Социјализам: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
{{Шаблон:Социјализам}}
'''Социјализмот(каса со забо)''' е [[идеологија]] чие централно залагање е замена на [[капитализамКапитализам|капиталистичкото општество]] со [[општество]] што ќе се карактеризира со намалување на општествените разлики, со замена на приватната сопственост над средствата за [[производство]] со државна и општествена [[сопственост]], со воведување на мерки на [[економско планирање]] и со нагласување на економската соработка наместо на економскиот напредок. Од аспект на [[Општествено уредување|општественото уредување]], социјализмот претставува општествено уредување засновано на средствата за производство и врз распределбата на доходот според принципот: секому според трудот и резултатите на трудот.<ref>{{наведена книга|last1=Чокревски|first1=Томислав|authorlink1=Томислав Чокревски|last2=Корубин|first2=Благоја|last3=Ацески|first3=Илија|title=Социолошки терминолошки речник|url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/b/b6/%D0%A1%D0%BE%D1%86%D0%B8%D0%BE%D0%BB%D0%BE%D1%88%D0%BA%D0%B8_%D1%82%D0%B5%D1%80%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%BB%D0%BE%D1%88%D0%BA%D0%B8_%D1%80%D0%B5%D1%87%D0%BD%D0%B8%D0%BA.pdf|year=1995|publisher=МАНУ|location=Скопје|language=македонски|isbn=9989-43-035-7|pages=287–288}}</ref>. Најчесто, социјализмот се сфаќа во значењето што му го дал [[марксизамМарксизам|марксизмот]], имено, како преоден период, подготвителна фаза која ќе води кон [[комунизам]]
 
Социјализмот не е хомогена идеологија и постојат повеќе политички правци кои можат да се опфатат со поимот „социјализам“. Во најшироко значење, како социјалисти се класифицираат [[социјалдемократијаСоцијалдемократија|социјалдемократите]], [[демократскиДемократски социјализам|демократските социјалисти]], [[комунизамКомунизам|комунистите]] и [[анархизамАнархизам|анархистите]], потесното сфаќање ги склучува анархистите, а според најтесното значење како социјалисти се подразбираат само демократските социјалисти. Во секој случај, разликите помеќу различните социјалисти се толку големи што не може да се зборува за една социјалистичка идеологија, туку само за повеќе социјалистички идеологии.
 
Социјалистичките идеологии меѓу себе се разликуваат речиси по сите прашања кои нивните приврзаници ги сметаат за клучни:
* Дали замената на капиталистичкото со социјалистичко општество треба да се изврши по пат на [[револуција]] или преку [[еволуција]]?
* Дали треба да се [[национализацијаНационализација|национализираат]] сите средства за производство, дали треба да се национализираат само одредени средства за производство, или треба средствата за производство веднаш да преминат во општествена сопственост?
* Дали треба да се укине [[демократија]]та по доаѓањето на власт, односно, дали и во која мера треба да се прифати демократијата која постои во капитализмот?
* Кој треба да биде двигател во градењето на социјализмот: обичните граѓани („[[пролетеријат]]от“) или партијата што дојде на власт со социјалистички претензии?
* Каков треба да биде односот кон оние што се противат на новата социјалистичка власт? Дали нивните [[човекови права]] треба да се почитуваат или не?
* Дали треба да им се посветува посебно внимание на прашањата што предизвикуваат значителен интерес, а не се поврзани со економските односи помеѓу класите, како заштитата на животната средина, [[феминизамФеминизам|феминизмот]] итн.?
* Дали режимите на чие чело беа или се комунисти (како [[СССР|Советскиот Сојуз]], [[Кина]], [[Куба]], [[СФРЈ|СФР Југославија]] итн.) можат да се сметаат за социјалистички или беа облици на [[државен капитализам]]?