Емброуз Бирс: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Биографија: дополнување
→‎Творештво: дополнување
Ред 26:
Во [[1871]] година излегол неговиот прв расказ, „Проклета долина“, а кон крајот на истата година, во Лондон, објавил две збирки со текстови објавени во калифорниските весници. Овие збирки биле издадени под псевдоним. Во [[1876]] година се вратил во [[Калифорнија]] и постепено станал познат писател, наречен „Горчливиот Бирс“.<ref>„Белешка за животот и делото на Емброуз Бирс“, во: Емброуз Бирс, ''Басни''. Скопје: Темплум, 2016, стр. 95.</ref>
 
Бирс е познат како еден од најголемите песимисти и мизантропи во историјата на [[книжевност]]а, заедно со [[Џонатан Свифт]]. Самиот тој ги објаснил своите гледишта на следниов начин: „Мојата програма гласи: студено неодобрување на човечките институции воопшто, вклучувајќи ги сите видови власт, повеќето закони и обичаи, како и целокупната книжевност. Нетрпеливост кон нетрпеливоста, војна против сите луѓе со некаква мисија, презир кон сите можни титули...Без исповедување, без лутење, без декламаторство: човечкото страдање ќе го гледам со бесчувствителна љубопитност со која набљудува мравјалник.“<ref>„Белешка за животот и делото на Емброуз Бирс“, во: Емброуз Бирс, ''Басни''. Скопје: Темплум, 2016, стр. 97.</ref> Во книжевноста, Бирс бил голем противник на [[Реализам|реализмот]], „локалната боја“ и се спротивставувал на пишувањето на дијалекти и на „сленг“. Затоа, неговите раскази, во кои најчесто се зборува за Граѓанската војна во САД, претежно се под влијание на [[Романтизам|романтизмот]] и [[Готска книжевност|готската]] книжевност.<ref>„Белешка за писателот“, во: Емброуз Бирс, ''Ѓаволовиот речник''. Скопје: Темплум, 2006, стр. 190.</ref> Најпознатата збирка со раскази е „[[Приказни за војниците и цивилите]]“ во кои се чувствува големото влијание на [[Едгар Алан По]].<ref>''Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama'' (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 58.</ref>
 
Кога решил да направи список на нештата што ги мразел или презирал, тој составил едно лексикографско дело со околу илјада поими, а со наслов „[[Ѓаволовиот речник]]“, објавен во весниците. Денес, токму „Ѓаволовиот речник“ е најпознатото негово дело. Според Бирс, човековото постоење е бесмислено и во расказите ги опишал оние области од искуството во кои таа бесмисленост најдобро се манифестира. Во своите дела, тој обемно се потпирал врз современата мелодрама и врз [[театар]]от, воопшто. Опседнат со бесмисленоста на животот, Бирс не можел или не сакал да избегне одредена механичност во неговото творештво и затоа бил наречен „песимистичка машина“.<ref>„Белешка за животот и делото на Емброуз Бирс“, во: Емброуз Бирс, ''Басни''. Скопје: Темплум, 2016, стр. 97-98.</ref> Иако него го сметаат за безбожен и скареден писател, наклонет кон претерување, сепак зад [[Мизантропија|мизантропската]] фасада на неговите раскази се крие разочаран идеалист.<ref>''Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama'' (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 58.</ref>
 
== Наводи ==