Македонска граматика: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
поправка на правопис
Нема опис на уредувањето
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
Ред 4:
Македонската граматика се занимава со опишување, изучување и класификација на сложениот систем составен од [[Именки во македонскиот јазик|именки]], [[Глаголи во македонскиот јазик|глаголи]], [[Придавки во македонскиот јазик|придавки]], [[Предлози во македонскиот јазик|предлози]], [[Прилози во македонскиот јазик|прилози]], [[Заменки во македонскиот јазик|заменки]], [[Извици во македонскиот јазик|извици]], [[Честички во македонскиот јазик|честички]], [[Модални зборови во македонскиот јазик|модални зборови]] и [[Македонски броеви|броеви]]. Паралелно со тоа, оваа јазична дисциплина се дели на неколку големи гранки, во зависност од темата која се изучува, па така има [[Правопис на македонскиот јазик|правопис]] и [[Акцент во македонскиот јазик|правоговор]], [[Морфологија на македонскиот јазик|морфологија]], [[Синтакса на македонскиот јазик|синтакса]], [[Фонетика на македонскиот јазик|фонетика]] и [[Фонологија на македонскиот јазик|фонологија]], [[Лексикологија на македонскиот јазик|лексикологија]], [[Лексикографија на македонскиот јазик|лексикографија]], [[Стилистика на македонскиот јазик|стилистика]], [[Македонска дијалектологија|дијалектологија]] и [[Ономастика на македонскиот јазик|ономастика]].
 
Граматиката на [[македонскиот јазик]] и [[Македонски дијалекти|неговите говори]] била изучувана подолг период во минатото. Како прва печатена граматика на македонскиот јазик се јавува „[[Слогница речовска]]“, издадена во [[1880]] година во [[Софија]] од македонскиот преродбеник и револуционер [[Ѓорѓија Пулевски]].<ref>[http://www.manu.edu.mk/roots/roots.htm Ѓорѓија Пулевски] на страницата на МАНУ.</ref> „Слогница речовска“ е еден од првите обиди за опис на современата македонска граматика, која требало да излезе во неколку делови и била наменета за општо изучување на јазикот. Покрај „Слогница речовска“, важно е да се наведе и првата печатена македонска граматика во слободна [[Северна Македонија]], односно граматиката на [[Круме Кепески]] издадена во [[1945]] година веднаш по стандардизирањето на јазикот. Меѓу овие две граматики се јавуваат и други значајни обиди за печатење на македонската граматика, кои се фокусирале на класификацијата и опишувањето граматика за општото изучување на јазикот. Денес постојат поголем број печатени македонски граматики, печатени на македонски или на некој од светските или европските јазици.
{{TOC limit|limit=3}}