Разлика помеѓу преработките на „Дебар“

Додадени 589 бајти ,  пред 10 месеци
нема опис на уредувањето
с
 
== Историја ==
Населувањето на [[Словени|Словените]] во Дебарската област се случува во VII и VIII век. Географските и топографските номенклатури говорат од XVII и XVIII век говорат дека Дебарската област била населена со словенско население. Така од 122 називи на селата во [[Дебарско]], 103 носат словенски имиња, додека другите 19 имаат турски називи. До навлегувањето на [[Турци|Турците]] словенското и албанското население во Дебарскатадебарската област било [[христијанско]]. Но оттогаш започнува исламизирањето. Веројатно во почетокот ова исламизирање се вршело по барање на самото месно население. Тоа било предизвикано од чисто економски причини - зачувување на имотите, неплаќање даноци и добивање на разни други привилегии што им ги давала турската власт на муслиманите.
 
Општото движење на македонското население од селата во градот е забележано од XVII век наваму. Ова е предизвикано од честите зулуми и засилените грабежи, Најголеми иселувања се забележани од селата на Два Брата Планина. Меѓутоа, Дебар особено нараснува околу средината и при крајот на XIX век.
 
Турскиот патописец Хаџи Калфа во првата половина на 17 век во својата патописна белешка за Дебар вели: „Дибре е оддалечен од Цариград (Истанбул) седумнаесет дена одење пеш и се наоѓа меѓу Калкандела (Тетово), Кирчова (Кичево) и Охрид“<ref>Македонските градови во турско време, Зоран Сенев, Киро Герасимов, Кочани, 2004, стр.25</ref>
 
Во 1832 година се воведува задолжителен данок - „бедел“ за христијанското население. Тоа доведува до исламизирање на многу христијански семејства. Во тоа време станале големи преместувања од селата кон Дебар и понатаму. Ова преместување продолжува низ целиот XIX век. На местото на македонското население се населувале [[Албанци]]. Отаде во дебарските говори се среќаваат многу албански зборови. Многу македонски фамилии доселени во Дебар си ги зачувале своите семејни имиња по селата од каде што дошле, како на пример ''Кочишки'', ''Броштички'', ''Осолнички'', ''Банишки'', ''Раички'', ''Макеларски'', ''Обочки'', ''Радоешки'', ''Отиштански'' и др.