Старогрчка митологија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
[[Податотека:Zeus Otricoli Pio-Clementino Inv257.jpg|мини|200п|Биста на [[Зевс]], најдена во [[Отриколи]]]]
{{Грчки мит}}
'''Старогрчка митологија''' — збир од [[мит]]ови и [[легенда|легенди]] на [[стара Грција|старите Грци]] опфаќајќи ги нивните [[бог]]ови и [[херој|херои]], природата на светот и потеклото и значајноста на нивниот [[култ]] и нивните обичаии и обреди. Сите овие нешта биле дел од [[старогрчка религија|религијата на стара Грција]]. Денешните научници со своите основи ги темелат и ги проучуваат митовите во обид да откријат повеќе за религиозните и политичките институции во стара Грција, целокупната цивилизација и да ја разберат природата на самото создавање на митот.<ref name="Helios">{{cite encyclopedia|title=Volume: Hellas, Article: Greek Mythology|encyclopedia=Encyclopaedia The Helios|year=1952}}</ref>
Ред 7:
Најстарите познати старогрчки книжевни извори се епските песни ''[[Илијада]]'' и ''[[Одисеја]]'', кои главно се фокусирани на настаните околу [[Тројанска војна|Тројанската војна]]. Двете поеми од [[Хесиод]], ''[[Теогонија]]'' и ''[[Дела и денови]]'' раскажуваат за настанувањето на светот, наследството на божествените владетели, потеклото на човекот и неговите проблеми. Исто така до денеска се зачувани и митови кои произлегуваат од [[Хомерови химни|Хомеровите химни]], кои се поврзани со митови по поразот на постарите богови, и станувањето на [[Зевс]] како врховен Бог. Изворите за старогрчката митологија се пренесувале од колено на колено, главно по усмен пат.
 
Главните извори за деталите од старогрчката митологија се обезбедуваат од [[археологија]]та, односно со пронаоѓањето на голем број на декоративни артефакти. Пронајдените геометриски дизајни од [[керамика]], кои потекнуваат од [[8VIII век п.н.е.]] даваат сцени од [[тројански период|тројанскиот период]], како и авантурите на [[Херкул]]. Една од најосновните карактеристики на старогрчката митологија е нејзиниот [[политеизам]], односно постоењето на многу богови. Друга карактеристика за боговите е антропоморфната претстава за боговите, односно [[Стара Грција|старите Грци]] своите богови ги претставувале во човечки вид, со човечки особености и карактеристики.
 
== Извори за старогрчката митологија ==
Ред 16:
Митовите околу старогрчката митологија, кои денеска се познати, датираат главно од извори од старогрчката книжевност во т.н. [[гоеметриски стил|геометриски период]], односно во [[900 п.н.е.]] и [[800 п.н.е.]] Митските прераскажувања играле голема улога во секој жанр во старогрчката книжевност.
 
Единственото дело кое успеало да се зачува до денес е книгата [[Библиотека (книга)|Библиотека]]. Книгата најверојатно била напишана во 1 или [[2II век п.н.е.]] Авторството на книгата се препишува на [[Аполодор]], но сепак тоа не е целосно докажано. Целото дело се состоело од четири книги, од кои една била изгубена. Така, првата книга започнува со создавањето на светот, [[Гигантомахија]]та и расказот на [[Девкалион]] а завршува со [[поход на Аргонавтите|походот на Аргонавтите]]. Втората книга започнува со историјата на богот на реките Инах, подвизите на [[Херкулес]], како и список на неговите синови. Третата книга започнува со историјата на [[Агенор]] и критските митови за [[Главк]]. Приодот од [[Тројанска војна|Тројанската војна]] се изгубени. Во целина, оваа книга дава големо резиме на народните митски преданија и херојски легенди<ref name="Hard1">R. Hard, ''The Routledge Handbook of Greek Mythology'', 1</ref>.
 
Меѓу најраните книжевни извори се двата епоса на [[Хомер]], ''[[Илијада]]та'' и ''[[Одисеја]]та''. Се смета дека постоеле голем број на епоси од ова време кои во текот на историјата исчезнале. И покрај своето традиционално име, [[Хомерови химни|Хомеровите химни]] немаат директна врска со [[Хомер]]. Хомеровите химни претставуваат хорски химни кои произлегуваат од т.н. [[Лирика|Лирскиот период]]<ref name="Miles7">Miles, ''Classical Mythology in English Literature'', 7</ref>.
Ред 22:
[[Хесиод]] (живеел во околу [[700 п.н.е.]]) се смета дека бил еден од најстарите старогрчки поети кои имале некаков придонес кон создавањето на старогрчките митови. Во минатото, голем број на истражувачи спореле околу тоа кој е постар, [[Хомер]] или [[Хесиод]], за да се докаже дека Хомер живеел години пред Хесиод. [[Хесиод]] е автор на [[Теогинија]] (''Потекло на Боговите'') и [[Каталог на жените]]. Овие записи биле едни од најстарите народни митови, кои се занимаваат со создавање на светот, потеклото на боговите, [[Титани]]те и слично. Во Теогинија, тој го претставил создавањето на светот преку [[Хаос]]от, [[Геја (митологија)|Геја]] (''Земјата''), [[Ерос]] и.т.н. Хесиод исто така ги вклучил и митовите за [[Прометеј]], [[Пандора]] и.т.н.
 
Систематизацијата на старогрчките митови свое потекло води од почетокот на [[6VI век п.н.е.]] од т.н. [[логограф]]и, автори на историски дела, најпознати од кои се [[Ферекид]], [[Акусилај]] и [[Тукидид]] ([[5V век п.н.е.]]). Овие дела оставиле траги во трагедиите на големата „тројка“ драматурзи-трагичари на класична [[Атина]], [[Есхил]], [[Софокле]] и [[Еврипид]], како и во комедиите на [[Аристофан]]. Критички и со недоверие кон митологијата се однесувале во преден план [[Софизам|Софистите]] и [[Ксенофан]], во времето на [[Пелопонеска војна (431 п.н.е. - 404 п.н.е.)|Пелопонеската војна (431 п.н.е. - 404 п.н.е.)]]. Други позначајни лирски поети од ова време се [[Пиндар]], [[Симонид]], [[Теокрит]] и [[Бион]]. [[Старогрчки театар|старогрчкиот театар]] исто така има голема улога во создавањето на митовите.
 
Други извори за старогрчката митологија се:
Ред 30:
=== Археолошки извори ===
[[Податотека:RomanVirgilFolio014rVergilPortrait.jpg|thumb|[[Вергилиј|Вергилиев]] ракопис]]
[[Податотека:Iliad VIII 245-253 in cod F205, Milan, Biblioteca Ambrosiana, late 5c or early 6c.jpg|thumb|"Илијада", Книга VIII, 245-53, старогрчки ракопис, кон крајот на 5-ти и почетокот на 6VI век по Христа.]]
 
Откривањето на [[Микенска цивилизација|Микенската цивилизација]] од страна на германскиот аматерски археолог [[Хајнрих Шлиман]] во [[19XIX век]], и откривањето на [[Минојска цивилизација|Минојската цивилизација]] на [[Крит]] од страна на британскиот археолог [[Артур Еванс]] во [[20XX век]], помогнало да се објаснат голем број на прашања во врска со Хомеровите епови и голем број на детали кои се поврзани со митолошките богови и јунаци.
 
[[Хајнрих Шлиман]] решил да се посвети целосно кон откривањето на [[Троја]], верувајќи дека [[Илијада]] на [[Хомер]] не е само мит. Во тоа време, историчарите и археолозите тврдиле дека Троја не постои, а дел од нив се сомневале дури и во [[Хомер]] и неговата Илијада. Во [[1873]] година, тој на бреговите во [[Мала Азија]] открил голем комплекс, во [[1876]] година открил големи гробници во [[Микена]]. Шлиман сметал дека предметите не датираат од времето на Тројанската војна, туку од многу порано. Последните спроведени анализи докажале дека раскопувањата на Шлиман на вториот и третиот слој од градот не припаѓаат на времето од [[Тројанска војна|Тројанската војна]], туку предметите припаѓале на некој цар кој живеел илјада години пред [[Пријам]]. Така било докажано дека [[Троја]] не била откриена.
Ред 38:
Делото на Шлиман делумно било продолжено од страна на англискиот професор [[Артур Еванс]] кој во периодот од [[1900]] до [[1913]] година го открил замокот [[Кносос]] на островот [[Крит]]. Еванс ја проучувал [[Микена]], и претпоставувал дека микенската култура води потекло од [[Крит]]. По ослободувањето на островот од страна на [[Отоманската Империја]], Еванс започнал со ископувања.
 
Геометриските дела од [[керамика]], кои биле актуелни во [[8VIII век п.н.е.]] дале неколку сцени од тројанскиот циклус, како и авантурите на [[Херкул]].<ref name="Br">{{cite encyclopedia|title=Greek Mythology|encyclopedia=[[Encyclopaedia Britannica]]|year=2002}}</ref>Овие визуелни претстави на старогрчките митови се важни од две причини. Првата причина е тоа што многу старогрчки митови биле прикажани на керамички вазни, порано отколку во книжевен вид. Од дванаесетте подвизи на Херкул, само "[[Кербер]]" се случува во книжевен вид<ref name="HomerIliad366-369">Homer, ''Iliad'', 8. An epic poem about the Battle of Troy. [http://archive.is/20120526194909/http://www.perseus.tufts.edu/cgi-bin//ptext?doc=Perseus:text:1999.01.0134&layout=&loc=8.366 366–369]</ref> Освен тоа, голем број на такви визуелни извори не биле прикажани никогаш во книжевен вид. Во архаичниот (околу 750- 500 п.н.е.), класичниот (480 -323 н.е.), и хеленскиот период (323-146 п.н.е.) започнал процесот на почесто книжевно претставување на сцените од старогрчката митологија<ref name="Br" />
 
== Истражување на митската историја ==
 
Грчкото толкување на боговите со текот на времето започнало да се менува, со цел да се приспособи кон [[култура]]та на [[еволуција]]та. На пример, додека митовите за љубовни врски помеѓу машки богови и машки ликови се појавувиле дури кон средината на архаичниот период, веќе кон последната третина на [[7VII век п.н.е.]], такви митови станале сè почести. Сите богови, со исклучок на [[Арес]], на крајот се здобивале со свои љубени момчиња, и на тој начин биле правени голем дел од хероите во старогрчката митологија. Еден од најпознатите такви ликови е митот за [[Херкулес]]. Пред тоа постоеле митови за љубов помеѓу мажи, како онаа меѓу [[Ахил]] и [[Патрокле]]<ref name="Percy">W.A. Percy, ''Pederasty and Pedagogy in Archaic Greece'', 54</ref>. Во денешно време овие линкови се сметаат само како хомоеротични.
 
Во [[5V век п.н.е.]] започнала да се зголемува писменоста помеѓу луѓето, како и развивање на нивната логика. Со ова започнала и кризата во старогрчкото општество. Најголема жртва на таа криза станал [[Сократ]]. Од друга страна, неколку радикални филозофи како [[Ксенофан]] на пример, од [[6VI век п.н.е.]] започнале расказите на поетите да ги толкуваат како богохулни лаги. Овој ред на мисли нашле најголем израз во делата "[[Република (Платон)|Република]]" и "[[Закони (Платон)|Закони]]" на [[Платон]]. Во [[5V век п.н.е.]] трагичарот [[Еврипид]] често пати се исмејувал со старите традиции. [[Еврипид]] од друга страна пак давал остра критика кон односот на боговите кон човекот.
 
Скептицизмот во класичниот период бил поизразен во т.н. [[еленистички период]]. Митографот [[Евхемер]] тврдел дека историите за боговите биле само спомени на збунетите антички цареви. И покрај тоа што делата на [[Евхемер]] се изгубени, сепак интерпретацијата на неговиот стил земал замав кај [[Диодор Сицил]].
Ред 72:
 
=== Старогрчки пантеон ===
[[Податотека:Olympians.jpg|мини|десно|200px|Дванаесетте олимписки богови од [[Николас-Андре Монсје|Монсје]], датира од [[18XVIII век]].]]
Според класичната митолошка ера, по победата над Титаните биле потврдени новите богови и божества над земјата. Врховен старогрчки бог, кој живеел на планината [[Олимп]] бил [[Зевс]], бог на небото и громот. Бројот на главните богови на планината [[Олимп]] бил дванаесет. Сепак, се смета дека ограничувачкиот број дванаесет, бил наметнет од страна на посовремените истражувачи на митот.<ref name="Stoll8">H.W. Stoll, ''Religion and Mythology of the Greeks'', 8</ref>Освен Олимписките богови како главни, постоеле и други, како [[Пан (митологија)|Пан]], кој бил бог на пасиштата, и кој бил роден со нозе на коза. [[Нимфа|Нимфи]] биле убави женски божества кои живееле во природата. Постоеле нимфи на планините, на реките, на шумите, на изворите и на дрвјата. Најпозната нимфа била [[Ехо (митологија)|Ехо]]. Според митот за неа, таа била казнета од божицата [[Хера]] поради нејзиното лукавство. Ехо ја занимавала Хера со многу разговори, сѐ со цел да му овозможи на [[Зевс]] да им се додворува на другите нимфи. Кога Хера го открила тоа, ја казнила никогаш да не проговори, туку само да ги повторува звуците што ке ги слушне. Нејзиното име Ехо и денес го означува поимот одглас, што го слушаме кога сме во планините.
 
Ред 98:
Според митот, [[Херкулес]] бил син на [[Зевс]] и смрттната [[Алкамена]], внука на [[Персеј]].<ref name="BrHer">{{cite encyclopedia|title=Heracles|encyclopedia=Encyclopaedia Britannica|year=2002}}</ref>Најпознат е по своите дванаесет херојски дела. На само осумнаесет години го направил своето прво херојско дело, убивајќи го [[Немејски лав|Немејскиот лав]]. Оваа задача на Херкул му била дадена од страна на царот [[Евристеј]]. Второто херојско дело е убивањето на [[Лернејска хидра|Лернејската хидра]] (тело на змија и девет глави на дракон), па следувале заловувањето на Керинската кошута и Еримантската дива свиња, заробувањето на Критски бик, убивањето на Стимфалиските птици, победата на тројанскиот цар [[Диомед]], земањето на коланот на Хиполита и.т.н.
Херкул учествувал во [[Тројанска војна|Тројанската војна]] на страната на [[Спарта]]нците. Херкул бил почитуван и во етрурската и римската митологија. Кај старите Римјани тој бил познат под името ''Херкелер'' или ''Хераклеис''<ref name="Burkert211">W. Burkert, ''Greek Religion'', 211</ref>. Во [[Италија]] му се поклонувале како бог на трговијата, а му биле носени и подароци за спасување на човештвото од разни видови опасности.<ref name="BrHer">{{cite encyclopedia|title=Heracles|encyclopedia=Encyclopaedia Britannica|year=2002}}</ref>Легендите поврзани во врска со Херкул биле пренесени во [[Рим]] преку старогрчките колонии, бидејќи во [[6VI век п.н.е.]] Херкул претставувал значаен сегмент во етрурскиот пантеон. И во римската и во [[етрурска митологија|етрурската митологија]], тој бил поистоветуван со богот на војната.<ref name="мит">Цермановиќ-Кузмановиќ, А. & [[Драгослав Срејовиќ|Срејовиќ, Д]]. 1992. Лексикон религија и митова. Савремена администрација. Београд.</ref>
 
==== Персеј ====
Ред 119:
[[Податотека:J G Trautmann Das brennende Troja.jpg|мини|десно|250px|Пропаѓањето на Троја]]
 
Грчката митологија кулминира со започнувањето н Тројанската војна помеѓу [[Грци]]те и [[Троја]]нците. Оваа епопеја е напишана во делото на [[Хомер]], [[Илијада]]. Содржинската основа на епопејата ја сочинуваат настани од времето на Тројанската војна, што се случила во периодот од [[13XIII век п.н.е.|XIII]] до [[12XII век п.н.е.]] Според митот за Tројанската војна, [[Парис]], синот на тројанскиот цар [[Пријам]], ја грабнал [[Елена Тројанска|Eлена]], жената на спартанскиот цар [[Mенелај]], и ја однел во родниот град [[Илион]] ([[Троја]]). Сите старогрчки јунаци од одделни полиси на чело со [[Агамемнон]], царот на Арг, се кренале против ова нечесно дело на Парис за да му се одмаздат. Така почнала војната што траела десет години. За заповедник на старогрчката (ахајската) војска бил поставен [[Агамемнон]]. Настаните за кои се раскажува во „[[Илијада]]” се случиле во последната, десетта година од војната.
 
Според старогрчката митологија, [[Зевс]] станал врховен бог откако го победил својот татко [[Крон (митологија)|Крон]]. Претходно, власта Крон ја зел од својот татко [[Уран (митологија)|Уран]]. Зевс разбрал дека според тој распоред, неговата власт повторно би требало да биде одземена од страна на некој од неговите синови. Според една друга легенда, морската нимфа [[Тетида]], со која [[Зевс]] имал врска, родила син, кој ќе биде поголем и од својот татко. Главно поради ова, [[Зевс]] наредил таа да биде омажена за Пелеј, од кого се родил [[Ахил]]. За новиот херој било претскажано дека ќе умре млад во [[Троја]]. За да го зачува своето бебе, [[Тетида (митологија)|Тетида]] го потопила своето бебе во водите на [[Стикс (митологија)|Стикс]], правејќи го многу силен. Но единственото место кое не било потопено во водата било неговата пета, односно местото каде Ахил бил држан во водата. На свадбата на Пелеј и Тетида биле поканети сите богови, со исклучок на [[Ерида (митологија)|Ерида]]. Повредена од ова, <ref>[[Хигин]], Фабула 92</ref> таа невидливо пуштила под масата едно златно јаболко, на кое пушувало ''Kallisti'' (''На најубавата'')<ref>[[Аполодор]], [[Митска библиотека]], Е, III 2</ref>Кога јаболкото било видено, за него започнал спор помеѓу [[Хера]], [[Атина]] и [[Афродита]]. Никој од останатите богови не знаел за кого е јаболкото наменето. За да го разреши проблемот, Зевс му наредил на Хермес да ги однесе трите божици на планината Ида, место каде се наоѓал младиот принц на [[Троја]], Парис. Тој таму бил заточен бидсејќи постоело предание дека тој ќе ја опожари Троја. Така на Парис требало да го реши спорот. Божиците се обидиле да го поткупат на Парис. [[Атена]] му ја обеќала мудроста и можноста да стане еден од најголемите херои во тоа време. [[Хера]] му обеќала политичка власт и контрола над територијата на цела [[Азија]]. [[Афродита]] пак му ја обеќала љувовта на најубавата жена на светот.<ref>[[Хомер]], "[[Илијада]]", XXIV 25-30</ref>Парис јаболкото го дал на [[Афродита]], и се вратил во [[Троја]]. Со ова негово решение, тој ги претворил [[Хера]] и [[Атена]] во негови најголеми непријатели. Како резултат на тоа, во Тројанската војна Хера и Атина ги подржиле [[Грци]]те, а Афодита [[Троја]]нците. Откако го зел своето решение, Парис отишол на гости кај Менелај и со помош на Афродита ја убедил на убавата Елена да стане негова сопруга<ref>[[Аполодор]], Епитом III 3</ref>. Ова било и повод за започнувањето на Тројанската војна.
Ред 144:
Во текот на антиката, историчари како [[Херодот]] сметале дека старогрчките богови биле присвоени од страна на [[египетска митологија|египетските]]. Подоцна, христијанските писатели се обиделе да го објаснат елинистичкиот [[паганизам]] преку деградацијата на библиската религија. Од тоа време, науките [[археологија]] и јазици се користат во изучувањето на потеклото на старогрчката митологија, со некои интересни резултати. Историската лингвистика покажува дека одредени аспекти од старогрчкиот пантеон биле наследени од индоевропското општество (или можеби двете култури го позајмиле овој модел од некој друг) како во случајот со корените на [[грчки јазик|грчкиот јазик]]. На тој начин на пример името [[Зевс]] е сродно на латинското [[Јупитер]], санскритскиот [[Диау]] и германскиот [[Тир]], при кое Уран е [[Варун]] на [[санскрит]]. Во други случаи, блиски паралели во природата и функцијата нудат слично наследство, но поради недостатокот на јазични свидетелства, тешко можат да бидат докажани. Археологијата и митографијата од друга страна пак откриле дека старите Грци биле инспирирани од некои малоазиски цивилизации и цивилизации од [[Блиски Исток|Блискиот Исток]]. [[Кибела]] често пати била употребувана во старогрчката митологија, и поистоветувана со Реја. [[Афродита]] пак била поистоветувана со семитските божици [[Иштар]] и [[Астарта]].
 
Во околу [[5V век п.н.е.]], надприродните сили од страна на некои историчари на пример, започнале да се одбегнуваат. Ова е пример со [[Тукидид]]<ref name="Griffin80">J. Griffin, ''Greek Myth and Hesiod'', 80</ref>, кој бил историчар и автор на [[Историја на Пелопонеската војна]]. Тукидид се смета за татко на „''научната историја''“ поради неговите строги стандарди и анализи на причините и последиците, без никакво споменување на интервенции од боговите во неговиот труд.<ref>Cochrane, p. 179; Meyer, p. 67; de Sainte Croix.</ref>Додека старогрчките драматурзи и поети се обидувале да ги преработат митовите, старогрчките историчари и филозофи започнале истите да ги критикуваат.<ref name="Miles7">G. Miles, ''Classical Mythology in English Literature'', 7</ref>
Неколку радикални филозофи како [[Ксенофан]], започнале во своите песни да ги критикуваат [[Хомер]] и [[Хесиод]], бидејќи на боговите им препишувале криминални особини, знаци на прељуба, крадење, лажање.<ref name="Graf169-170">F. Graf, ''Greek Mythology'', 169–170</ref> . Според [[Ксенофан]], луѓето своите богови ги креирале според сопствената си претстава, како што животните би ги опишувале боговите доколку би можеле да цртаат. Така, според него воловите, коњите и лавовите доколку би биле способни да сликаат, секој од нив би ги претставил боговите во својот лик - воловоте како волови, коњите како коњи, и.т.н. Ова најмногу дошло до израз во делото на [[Платон]], [[Држава (Платон)]]. Платон создал свои алегорични митови (како на пример митот за [[Ир]]) напаѓајќи ги митовите поврзани со кражбите на митолошките богови. Освен тоа, тој се противел и на нивната централна улога во книжевноста.<ref name="Miles7" />
 
Ред 151:
[[Податотека:Júpiter y Tetis, por Dominique Ingres.jpg|thumbnail|right|180px|Јупитер, крал на боговите.]]
 
Римската митологија била главно заснована на старогрчката и [[Етрурска митологија|етрурската митологија]]. Во раната историја на [[Римска република|Римската Република]] биле увезени странски богови, особено од [[Грција]], кои извршиле големо културно влијание врз Римјаните. Покрај ова, Римјаните ги поврзувале своите домашни божества со старогрчки те богови и божици. Како што римјаните сè повеќе контактирале со Грците, влијанието на старогрчката религија започнало сè повеќе да се чувствува. Римските богови се поистоветувале, а некогаш и синкретизирале со старогрчки богови. Така [[Јупитер (бог)|Јупитер]] бил сметан за исто што и [[Зевс]]. [[Марс (бог)|Марс]] за [[Арес]] и [[Нептун (бог)|Нептун]] за [[Посејдон]]<ref name="Gale88">M.R. Gale, ''Myth and Poetry in Lucretius'', 88</ref>. Се разбира, вистината е дека Јупитер имал изразени италски особини кои Зевс ги немал, и Јунона ја задржала нејзината етрурска воздржаност исто толку колку што примила од [[Хера]]. Грешка е да се мисли дека римските богови сосема се асимилирале со старогрчките, иако тие навистина биле поврзувани со нив. Пренесувањето на антропоморфните особини од старогрчките на римските богови, и распространетоста на старогрчката филозофија меѓу образуваните римјани, донеле сè поголемо запоставување на старите обичаи. Во [[1I век п.н.е.]] религиозната важност на старите свештенички функции рапидно се намалила, иако нивното граѓанско и политичко значење останало големо. Римската религија за време на царството имала тенденција да се концентрира на царската власт; неколку императори биле водигнати до степен на божество по нивната смрт.
 
Главната причина за забрана или уништување на римската или старогрчката митологија е ширењето на [[христијанство]]то.