Старогрчка митологија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 5:
Грчката митологија отелотворува јасност во огромна колекција стории и безрезервност во реалистични уметности, како сликање на вази и заветни подароци. Старогрчкиот мит го објаснува потеклото на светот и во детали ги опишува животите и авантурите на мноштво богови, божици, херои, хероини и други митолошки суштества. Овие вредности отпрвин биле распространти низ усна традиција; денес старогрчките митови пред сè се познати од [[старогрчка книжевност|старогрчката книжевност]].
 
Најстарите познати старогрчки книжевни извори се епските песни ''[[Илијада]]'' и ''[[Одисеја]]'', кои главно се фокусирани на настаните околу [[Тројанска војна|Тројанската војна]]. Двете поеми од [[Хесиод]], '''[[Теогонија]]''' и ''[[Дела и денови]]'' раскажуваат за настанувањето на светот, наследството на божествените владетели, потеклото на човекот и неговите проблеми. Исто така до денеска се зачувани и митови кои произлегуваат од [[Хомерови химни|Хомеровите химни]], кои се поврзани со митови по поразот на постарите богови, и станувањето на [[Зевс]] како врховен Бог. Изворите за старогрчката митологија се пренесувале од колено на колено, главно по усмен пат.
 
Главните извори за деталите од старогрчката митологија се обезбедуваат од [[археологија]]та, односно со пронаоѓањето на голем број на декоративни артефакти. Пронајдените геометриски дизајни од [[керамика]], кои потекнуваат од [[8 век п.н.е.]] даваат сцени од [[тројански период|тројанскиот период]], како и авантурите на [[Херкул]]. Една од најосновните карактеристики на старогрчката митологија е нејзиниот [[политеизам]], односно постоењето на многу богови. Друга карактеристика за боговите е антропоморфната претстава за боговите, односно [[Стара Грција|старите Грци]] своите богови ги претставувале во човечки вид, со човечки особености и карактеристики.