Гостивар: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 150:
 
Овој крај низ целиот неолит бил населен со носителите на културната група [[Анзабегово-Вршник]], која била застапена и во скопскиот регион и Источна [[Македонија]]. Во раниот неолит, сепак, овој крај бил под силно влијание и на неолитскта култура Велушина-Породин од Пелагонија јужно оттука, што се гледа и преку формата на најстариот сочуван жртвеник типот [[‘Големата-Мајка’]] (lat. Magna Mater) пронајдена на овие простори, а откриен близу [[Стенче]]. Доцниот неолит се карактеризира со влијание на [[Винчанската култура]] од север.<ref name="gavro"/>
[[Податотека:Жолтата_куќа_-_Гостивар.jpg|мини|Бегова куќа]]
 
==== Метална Епоха ====
Кон крајот на 4. милениум ст.е., започнуваат првите продори на новите доселеници, степски народи од централна Азија- Индоевропејците, кои уништувајќи и асимилирајќи ја старата неолитска култура создаваат нов енеолитски културен комплекс на Балканот, наречен [[Салкуца-Бубањ-Криводол]]. Траги од ова ново население најдени се и во [[Полог]] (во [[Палчиште]], [[Желино]] итн.). Оваа состојба се стабилизира во средното бронзено време кога се појавуваат првите зачетоци на балканските прото-етничките, а подоцна и пра-етничките заедници. Во овој период започнува и силен продор на материјалните обележја од југ од развиената [[Микенска култура]], што се гледа и преку

еден параден луkсузен бронзен меч пронајден во Тетово, увезен токму од тие микенски центри.
Иако и наредните епохи ќе бида во знак на масовни миграции, сепак [[Железното Време]] се карактеризира со стабилизација, што довело до развој на трговијата. Од овој период датираат и керамичките големи питоси за житарици, пронајдени близу с.[[Ларце]].