Голо Брдо: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с djabe dupliranje
подобар линк
Ред 4:
И покрај тоа што Македонците се официјално признати како малцинска заедница во Албанија [http://www.keshilliministrave.al/shqip/lajm.asp?id=5731] , сега за сега [[Македонски јазик|македонскиот јазик]] официјално се употребува само во реонот на [[Мала Преспа]], а не и во Голо Брдо и другите делови на Албанија каде живеат етнички Македонци. Во тие делови македонскиот јазик се користи во домашна и меѓусебна комуникација меѓу Македонците.
 
Во одредени делови на Голо Брдо постои и одредена група на луѓе кои се декларираат како етнички [[Бугари]] и се организирани во здружение наречено ''„Просперитет Голо Брдо“'' чиј претседател е Хаџи Пируши од с. Стеблево. Но, за разлика од Македонците, [[Грци|Грците]] или [[Власи|Власите]] кои се официјално признати како малцински заедници во Република Албанија, албанската држава нема официјално признание за постоење на бугарска малцинска заедница во ниту еден дел од [[Албанија]] или дадено право на образование на [[Бугарски јазик|бугарски јазик]] и покрај тоа што властите во Република [[Бугарија]] и самодекларираните Бугари во Албаниjа тврдат дека на Голо Брдо постои население ''со бугарска национална свест''. Некои бугарски политичари одат до таму што покрај тврдењата за постоење на бугарско население во Албанија, сакаат да го претстават и македонското население низ Албанија како бугарско агитирајќи меѓу албанските власти. Ваквите постапки за [[бугаризација]] на Македонците во Албанија секогаш биле жестоко осудувани од страна на [[Заедница на Македонците во Албанија|Заедницата на Македонците во Албанија]] [http://217.16.70.236/?pBroj=2591&stID=42296].