Разлика помеѓу преработките на „Санкт Петербург“

Санкт Петербург се јавува како тема и инспирација на бројни дела во уметноста и во популарната култура, како:
* „[[Бадник над Санкт Петербург]]“ - книга на [[Љубомир Јовановски - Кара]].<ref>Магор, ''Каталог 2015''. Скопје, 2015, стр. 23.</ref>
* „Нешто малку за Петербург“ (''Кое-что про Петребург'') - песна на рускиот поет [[Владимир Мајаковски]] од 1913 година.<ref>Владимир Мајаковски, ''Песме и поеме''. Нови Сад: Академска књига, 2015, стр. 12.</ref>
* [[Крајот на Санкт Петербург (филм од 1927)|Крајот на Санкт Петербург]] – советски [[филм]] од 1927 година, во [[режија]] на [[Всеволд Пудовкин]].<ref>Кинотека на Македонија, „Програма - ноември 2015“.</ref>
 
Во својот роман, „[[Злосторство и казна]]“, [[Фјодор Достоевски]] го опишува Санкт Петербург на следниов начин: „Ова е град на полулудите. Кога ние би имале [[наука]], тогаш медицинарите, правниците и [[филозоф]]ите би можеле да извршат над Петроград многу драгоцени истражувања, секој во својата струка. Ретко каде ќе се најдат толку мрачни, остри и чудни влијанија врз душата човечка како во Петроград. Колку само значат климатскиет[[клима]]тските влијанија! Меѓутоа, тоа е административен центар на [[Русија]] и неговиот карактер мора да се одрази на сè.“<ref>Fjodor Dostojevski, ''Zločin i kazna''. Beograd: Rad, 1975, стр. 505.</ref>