'''Знамето на [[Македонија]]''', службено „'''знаме на Северна Македонија'''“, — државно [[знаме]] на територијата на Републиката, усвоено на [[5 октомври]] [[1995]] година кога се сменило [[Ѕвезда од Кутлеш|етничкото македонско знаме]] по контроверзен политички пат. Знамето е составено од црвена позадина на која има [[Злато|златно]] [[сонце]], добиено од старото македонско знаме. Сонцето е со осум сончеви краци кои се простираат од сончевиот диск со проширување до рабовите на знамето. Сончевите зраци се вкрстуваат по дијагонала, хоризонтала и вертикала. Дијаметарот на сончевиот диск е една седмина од должината на знамето. Центарот на сонцето се поклопува со точката во која се сечат дијагоналите на знамето. Односот на ширината и должината на знамето е еден наспрема два.