Змејови во грчката митологија: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Нова страница
(нема разлика)

Преработка од 19:23, 6 октомври 2019

Змеeвите играат значајна улога во грчката митологија.

Борба на Кадмус со змеј

Потекло

За потеклото на зборот "змеј" сретнуваме 2 теории, една тврди дека доаѓа од грчкиот збор drakōn, а втората тврди дека произлегува од поим кој го користел Хомер "δέρκεσθαι", што означува "посебен поглед", означувајќи го необичниот сјај во змејските очи. Античките Грци го применувале терминот за големи змии.

Даниел Огден смета дека има три начини да се објасни потеклото на грчките митови за змејот, првата дека е реконструкција од индо-европска митологија, втората како адаптација од митологијата на блискиот исток, а третата дека произлегува од некоја специфична митологија. Во врска со првата теорија, Огден тврди дека таа не е веродостојна. За него само митологијата од блискиот исток е веродостојна.

Листа на змееви

Тајфун

Тајфон бил најстрашното суштество во грчката митологија. Последниот син на Гаја, Тајфун, заедно со неговиот пријател Ехидна, бил татко на многу други суштества. Најчесто, го замислувале како човек од половината нагоре, а како змија од половината надолу.

Лејден

Лејден претставувал змеј кој наликувал на змија. За Лејден се сметало дека има сто глави. Тој бил евентуално убиен од Херакле. После неколку години, Аргонаути поминувале покрај истото место каде што змејот бил убиен, поминувајќи го слушнале плачот на „сјајниот“ Агил, еден од Хасперидесите, додека до него го забележале Лејден. Ова суштеството е поврзано со со coѕвездието Драко.

Лернаева хидра

Лернаевата хидра претставувала водна змија со отровен здив, крв и канџи, ќерка на Тајон и Ехидна. За суштеството се смета дека има некаде помеѓу 5 и 100 глави, иако повеќето извори кажуваат дека има помеѓу седум и девет. За секоја отсечена глава, уште една или две растеле на нејзиното место. Имала бесмртна глава која ќе останела жива откако ќе била отсечена. Некои извори тврдат дека бесмртната глава била направена од злато. Живеела во мочуриште близу Лерна и честопати го тероризирала градското население сè додека не била убиена од Херакле, кој и ги отсекол главите, со помош на неговиот внук Јолаус. Хера пробал да и помогне на хидрата прајкајќи џиновски рак кој требал да му го одвлече вниманието на Херакле, но тој едноставно го смачкал под ногата.Во чест на ракот,Хера го создал соѕвездието рак. По смртта на хидрата, Херакле ја закопал нејзината глава под карпа, а неговите стрели ги натопил во крвта на суштеството за да ги направи фатални за неговите непријатели.

Питон

Во грчката митологија питонот претставувал земски змеј на Делфи. Тој секогаш бил претставен на сликите како змија. Различни митови тврделе дека тој има два пола, машки и женски. Питонот бил хетонскиот непријател на Аполо, кој подоцна го убил.

Постојат различни верзии за раѓањето и смртта на Питон во рацете на Аполо. Најрано, Хомерската химна до Аполо, дала малку детали за борбата на Аполо со змијата или нејзиното родителство. Верзијата поврзана со Хигинус тврди дека кога Зевс бил заедно со божицата Лето, која требала да ги испорача Артемида и Аполо, Хера го испратил Питонот да ја гони низ целата земја, за да не може да ги испорача. Така кога новороденчето пораснало, почнал да го прогонува питонот, следејќи го до планината Парнасус каде што живеел. За да се осигура дека суштеството нема да прави повејќе проблеми, тој се осмелил да навлезе во светиот предел и да го убие со помош на неговите стрели, покрај престолот на божицата. После овој настан, божицата која владеела во Делфи била позната како Питија, по местото Питон, кое го добило името по трупот на суштеството, откако било убиено.

Колхски змеј

Познат како Drakôn Kolkhikos. Оваа неизмерна змија, била дете на [[Тајфон] ] и Ехидна, која го чувала Златното руно на Колхис. Се кажувало дека никогаш не спие. Според Овид, суштеството ималo три јазици. Кога Џејсон отишол да го земе руното, вештерката Медеја со помош на нејзината магија го присилила суштеството да заспие, за да му овозможи на Џејсон да го земе златното руно.

Змеевите на Хелиос

Според Аполодорус, богот на сонцето Хелиос имал кочија, која била влечкана од страна на „крилести змееви“. Подоцна оваа кочија и ја предал на својата внука Медеја.

Скитски дрејко

Претставуал жена од половината нагоре, а надолу имал опашка од змија наместо нозе. Кога Херакле патувал низ Скитија заедно со говедата на Герион, тој одлучил да преспие, во времето кога тој спиел, суштеството одлучило да украде дел од стадото. Кога Херакле се разбудил тој пробувал да го најде делот од стадото кој фалел, ги посетил сите делови на земјата, за накрајот да дојде до земјата наречена Хилеја суштеството го пронашол во пештера, исто така дознал дека била кралица на тој предел. Таа инсистирала да се спријатели со Херакле, пред тој да се врати.