Отвори го главното мени

Промени

 
==Расејување==
[[File:WhereRainbowRises.jpg|thumb|150px|alt=A rainbow|Светлината од различни бои има малку поразични показатели во вода и така на тој начин може да се забележат различните местоположби во [[виножито]]то.]]
[[File:Prism rainbow schema.png|thumb|left|alt=|Бел светлиснки сноп расејан во различни бои кога минува низ триаголна призма.]]
[[File:Mplwp dispersion curves.svg|right|thumb|320px|alt=|График на кој се прикажува намалувањето на показателот на прекршување со зголемувањето на брановата должина за различни видови на стакла, засенчаната област е делот на видливата светлина.]]
{{Main|Расејување (оптика)}}
 
Показателот на прекршување се менува и зависи од брановата должина (и [[фреквенција]]) на светлината.<ref name=dispersion_ELPT>R. Paschotta, article on [https://www.rp-photonics.com/chromatic_dispersion.html chromatic dispersion] {{webarchive|url=https://web.archive.org/web/20150629012047/http://www.rp-photonics.com/chromatic_dispersion.html |date=2015-06-29 }} in the [https://www.rp-photonics.com/encyclopedia.html Encyclopedia of Laser Physics and Technology] {{webarchive|url=https://web.archive.org/web/20150813044135/http://www.rp-photonics.com/encyclopedia.html |date=2015-08-13 }}, accessed on 2014-09-08</ref> Оваа појава е позната како расејување и предизвикува [[призма (оптика)|призмите]] и [[виножито|виножитата]] да ја расејат белата светлина во составните спектрални [[боја|бои]].<ref name=hyperphysics_dispersion>Carl R. Nave, page on [http://hyperphysics.phy-astr.gsu.edu/hbase/geoopt/dispersion.html Dispersion] {{webarchive|url=https://web.archive.org/web/20140924222742/http://hyperphysics.phy-astr.gsu.edu/hbase/geoopt/dispersion.html |date=2014-09-24 }} in [http://hyperphysics.phy-astr.gsu.edu/hbase/hph.html HyperPhysics] {{webarchive|url=https://web.archive.org/web/20071028155517/http://hyperphysics.phy-astr.gsu.edu/hbase/hph.html |date=2007-10-28 }}, Department of Physics and Astronomy, Georgia State University, accessed on 2014-09-08</ref> Како што показателот на прекршување се менува со брановата должина, на тој начин ќе се менува и аголот на прекршување како што светлината минува од една во друга средина. Расејувањето исто така е причина за зависноста на [[фокусно растојание|фокусното растојание]] на [[леќа (оптика)|леќите]] од брановата должини. Всушност станува збор за [[хроматска аберација]], која е непожелна и честопати треба да се отстрани кај системите за снимање. Во областите на спектарот каде материјаот не ја впива светлината, показателот на прекршување тежнее да се намалува со зголемувањето на брановата должина, и со зголемувањето на фреквенцијата. Ова се нарекува „нормално расејување“, за разлика од „аномалното расејување“, каде показателот на прекшување се зголемува со зголемувањето на брановата должина.<ref name=dispersion_ELPT/> За видливата светлина ова значи дека при нормалното расејување показателот на прекршување е повисок за сината светлина отколку за црвената.
 
За оптиката при видлива светлина, обемот на расејување на материјалот од кој е изработена леќата, честопати се опишува со употреба на [[Абев број]]:<ref name=hyperphysics_dispersion/>
 
:V=(n<sub>жолта</sub>-1)/(n<sub>сина</sub>-n<sub>црвена</sub>)
 
За попрецизен опис на зависноста на показателот на прекршување од брановата должина, може да се искористи [[Селмајерова равенка|Селмајеровата равенка]].<ref>R. Paschotta, article on [https://www.rp-photonics.com/sellmeier_formula.html Sellmeier formula] {{webarchive|url=https://web.archive.org/web/20150319205203/http://www.rp-photonics.com/sellmeier_formula.html |date=2015-03-19 }} in the [https://www.rp-photonics.com/encyclopedia.html Encyclopedia of Laser Physics and Technology] {{webarchive|url=https://web.archive.org/web/20150813044135/http://www.rp-photonics.com/encyclopedia.html |date=2015-08-13 }}, accessed on 2014-09-08</ref> Станува збор за емпириска равенка која функционира добро при опишувањето на расејувањето. ''Селмајеровите коефициенти'' се честопати во употреба како замена на показателите на прекршување во табелите.
 
Поради расејувањето, важно е да се определи брановата должина во вакуум на светлината за која се определува показателот на прекршување. Вообичаено, мерењата се направени при различни добро определени спектрални [[оддавна линија|оддавни линии]] како на пример, ''n''<sub>D</sub> со кое се означува показателот на прекршување при [[Фраунхоферови линии|Фраунхоферовата]] „D“ линија, центарот на жолтата [[натриум]]ова двојна оддавна линија при бранова должина од 589,29 [[нанометар|nm]].<ref name=FBI>{{cite web |url = https://www.fbi.gov/about-us/lab/forensic-science-communications/fsc/jan2005/index.htm/standards/2005standards9.htm |title = Forensic Science Communications, Glass Refractive Index Determination |publisher = FBI Laboratory Services |accessdate = 2014-09-08 |url-status = dead |archiveurl = https://web.archive.org/web/20140910195815/http://www.fbi.gov/about-us/lab/forensic-science-communications/fsc/jan2005/index.htm/standards/2005standards9.htm |archivedate = 2014-09-10 }}</ref>
 
==Комплексен показател на прекршување==
 
==Поврзано==