Солница: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 4:
 
== Преглед ==
Една солница се образува со испарувањето на [[вода]] од [[езеро]] или [[бара]]. Ова се случува во мошне сушни предели, каде [[испарување]]то на водата е поголемо од количеството на [[врнежи]]. Тука водата нема можност да се исцеди во земјата, па останува на површината додека не испари, оставајќи талози од минералите [[раствор]]ени во водата. Со текот на илјадници години овие соли се таложат во дебел слој, наречен и „дебела земја“.<ref>{{дрмј|солница}}</ref>. Минералите ја одбиваат сончевата светлина, што му даваат сјајно бела боја на пределот.
 
Некои солници можат да бидат опасни. Кората може да крие [[блато|блатиште]] од [[кал]] во кое се заглибуваат потешките возила. Познат пример за ваков предел е депресијата [[Катара]] во источна [[Сахара]], чии прикриени блатишта послужиле како стратешки препреки за време на [[Втора светска војна|Втората светска војна]].<ref>Jorgensen, C. (2003). ''Rommel's panzers: Rommel and the Panzer forces of the Blitzkrieg, 1940-1942'' (стр. 78–79). St. Paul, MN: MBI.</ref>
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Солница