Отвори го главното мени

Промени

 
==Микроскопско објаснување==
{{main|Евалд–Осинова придушна теорема}}
Во атомски размери, фазната брзина на електромагнетните брановие намалена во материјалот од причина што [[електрично поле|електричното поле]] создава неврамнотеженост во полнежите на атомите (односно [[електрон]]ите) пропорционално на [[електрична сусцептибилност|сусцептибилноста]] на средината. (Слично, [[магнетно поле|магнетното поле]] создава неврамнотеженост пропорционална на [[магнетна сусцептибилност|магнетната сусцептибилност]].) Како што електромагнетните полиња осцилираат во бранот, полнежите во материјалот ќе бидат „потресени“ напред-назад при истата фреквенција.<ref name = Hecht />{{rp|67}} Па така полнежите ќе оддаваат сопствен електромагнетен бран при истата фреквенција, но вообичаено со [[фаза (бран)|фазно поместување]], како што полнежите ќе се поместат од фазата со силата која ги насочува (Погледајте [[Хармониски треперник#Синусоидна придвижна сила|синусоидално придвижуван хармониски осцилатор]]). Светлосниот бран кој се движи во средината е макроскопската [[принцип на суперпозиција|суперпозицијата]] о сите тие придонеси во материјалот: оригиналниот бран плус брановите оддадени од сите подвижни полнежи. Бранот е вообичаено бран со иста фреквенција но пократка бранова должина од оригиналната, што доведува до намалување на брановата фазна брзина. Поголемиот дел од зрачењето од полнежите на осоцилирачкиот материјал ќе го изменат упадниот бран, менувајќи му ја брзината. Сепак, дел од вкупната енергија ќе биде оддадена во други насоки и дури при други фреквенции (Погледајте [[расејување]]).
 
Во зависност од релативната фаза придвижувачки бран и брановите оддадени од движењето на полнежите, постојат неколку можности:
* Ако електроните оддаваат светлински бран кој е фазно поместен за 90° со светлинскиот зрак кој ги протресува, ќе предизвика вкупниот светлиснки бран да се движи поспоро. Овде станува збор за вообичаеното прекршување низ провидни материјали како што се гасовите или водата, и соодвествува спо показателот на прекршување кој е реален и поголем од 1.<ref name="Feynman, Richard P. 2011">{{cite book | author = Feynman, Richard P. | title = Feynman Lectures on Physics 1: Mainly Mechanics, Radiation, and Heat | publisher = Basic Books | year = 2011 | page = | isbn = 978-0-465-02493-3}}</ref>
* Ако електроните оддаваат светлински бран кој е фазно поместен за 270° со светлинскиот зрак кој ги протресува, ќе предизвика бранот да се движи побрзо. Овде станува збор за т.н. „аномалично прекршување“, и се набљудува близу впивачките линии (вообичаено во инфрацрвеното подрачје), како што е случајот со [[рендгенско зрачење|рендгенското зрачење]] во обичните материјали, исо радиобрановите во Земјината [[јоносфера]]. Соодвествува на [[диелектрична спроводливост]] помала од 1, што предизвикува показателот на прекршување да биде помал од 1 и [[фазна брзина|фазната брзина]] на светлината е поголема од [[брзина на светлината|брзината на светлината во вакуум]] ''c'' (треба да се има во предвид [[брзина на сигнал|брзината на сигналите]] е сепак помала од ''c'', како што е спомнато погоре). Доколку резултатот е доволно силен и фазно поместен, се добива негативна вредност за [[диелектрична спроводливост|диелектричната спроводливост]] и имагинарниот показател на прекршување, како што е забележано кај металите и плазмата.<ref name="Feynman, Richard P. 2011"/>
* Ако електроните оддаваат светлински бран које фазно поместен за 180° со светлинскиот бран кој ги протресува, ќе дојде до поништувачка интерференција со оригиналната светлина и ќе дојде до намалување на вкупната јачина на светлината. Станува збор за [[впивање (електромагнетно зрачење)|впивање на светлината во непровидни материјали]] и соодвествува на [[имагинарен број|имагинарен]] показател на прекршување.
* Ако електроните оддаваат светлински бран кој е во фаза со светлинскиот бран кој ги протресува, ќе дојде до засилување на светлисниот бран. ова е реткост, но се случува кај [[ласер]]ите поради [[стимулирано оддавање|стимулираното оддавање]]. Соодвестува на имагинарен показател на прекршување, со спротивен знак од оној при впивањето.
За повеќето материјали при фреквенции на видливата светлина, tфазата е некаде помеѓу 90° и 180°, што соодвествува на комбинирање на прекршувањето и впивањето.
 
==Расејување==
 
==Поврзано==