Конзервативизам: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
Ред 1:
{{Политика}}
'''Конзервативизам''' — политичка идеологија која, во својата појдовна основа, значи чување односно одржување на веќе востановените постоечки облици на вредностите во животот. Може да се смета за своевидно традиционално мислење кое како такво се проткајува во сите облици на интеракција меѓу поединците, мислење чијашто цел е да се одржи [[статус кво]]. Ако пред се се сфатисвати како идеологија на оние кои што владеат тогаш ќе се постави во спротивна релациска врска од либералното дејствување кое како такво тежнее кон промени. За такво либерално движење можеме да ги сметаме во прв ред [[Англиска револуција|Англиската]] и [[Француска револуција|Француската револуција]] како и воопшто движењето на [[просветителство]]то.
 
Конзервативизмот како политичка идеологија се залага за државно уредување заснованно врз традиционални вредности. Како такви опстојуваат редот и сигурноста, поголемата посветеност кон минатото отколку кон иднината, [[хиерархија]] наместо [[еднаквост]], антрополошки песимизам, сигурност, [[морал]] и [[религија]] како темели на општествениот живот и институции, семејството како основа на општеството и слично. Сите конзервативци ја почитуваат [[традиција]]та. Традицијата е составена од стандарди кои опстојуваат со единствена цел - да ги унапредат идеите за доброто. Токму затоа конзервативците во традицијата гледаат авторитет кој го оправдува нивното политичко дејствување. Темелот на тој авторитет е минатото односно религијата и националната историја на земјата. Од овде потекнува вербата на конзервативците во Бог како создавач на светото и врховен авторитет.