Александар Стамболијски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Kiril Simeonovski ја премести страницата Александар Стамболијски на Александар Стамболиски
Ознака: Ново пренасочување
с Kiril Simeonovski ја премести страницата Александар Стамболиски на Александар Стамболијски презапишувајќи врз пренасочување
Ред 1:
{{Infobox officeholder
#пренасочување [[Александар Стамболиски]]
|name = Александар Стамболијски
<small><div class="center">Александър Стоименов Стамболийски</div></small>
|image = BASA-950K-3-110-1-Aleksandar Stamboliyski in Paris, 1921 (cropped).jpg
|ethnicity =[[Bulgaria]]n
|office= [[Список на премиери на Бугарија|20ти]] [[Премиер на Бугарија]]
|term_start = 14 октомври 1919
|term_end = 9 јуни 1923
| monarch = [[Борис III]]
|predecessor = [[Теодор Теодоров]]
|successor = [[Александар Цанков]]
|birth_date = {{birth date|1879|3|1|df=y}}
|birthname = Александар Стамболијски
|birth_place = [[Славовица]], [[Источна Румелија]]
|death_date = {{death date and age|1923|6|14|1879|3|1|df=y}}
|death_place = [[Славовица]], [[Царство Бугарија|Бугарија]]
|profession =
|spouse =
|children =
|party = [[Бугарски земјоделски народен сојуз]]
|signature =
|religion =
}}
'''Александар Стојменов Стамболијски''' (роден на {{роден на|1|март|1879}} во с. [[Славовица]] - починал на {{починал на|14|јуни|1923}} година) — бугарски [[Политика|политичар]], лидер на [[Бугарски земјоделски народен сојуз|Бугарскиот земјоделски народен сојуз]] (БЗНС). Тој бил [[Премиер на Бугарија]] во периодот од [[1919]] до [[1923]] година.
 
== Биографија ==
[[Податотека:Stamboliyski_-_Treaty_of_Neuilly-sur-Seine.jpg|мини|лево|220x220px|Стамболијски го потпишува Нејскиот договор]]
[[Податотека:Rakovsky_and_Stamboliyski_in_Genoa.jpg|thumb|лево|220x220px|Разговор со советскиот претставник Крстјо Раковски за време на Конференцијата во Џенова во 1922 година]]
[[Податотека:Bulgarian_delegation_in_Genoa_2.jpg|thumb|лево|220x220px|Со членови на бугарската делегација на Конференцијата во Џенова ]]
 
Стамболијски е роден на [[1 март]] 1879 г. во Славовица, [[Пазарџичка област|Пазарџишко]]. Александар Стамболијски учел во земјоделското училиште во Садово (1893–1895) и завршил на Лозаро-винарското училиште во [[Плевен]] (1895–1897). Во [[Плевен]] бил ученик на основачот на Бугарскиот земјоделски сојуз (БЗС) [[Јанко Забунов]]. Во [[1879|1899]] учествувал на основачкиот конгрес на БЗНС. Во следните години студирал филозофија во [[Хале (Зале)|Хале]] и [[агрономија]] во [[Минхен]], но го прекинал своето образованието поради [[туберкулоза]].
 
После неговото враќање во Бугарија се занимавал со политичка дејност. Во [[1908]] година Александар Стамболијски бил избран за народен пратеник од БЗНС. Тој се претворил во фактички лидер на БЗНС и под негово влијание сојузот се преобразил од сословна организација во [[политичка партија]]. За пратеник бил избран во XIV Народно собрание (1908-1911), XVI и XX (1913-1923) како и во V (1911).
 
Во [[1922]] година бил одржан [[референдум]] за судење на виновниците за националните катастрофи. На него поддржувачите на БЗНС и [[Бугарска комунистичка партија|БКП]] со големо мнозинство наложиле осуда на дел од политичката и воена елита на Бугарија за време на војните (1913–1918). Подоцна се спровеле политички репресии како кон БКП, така и кон целата опозиција. Основен инструмент на репресиите бил т.н. Портокалова гарда — лесно вооружени одреди, верни на БЗНС и Стамболијски.
[[Податотека:Bloodyinscription.jpg|thumb|220x220px|Крвавиот натпис на Александар Стамболијски пред смртта]]
 
За време на превратот, Стамболијски се наоѓал во своето родното село Славовица и не успевал да реагира соодветно. Во меѓувреме, во зејата избиле селски немири, кои во историјата останале познати како [[Јунско востание]]. Најголема сила тие придобиле во Плевенско и [[Шумен|Шуменско]]. [[Плевен]] дури бил ставен под опсада и делумно заземен од селските дружини. Во крајна сметка, немирите биле задушени од воениот гарнизон и верни на новата власт во [[Софија]].
 
Самиот Стамболијски организирал стотици селани и направил обид за опсада на [[Пазарџик|Пазарџик]]. Наредбата за напад не била дадена. Силите биле нерамномерни и откако локалниот гарнизон не се потчинил на законскиот премиер, на [[11 јуни]] Стамболијски наредил на селаните да се повлечат, за да не се стигне до крвопролевање.<ref>Фол, Александър и др., Кратка история на България, с.329, Издателство Наука и изкуство, София 1981</ref>
 
Уште на [[10 јуни]] воениот министер [[Иван Велков]] дал устна наредба на капитанот [[Иван Харлаков]] самиот Стамболијски да биде заробен и убиен и тој заминал со група воени за [[Пазарџик]], каде што операцијата за апсењето била раководена од полковникот [[Славејко Василев]]. Стамболијски направил обид да побегне до дворецот во [[Кричим]], но на [[13 јуни]] бил заробен кај село Голак, по кое бил преместен во [[Пазарџик]] каде бил предаден на групата на Харлаков, којшто го одвел во вилата во Славовица. Таму тој бил убиен од група членови на [[Внатрешна македонска револуционерна организација (Автономистичка)|ВМРО]], водена од скопскиот војвода [[Величко Велјанов]]<ref name="марков">{{Шаблон:Наведена книга|last = Марков|first = Георги|authorlink = Георги Марков (историк)|year = 2003|title = Покушения, насилие и политика в България 1878-1947|publisher = Военно издателство|location = София|pages = 163-164|isbn = 954-509-239-4}}</ref>.
 
== Семејство ==
[[Податотека:BASA-255K-1-108-6-Aleksandar_Stambolijski,_Milena_Stambolijska_and_their_children_Nadezhda_and_Asen.jpg|thumb|328x328px|Александар и Милена Стамболијска со двете деца Надежда и Асен]]
 
Александар Стамболијски се оженил во [[1900]] за Милена Даскалова (1875–1944), со која имале две деца:
* Надежда (р. 1901)
* Асен (р. 1904)
 
== Библиографија ==
* ''Нашите възгледи по държавните пенсии'' (1908)
* ''Земеделец по занятие и земеделец по убеждение'' (1908)
* ''Политически партии или съсловни организации'' (1909)
* ''Власт. Безвластие. Народовластие'' (1919)
* ''Върховният принцип на народовластието'' (1919)
* ''Двете ми срещи с цар Фердинанд'' (1919)
* ''Защо се сдружават земеделците'' (1919)
* ''Земеделският съюз и неговите врагове'' (1919)
* ''Земеделският съюз и неговите оръжия за отбрана и победа'' (1919)
* ''Интелигентните сили в Земеделския съюз и партиите'' (1919)
* ''Резултатите от дейността на Земеделския съюз'' (1919)
* ''Какъв трябва да бъде политикът'' (1919)
* ''Принципите на БЗНС'' (1919)
* ''Различието между Земеделския съюз и партиите'' (1919)
* ''Защо ги съдим?'' (1922)
 
== Поврзано==
* Нишка спогодба
 
== Наводи ==
{{наводи}}
 
* <cite class="book" id="CITEREFТашев1999" style="font-style:normal">Ташев&#x20;</cite>, Ташо.Министрите на Бугарија 1879-1999.Софија,АИ „Проф. Марин Дринов“ / Изд. на МО,1999.<cite class="book" id="CITEREFТашев1999" style="font-style:normal">&#x20;&#x20;&#x20;&#x20;</cite><cite class="book" id="CITEREFТашев1999" style="font-style:normal">ISBN 978-954-430-603-8 / ISBN 978-954-509-191-9.</cite><cite class="book" id="CITEREFТашев1999" style="font-style:normal"></cite>
 
== Надворешни врски ==
{{wikiquote}}
{{Commons category|Aleksandar Stamboliyski}}
 
{{Премиери на Бугарија}}
 
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Стамболијски, Александар }}
[[Категорија:Министри за надворешни работи на Бугарија]]
[[Категорија:Министри за одбрана на Бугарија]]
[[Категорија:Премиери на Бугарија]]