Василие Поповиќ - Цицо: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 27:
Своите сликарски вештини по гимназијата ги усовршува кај тогаш веќе етаблираниот уметник [[Никола Мартиновски]], кому му помагал при изработката на неколку ѕидни слики, меѓу кои и слика за куќата на скопскиот трговец Михајло Шкаперда во 1933 година.
 
Во периодот на почетокот на Втората светска војна и борбата против фашистичка Германија, од април 1941 година, Цицо е во повеќемесечно заробеништво во три концентрациони логори ([[Либек]], [[Хоенфалс]] и [[Нирнберг]]).<ref>{{cite book |title=Василие Поповиќ-Цицо : столетие : Даут-пашин амам, октомври 2014 |year=2014 |publisher=НУ Национална галерија на Македонија |isbn=978-608-4693-47-5}}</ref> Во 1944 година, Цицо е интерниран, овојпат во бугарски логор во [[Горна Џумаја]] (денешен Благоевград), но по интервенција на пријатели од Македонија и од Бугарија, тој е ослободен и набргу потоа отишол во партизани. Таму тој се ангажира во Агитпропот на Главниот штаб на НОВ, сместен во селото [[Горно Врановци]]. Во овој период изработува цртежи и портрети на личности од неговото опкружување, како и карикатури за првото издание на весникот „[[Нова Македонија]]“ и за весникот „Македонка“ на антифашистичкиот фронт на жените од Македонија.
 
== Наводи ==