Виктор Иго: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиена последната промена (од 92.53.45.230) и ја поврати преработката 3876763 на Bjankuloski06
Ред 31:
На 15 февруари 1843 се венчала најстарата и омилена ќерка на Иго, Леополдина, настан што Иго го опеал во песната ''15 февруари 1843''.<ref>Kolja Mićević, „Pogovor“, во: Viktor Igo, Pesme. Beograd: Rad, 1969, стр. 27.</ref> Леополдина починала на 19 години во 1843, кратко по венчавката со Шарл Вакери. На 4 септември 1843 се удавила во [[Сена]] паѓајќи од брод. Поради тешката облека брзо потонала, а заедно со неа починал и сопругот обидувајќи се да ја спаси. Иго во тоа време бил на југот на Франција со љубовницата, а за смртта на ќерката прочитал во весник и бил многу потресен.<ref>Kolja Mićević, „Pogovor“, во: Viktor Igo, Pesme. Beograd: Rad, 1969, стр. 33, 37-42 и 89.</ref> Поемата ''Во Вилкје'' ја посветил на починатата ќерка.<ref>Kolja Mićević, „Pogovor“, во: Viktor Igo, Pesme. Beograd: Rad, 1969, стр. 37-42.</ref> Целиот свој живот Иго ги посетувал гробовите на неговата мајка и на ќерка му, тагувајќи по нив. Една негова песна од 11 јули 1846 година, е напишана по враќање од гробишта.<ref>Kolja Mićević, „Pogovor“, во: Viktor Igo, Pesme. Beograd: Rad, 1969, стр. 33.</ref> Подоцна, Иго накратко го опишал својот живот во песните ''Напишано во 1846'',<ref>Kolja Mićević, „Pogovor“, во: Viktor Igo, Pesme. Beograd: Rad, 1969, стр. 76-78.</ref> и ''Напишано во 1855'', во кои одговара на писмото на еден маркиз од 1846 година.<ref>Kolja Mićević, „Pogovor“, во: Viktor Igo, Pesme. Beograd: Rad, 1969, стр. 79-80.</ref> Инаку, Иго бил познат како многу нескромен, вообразен и болно суетен човек.<ref>Јован Дучић, ''Благо Цара Радована'' (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 306.</ref> <ref>Јован Дучић, ''Благо Цара Радована'' (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 277.</ref>
 
===Прогонство и смртффффффффффффсмрт===
<br />[[Податотека:Victor Hugo by Charles Hugo, c1850-55.jpg|thumb|200px|Виктор Иго во 1853]]
 
По три неуспешни обиди, во 1841 Иго бил избран за член на [[Француска академија|Француската академија]] и со тоа ја потврдил својата улога во [[Француска книжевност|француската книжевност]]. Потоа се вклучил во политичкиот живот и постанал голем поборник на [[Француска Република|Републиката]]. Истата година, кралот [[Луј-Филип]] го поставил Иго за кралски [[Генеалогија|генеалог]] и од таа позиција зборувал против [[Смртна казна|смртната казна]], социјалната неправда, и слободата на печатот. Подоцна, Иго бил избран во законодавната и конститутивната асамблеја. Кога Луј Наполеон ([[Наполеон III]]) ја презел целосно власта во 1851 и го донесол антипарламентарниот устав, Иго јавно го прогласил за предавник на својата татковина. Плашејќи се за својот живот, Иго побегнал во [[Брисел]], а со семејството конечно се сместил на еден островите во [[Ла Манш]]. Во 1852 година во Брисел го објавува познатиот памфлет [[Наполеон Малиот]] во кој ја разобличува личноста на [[Луј Бонопарт]] и во целост ја соголува неговата диктатура. Поради овој памфлет ќе му биде скратено гостопримство во Белгија и Иго заминува на [[Џерси]]. Во 1861 година ја одбива амнестијата на [[Наполеон III]], а во Франција се враќа во 1870 година по соборувањето на Луј Бонопарта и веднаш бил вклучен во политичкиот живот.<ref>[[Паскал Гилевски]], [[Раде Силјан]], Романтизам, Матица Македонска, Скопје, 2004, стр. 172 - 173.</ref>