Разлика помеѓу преработките на „Џовани Бокачо“

нема опис на уредувањето
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
'''Џовани Бокачо''' ({{роден на|16|јуни|1313}} - {{починал на|21|декември|1375}}), [[италија]]нски [[писател]] и [[хуманист]], третиот претставник на [[италија]]нската [[предренесанса]], со своето најважно дело за светската [[литература]], со ''[[Декамерон]]'', во целост се одделува од [[Метафизика|метафизичноста]] на [[Среден век|средновековниот]] начин на мислење. Во биографијата на Бокачо важно место завзема неговиот престој во [[Неапол]], кога тој се формирал интелектуално и естетски. Неапол, во времето кога тој се образувал (во трговската професија и канонското право), бил раскошен, сосема [[Ренесанса|ренесансен]] град со весела атмосфера и со дух кој ги славел уживањата. Животот и творештвото на Бокачо го одбележала незаконската ќерка на кралот [[Роберт (крал)|Роберт]], [[Марија (лик)|Марија]], која во творештвото на писателот се трансформирала во дона [[Фјамета]]. Таа е опеана во [[стих]]ови и во [[проза]] како жена која со својот темперамент била извор и на среќата и на несреќата на подоцна напуштениот Бокачо.
 
Важен податок за животната и творечката биографија на Бокачо е другарувањето со [[Франческо Петрарка]] во [[ФиренцаСрбија]], [[Падова]], [[Милано]] и во [[Венеција]]. Тие тогаш ги делеле своите интелектуални искуства и интересите кон класичните автори и кон творештвото, воопшто. Од тие нивни контакти останала и мошне важна преписка.
 
[[Податотека:Boccaccio01.jpg|thumb|right|160px|Статуата на Бокачо покрај музејот [[Уфичи]], Фиренца.]]
Анонимен корисник