929, бил Роберт Шипли кој подоцна го основа Гемолошкиот Институт на Америка и Американското Друштво за Скапоцени Камења. Денес постојат неколку професионални училишта и здриженија на гемолози и сертифицирани програми ширум светот.
Првата гемолошка лабораторија во служба на пазарот за скапоцени камења беше основана во Лондон во 1925, поттикната од навалата за новооткриениот „култивиран бисер’’ и напредокот во синтезата на рубините и сафирите. Сега насекаде по светот има Лаборатории за Скапоцени камења кои бараат посовремена опрема и искуство за итврдување на нови предизвици, како што се обработка за добивање на скапоцени камења, нови вештачки и други нови материјали.
 
[[File:KA52KRS_1_m.jpg|thumb|Гемолошка преносна лабораторија KA52KRS]]
 
Скапоцените камења во главно се категоризирани според нивната кристална структура, сецифична тежина, индекс на прекршување и други оптички својства како плеохромизам. Физикото својсво „тврдост’’ е дефинирано според нелинеарната Мохова скала за тврдост на минералите.
Гемолозите ги проучуваат овие фактори додека ги вреднуваат или проценуваат обликуваните и полирани скапоцени камења. Се прави гемолошко микроскопско испитување на внатрешната структура за да се утврди дали каменот е вештачки или природен преку откривање на течните инклузии и вклучени делумно стопени егзогени кристали за да се прикаже евиденција за топлинска обработка за подобрување на бојата.