Свети Димитрија Солунски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 34:
Знаејќи што го чека, Димитрија му го врачил сиот свој имот на својот верен ученик Луп за да го раздаде на сиромасите и отишол во затворот весел, зашто му претстоело страдање во името на [[Господ]]. Во затворот, нему му се јавил [[ангел]] и му рекол: „Мир на тебе, страдалецу Христов. Биди храбар!“ По неколку дена, царот испратил војници во затворот за да го убијат Димитриј. Војниците го нашле Димитрија во молитва и го избодиле со копјата. Неговото тело тајно го презеле христијаните и чесно го погребале. Преданието вели дека од неговото тело потекло исцелително миро, со коешто многу болни се излечиле. Наскоро, над моштите на св. Димитрија била подигната малечка [[Црква (објект)|црква]]. Еднаш, некој [[Илири|илирски]] војник, Леонтиј, бил болен од неизлечлива болест, но со помош на моштите на Св. Димитрија и со молитва целосно оздравел. Од благодарност, тој му подигнал на Св. Димитрија многу поголема црква, а светителот му се јавил двапати.
 
Подоцна, кога царот [[Јулијан Отпадникот|Јулијан]] сакал да ги пренесе моштите од Солун во [[Цариград]], од гробот скокнале пламени искри и се чул глас: „Застанете и не гибајте!“ И така, моштите на Св. Димитрија останале засекогаш во Солун. Како заштитник на Солун, Св. Димитрија се јавувал многупати,спасувајќи го градот од големи неволји. [[Руси|Русите]] го сметаат и за покровител на [[Сибир]], којшто го освоиле и го присоединиле кон [[Русија]] во [[1581]] година.
 
Култот на св. Димитрија се негува на целиот [[Балкански полуостров]], вклучувајќи ја и [[Македонија]], каде голем број цркви се посветени токму на Св. Димитриј. Во [[2010]] година, св. Димитрија бил прогласен за светец-заштитник на селото [[Зрновци]], а во [[ноември]] [[2014]] година, на плоштадот во селото бил поставен негов споменик, направен од [[бронза]], со височина од 2 м и со тежина од 250 кг.<ref>„Во Зрновци осветен споменик на свети Димитрија“, ''Дневник'', година XVIII, број 5614, вторник, 11 ноември 2014, стр. 17.</ref>