Разлика помеѓу преработките на „Показател на прекршување“

{{Main|Рефрактометрија|Рефрактометар}}
[[File:Pulfrich refraktometer en.png|thumb|alt=Illustration of a refractometer measuring the refraction angle of light passing from a sample into a prism along the interface|Начинот на работа на многу рефрактометри]]
 
Показателот на прекршување на течностите или цврстите материјали може да се измери со [[рефрактометар|рефрактометри]]. Тие вообичаено мерат некаков агол на прекршување или критичен агол за тотално внатрешно прекршување. Првите [[Абев рефрактометар|лабораториските рефрактометри]] кои се комерцијално во продажба биле осмислени и изработени од [[Енст Абе]] кон крајот на {{римски|19}} век.<ref>{{cite web |url = http://www.humboldt.edu/scimus/Essays/EvolAbbeRef/EvolAbbeRef.htm |title = The Evolution of the Abbe Refractometer |publisher = Humboldt State University, Richard A. Paselk |year = 1998 |accessdate = 2011-09-03 |url-status = live |archiveurl = https://web.archive.org/web/20110612000645/http://www.humboldt.edu/scimus/Essays/EvolAbbeRef/EvolAbbeRef.htm |archivedate = 2011-06-12 }}</ref>
Истите начела се во употреба и денес. Во овој инструмент тенок слој на течноста која се мери е сместена меѓу две призми. Упадната светлина минува низ течноста под упадни агли до 90°, односно, светлински зраци [[паралелност|паралелни]] на површината. Втората призма треба да има показател на прекршување поголем од оној на испитуваната течност, па така светлината влегува во призмата при агли помали од критичниот агол за тотално прекршување. Овој агол подоцна може да се измери со набљудување низ [[телескоп]], или пак со дигитален [[фотодетектор]] сместен во фокусната рамнина на леќата. Показателот на прекршување ''n'' на течноста може да се пресмета од максималниот агол на пропустливост ''θ'' како ''n'' = ''n''<sub>G</sub> sin ''θ'', каде ''n''<sub>G</sub> е показателот на прекршување на призмата.<ref>{{cite web | url = http://www.refractometer.pl/ | title = Refractometers and refractometry | publisher = Refractometer.pl | year = 2011 | accessdate = 2011-09-03 | url-status = live | archiveurl = https://web.archive.org/web/20111020123455/http://www.refractometer.pl/ | archivedate = 2011-10-20 }}</ref>
 
[[File:Refractometer.jpg|thumb|alt=A small cylindrical refractometer with a surface for the sample at one end and an eye piece to look into at the other end|Рачен рефрактометар кој се користи за определување на шеќерните единици во овошјата.]]
 
Овој вид на направи честопати се користат во [[хемија|хемиските]] лаборатории за препознавање на [[хемиска супстанца|супстанциите]] и за [[контрола на квалитет|контрола на квалитетот]]. [[дигитален рачен рефрактометар|Рачните рефрактометри]] се во употреба во [[земјоделство]]то на пример од, [[винар]]ите за да се определат [[Бриксова скала|шеќерните единици]] во сокот од [[грозје]], и [[внатрешно процесен рефрактометар|внатрешно процесните рефрактометри]] се користат на пример, во [[хемиска индустрија|хемиската]] и [[фармакологија|фармаколошката индустрија]] за [[контрола на процес|контрола на процесот]].
 
Во [[гемологија]]та се користи поинаков тип на рефрактометри за да се измери показателот на прекршување и дволомноста кај [[скапоцен камен|скапоцените камења]]. Скампоцениот камен е сместен на призма со голем показател на прекршување и е осветлен одоздола. Течност со голем показател на прекршување се користи за да се постигне оптички контакт меѓу скапоцениот камен и призмата. При мали упадни агли поголем дел светлината ќе биде пропуштена во скапоцениот камен, но при големи агли тоталното внатрешно прекршување ќе настане во призмата. Критичниот агол е мерен нормално преку набљудување низ телескопот.<ref>{{cite web |url = http://gemologyproject.com/wiki/index.php?title=Refractometer |title = Refractometer |publisher = The Gemology Project |accessdate = 2011-09-03 |url-status = live |archiveurl = https://web.archive.org/web/20110910082406/http://www.gemologyproject.com/wiki/index.php?title=Refractometer |archivedate = 2011-09-10 }}</ref>
 
===Промени на показателот на прекршување===
{{Main|Фазно-контасно снимање}}
[[File:S cerevisiae under DIC microscopy.jpg|thumb|alt=Yeast cells with dark borders to the upper left and bright borders to lower right|Диференцијално интерферентна контрасна микроскопска слика на клетки од квасец.]]
 
==Поврзано==