Елвис Пресли: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
n
n
Ред 31:
Неговата втора плоча ја сними во јануари 1954 година, „I’ll Never Stand In Your Way“ и „It Wouldn’t Be the Same Without You“, но за жал не беше успешна. Не многу покасно тој не помина добро и на аудицијата за еден локален вокален [[квартет]] наречен The Songfellows. Тој му образложил на неговиот татко велејќи му: „Ми рекоа дека не знам да пеам.“ Во април Присли започна да работи како возач на камион за компанијата Краун Електрик. Откако учествуваше на неколку локални свирки со неговиот пријател Рони Смит, Рони му предложил на Присли да исконтактира со Еди Бонд, фронтменот на професионалниот бенд на Рони Смит, затоа што имало една слободна позиција за придружен [[вокал]]. Откако Присли пеел пред фронтменот, тој го советувал Присли да си остане како возач на камион, затоа што „никогаш нема да успее како пејач“.
 
Во меѓувреме Филипс, од Сан Рекордс, бил во потрага по некој кој би можел да го пренесе звукот од црните музичари. Како што изјавила Кајскер, рецепционерката на фирмата, “Се секавам како Сем повеќе пати велеше : ‘Кога би нашол белец што ќе има осет и глас на црнец, би можел да направам милијарди долари. Во јуни, тој се здобил со една демо снимка на баладата „Without You“, за која мислел дека би му одговарала на младиот пејач. ПреслиПрисли дошол во студиото, но не бил во способност да го испее правилно. И покрај ова, Филипс му рекол на ПреслиПрисли да испее колку може повеќе песни. Тој бил доволно заинтересиран од тоа што го чул од Пресли, па дури и викнал двајца локални музичари, гитаристот Винфилд „Скоти“ Мур и бас свирачот Бил Блек, за да осмислат една снимачка сесија со ПреслиПрисли. Снимањето било одржано вечерта на 5-ти јули, и било сосема безплодно, и точно кога сите биле приготвени да се откажат, ПреслиПрисли ја зел гитарата и ја засвирил блуз песната од 1946 година, „That’s All Right“ од Артур Крадап. Мур се присеќава, „Одненадеж, Елвис започна да ја пее оваа песна, да скока наоколу да се избудалува, и тогаш Бил го зеде својот бас и му се придружи на Пресли, па и јас исто така им се придружив. Во тој момент нѐ слушна Сем и ни рече да почнеме одново со песната.“ Филипс веднаш започнал да снима, тоа бил звукот што го барал цело време. Така започнала активноста на триото, кое што веќе имало многубројни настапи во живо, многу договори и зделки, [[менаџери]] и советници.
 
На Кантри Диск Џокеј Конвенцијата во ноември 1955 година, Присли беше веќе прогласен за изведувач со најголеми предиспозиции. Неколку компании покажаа интерес да потпишат договор со него. Откако три главни компании му дадоа понуди кои почнуваа од 25 илјади долари, менаџерите Паркер и Филипс успеаја да му обезбедат договор од неверојатни 40 илјади долари со компанијата АРК Виктор, на 21-ви ноември. Пресли беше сеуште малолетник, и татко му го потпиша договорот за него.
Ред 44:
=== “Шоуто на Милтон Берл” и “Hоund Dog” ===
Присли за прв пат настапи на ЕнБиСи во Шоуто на Милтон Берл, на 3-ти април. Неговиот настап на палубата на бродот Хенкок во [[Сан Диего]] предизвика аплаузи и возвици од публиката од морнари и нивните придружнички. Неколку дена покасно, ПреслиПрисли и неговиот бенд летаа до Нешвил, за да стигнат на сесија за снимање, кога тројцата биле потресени затоа што еден од моторите на авионот престанал да функционира и авионот за малку не се срушил над [[Арканзас]]. Дванаесет седмици после првото емитување, „Heartbreak Hotel“ прерасна во првиот број еден поп хит на ПреслиПрисли. Кон крајот на април, ПреслиПрисли започна настапи во хотел-казиното Њу Фронтиер, во [[Лас Вегас]]. Настапите не беа добро прифатени од страна на конзервативните, средовечни гости од хотелот, а според критичар на Newsweek, тој беше „како стомна со [[виски]], на [[шампањ]] забава“.
 
За време на престојот во Вегас, Присли, кој имаше сериозни актерски амбиции, потпиша седум годишен договор со Paramount Pictures. Кон средината на мај, тој започна тура во средозападна Америка, во петнаесет градови во краток период. Исто така учествуваше неколку пати на шоуто на Фреди Бел и Белбојс во Вегас, и беше изненаден од нивната верзија на “Hound Dog”, хитот од 1953 со блуз пејачката Биг Мама Торнтон, со [[текст]] од Џери Лајбер и Мајк Столер. Овој хит стана новата завршна точка во неговите настапи. После настапот во Ла Крос, Висконсин, еден локален католички свештенички [[весник]] испрати наметлива [[порака]] до директорот на ФБИ Џ. Едгар Хувер. Тоа беше едно предупредување дека „Присли е дефинитивна опасност за безбедноста на САД. ...неговите дејства и движења предизвикуваат сексуални страсти кај младите тинејџери. После настапот повеќе од 1000 тинејџери се обидоа да влезат во собата на Присли...Докази за штетата што ја направи ПреслиПрисли само во Ла Крос, беа двете гимназијалки...чиј што [[абдомен]] и бутови беа испишани со негови автограми.“
 
Вториот настап на шоуто на Милтон Берл, беше на 5-ти јуни во студиото на ЕнБиСи во Холивуд, точно во периодот на друга возбудлива тура. Берл го наговорил пејачот да ја остави својата гитара зад сцената, советувајќи го со зборовите „нека те видат тебе, синко“. За време на настапот, интерпретацијата на „Hound Dog“ беше забрзана и со кратки паузи, ја размавнуваше раката, и направи неприлагодна верзија со енергични и претерани движења на телото. Вртењето во круг на ПреслиПрисли предизвика [[бура]] од противоречија. Телевизиските критики беа навредливи: „Г-дин ПреслиПрисли нема видлива пејачка способност. Неговите [[фрази]], ако може да се наречат фрази, се состојат од типичните варијации на почетнички арии испеани во бањата. Неговата специјалност се драстичните движења на телото, првично идентификувани со репертоар од бурлеск шоу на сензационална блондинка“, истакнал Џек Гоулд, од [[Њујорк Тајмс]]. Бен Грос од весникот Њујорк Дејли Њуз, изкажал дека популарната музика „ги достигна најдолните граници со стенкањата и офкањата на еден Елвис Присли... Елвис кој што меша со карлицата... кој што дава претстава, односно сугерира на вулгарност, примесено со еден вид на чулност која што треба да биде одржана во границите на јавните куќи“. Ед Саливан, чие што шоу беше од национална популарност го прогласи Елвис како „неприлагоден за фамилијарна средина“. Како врв на сето тоа, Елвис уште бил наречен и „Елвис карлицата - Elvis the Pelvis“, за кое што тој сметаше дека е најдетскиот израз што би можел да го изрече еден возрасен човек.
 
=== Шоуто на Стив Ален и првите настапи кај Ед Саливан ===
 
Шоуто на Берл привлече толку многу внимание, што Присли веќе на 1-ви јули имаше закажан настап на ЕнБиСи на шоуто на Стив Ален. Ален пак, не многу голем фен на рокенролот, го претстави „новиот Елвис“ со бела лептир машна и црни опашки на палтото. ПреслиПрисли ја пееше песната „Hound Dog“ на еден пес лисичар, кој имаше лептир машна и цилиндрична шапка. Како што беше објаснето од телевизискиот историчар Џејк Остин, „Ален мислеше дека Пресли е апсурден и без талент... тој го намести цело шоу со цел Пресли да покаже покајување.“ Покасно Ален напиша дека многу го заинтригувала харизмата на тоа чудно, испиено провинциско момче, со необјаснива слаткост и екцентрична волшебност, и едноставно признал дека го наместил пејачот во неговиот вообичаен “ комедичен материјал“ од програмата. Пресли на тоа одговорил дека навистина најсмешниот настап во неговата кариера бил во шоуто на Ален. Покасно истата вечер, Пресли се појавил на шоуто на Хју Гарднер, едно локално популарно ТВ шоу. Беше распрашуван дали воопшто научил нешто од критиките за него, на кое што Пресли одговори „Не, ништо не научив, и не се чувствувам како да правам нешто грешно... не гледам како може било ваков тип на музика да има лошо влијание на луѓето, кога тоа е само музика... како може рокенролот да натера некој да се спротивставува на родителите? Конкуренцијата помеѓу разнобразните шоумени Стив Ален и Ед Саливан помогна Пресли да биде лансиран во огромна слава.
Конкуренцијата помеѓу разнобразните шоумени Стив Ален и Ед Саливан помогна Пресли да биде лансиран во огромна слава.
 
Следниот ден, Пресли ја сними „Hound Dog“ заедно со „Any Way You Want Me“ и „Don’t Be Cruel“. Џорданеарс пееја хармонично, како и на шоуто на Стив Ален, и така продолжија да работат со Пресли во шеесеттите години. По неколку дена, пејачот направи концерт на отворено во Мемфис, каде што изјави „ Знаете ли, оние личности во Њујорк не можат да ме променат воопшто. Вечерва ќе ви покажам кој е вистинскиот Елвис.“ Во август, еден судија во Џексонвил, Флорида, му нареди на Пресли да се скроти на настапите. На следната изведба, тој беше сосема мирен, со исклучок на малото прсте, со кое сакаше да ги иссмее правилата во државата. Синглите „Don’t Be Cruel“ и „Hound Dog“, останаа единаесет седмици на првото место на топ листите, рекорд што не беше достигнат цели 36 години. Сесиите на снимање од вториот албум на Пресли беа лоцирани во Холивуд, за време на првата седмица од септември. Леибер и Столер, текстописците на „Hound Dog“, придонесоа и за песната „Love Me“.