Александар Стамболијски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 41:
Самиот Стамболијски организирал стотици селани и направил обид за опсада на [[Пазарџик|Пазарџик]]. Наредбата за напад не била дадена. Силите биле нерамномерни и откако локалниот гарнизон не се потчинил на законскиот премиер, на [[11 јуни]] Стамболијски наредил на селаните да се повлечат, за да не се стигне до крвопролевање.<ref>Фол, Александър и др., Кратка история на България, с.329, Издателство Наука и изкуство, София 1981</ref>
 
Уште на [[10 јуни]] воениот министер [[Иван Велков]] дал устна наредба на капитанот [[Иван Харлаков]] самиот Стамболијски да биде заробен и убиен и тој заминал со група воени за [[Пазарџик]], каде што операцијата за апсењето била раководена од полковникот [[Славејко Василев]]. Стамболијски направил обид да побегне до дворецот во [[Кричим]], но на [[13 јуни]] бил заробен кај село Голак, по кое бил преместен во [[Пазарџик]] каде бил предаден на групата на Харлаков, којшто го одвел во вилата во Славовица. Таму тој бил [[Атентат врз Александар Стамболијски|убиен]] од група членови на [[Внатрешна македонска револуционерна организација (Автономистичка)|ВМРО]], водена од скопскиот војвода [[Величко Велјанов]].<ref name="марков">{{Шаблон:Наведена книга|last = Марков|first = Георги|authorlink = Георги Марков (историк)|year = 2003|title = Покушения, насилие и политика в България 1878-1947|publisher = Военно издателство|location = София|pages = 163-164|isbn = 954-509-239-4}}</ref>.
 
== Семејство ==