Корпоративна култура: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нова страница
 
дополнување
 
Ред 1:
'''Корпоративната култура''' го претставува начинот на однесување на вработените во [[организација]]та во насока на остварување на нејзината визија, цели и мисија. Корпоративната култура се состои од вредносни принципи врз кои се заснова однесувањето на вработените во организацијата. Таа е еден од факторите кои влијаат врз можностите на организацијата да спроведе иновативни работни процеси и да ги мотивира вработените.<ref>Катерина Бошевска, „Корпоративната култура клучен придонес кон успехот на една компанија“, ''Економија и бизнис'', година 21, број 253, септември 2019, стр. 64.</ref>
 
Според Роберт Е. Квин и Ким. С. камерон, постојат четири типа корпоративна култура:<ref>Катерина Бошевска, „Корпоративната култура клучен придонес кон успехот на една компанија“, ''Економија и бизнис'', година 21, број 253, септември 2019, стр. 65-66.</ref>
# семејна - таа се заснова врз менторски пристап, негување на одностите и „правење на нештата заедно“,
# флексибилна (неформална) - овој тип е динамички и [[Претприемништво|претприемнички]] со фокус врз преземање [[Ризик|ризици]], иновации и „правење на нештата први“,
# пазарна - ориентиран кон резултати со фокус врз [[конкуренција]]та и „постигнување на завршена работа“,
# хиерархиска - овој тип е структуриран и контролиран со фокус врз ефикасност, стабилност и „правење на нештата правилно“.
 
== Наводи ==