Подемот и падот на Паркинсоновата болест: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Содржина: дополнување
→‎Содржина: дополнување
Ред 3:
==Содржина==
Романот се состои од четири дела:
* ''Павел Кузмич Касаткин, Morbus parkinsoniParkinsoni - Предговор'': Демјан Ловрјевич Паркинсон, творецот на една страшна [[болест]], умрел во еден логор во [[Колима]], во 1947 година. По [[перестројка]]та, тој бил рехабилитиран, а историчарот Ф. Р. Вознесенски го истражувал [[архив]]от на тајните служби со намера да ја реконструира [[биографија]]та на Паркинсон. По неколкугодишна напорна работа, тој постепено почнал да се однесува необично - јадел [[хартија]], спиел со [[Свиња|свињите]] итн. Притоа, тој открил дека Паркинсон бил поврзан со атентатот врз Ленин и дека работел напорно со цел да ја предизвика светската војна. Под влијание на истражувањето, Вонзесенски се преженил, дал отказ од работата и се заразил од паркинизмот и почнал да организира [[Тероризам|терористички]] напади ширум [[Русија]]. Додека Вознесенски го истражувал архивот, него го следел агентот на тајната служба, Кузмич Касаткин, кој дошол до ракописот на Вознесенски, го умножил и им го понудил на издавачките куќи.<ref>Svetislav Basara, ''Uspon i pad Parkinsonove bolesti''. Beograd: Dereta, 2011, стр. 7-27.</ref>
* ''Инфекција'': Првите симптоми на болеста Паркинсон ги добил во 1884 година и тогаш започнал да ја проучува. За таа цел, тој отпаувал во Тибет, а во неговата вила во Митрофановска почнале да доаѓаат познати луѓе, како: [[Достоевски]], Лу Саломе, [[Распутин]] итн. Тој, пак го посетил [[Толстој]] со намера да го придобие кон своите идеи, но неговата посета завршила со неуспех. Откако објавил книга за [[Мистицизам|мистикот]] [[Јакоб Беме]], во [[Москва]] се појавила секта која го ширела паркинсонизмот. Иако [[Ерес|еретиците]] биле протерани во [[Сибир]], наскоро неговите идеи се прошириле во [[Кина]], а потоа и ширум [[Европа]]. Тогаш, царската власт го уапсила татко му и го протерала во Сибир, а Паркинсон заминал во [[Турција]]. Подоцна, тој го објавил своето најважно дело, неговите идеи станале општоприфатени, тој го наговорил [[Кемал Ататурк|Кемал Паша]] да ја започне [[Младотурска револуција|Младотурската рволуција]], неговите приврзаници во [[Србија]] извршиле [[Државен удар|државен удар]], на првиот меѓународен конгрес била донесена тајна одлука да се започне [[Прва светска војна|светска војна]], а Паркинсон ја објавил статијата „Историјата на мојата болест“.<ref>Svetislav Basara, ''Uspon i pad Parkinsonove bolesti''. Beograd: Dereta, 2011, стр. 29-75.</ref>
* ''Инкубација'': Во 1905 година, Паркинсон го запознал [[Сталин]] кој под влијание на паркинсонизмот му пристапил на [[револуционер]]ното движење. Во едно списание излегол наводниот одговор на Достоевски на обвинувањата во „Историјата на мојата болест“. Паркинсон објавил делови од своето најважно дело „Tractatus Antiheliocentricus“ во кое ги изложува идеите за подемот на [[политика]]та. Во 1904 година се појавила книгата „Последните денови и смртта на Јакоб Беме“, објавена под псевдонимот Ј. Шванекпфелд. Во неа се раскажува за учењето на Беме кој сметал дека трпењето и измачувањето на овој свет носи спас за [[душа]]та. Притоа, Беме [[пост]]ел така што ги јадел своите ракописи, но неговите чираци успеале да ги препишат и така да ги спасат. Постепено, неговата состојба се влошувала и тој умрел така што исчезнал, оставајќи само златен прав на местото каде што лежело неговото тело.<ref>Svetislav Basara, ''Uspon i pad Parkinsonove bolesti''. Beograd: Dereta, 2011, стр. 77-149.</ref>
* ''Криза и агонија'': Во 1913 година се појавил вториот дел на „Tractatus Antiheliocentricus“. Потоа избувнале [[Првата светска војна]] и [[Октомвриска револуција|Октомвриската револуција]], по што Паркинсон преминал во илегала. Во 1938 година бил уапсен чевларот Николај Николаевич Кузнецов кој умрел во логорот во [[Колима]] во 1947 година, а по неколку децении се дознало дека зад тоа име се криел вистинскиот идентитет на Паркинсон. По [[Втора светска војна|Втората светска војна]], одвреме-навреме се појавувале разни сведоштва за Паркинсон. Така, во 1951 година, [[Владимир Набоков|Набоков]] објавил расказ во кој се зборува како Достоевски паднал под влијание на идеите на Паркинсон. Во 1991 година се појавил вториот дел на „Историјата на мојата болест“ во кој Паркинсон ја опишува заверата на лекарите против него. Во 1993 година, во едно белградско списание биле објавени фрагменти од „Tractatus Antiheliocentricus“ во кои Паркинсон пишува за [[ренесанса]]та како оддалечување од [[Христијанство|христијанските]] вредности и за губењето на идентитетот на [[град]]овите.<ref>Svetislav Basara, ''Uspon i pad Parkinsonove bolesti''. Beograd: Dereta, 2011, стр. 151-272.</ref>
 
== Наводи ==