Илија Филипче: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 32:
==Стручна дејност==
 
Престојувал во повеќе познати специјализирани центри за одделни суптилни подрачја во областа на оториноларингологијата: во Клинката во [[Загреб]] кај академик Падован, а подоцна и кај академик Краина, посветувајќи се на хирургијата на параназалните синуси, фронтобазалните повреди и фонохирургијата; во Париз, во болницата Ст. Антоин кај акад. C.H. Chouard интензивно работел на проблемот на кохлеарниот имплант (вештачко уво) и хирургијата на внатрешното уво; во детската болница Necker во [[Париз]] работел на проблемот на вродените малформации на увото, детската бронхо-скопија и езофагоскопија; во Универзитетската болница E. Heriot во [[Лион]], кај акад. Мартин ја усовршил реконструктивната микрохируршка техника на средното уво; во Безиерс[[Безје]], [[Франција]], во најпризнатата специјализирана отолошка клиника работел на проблемот на хируршкото лекување на глувоста предизвикана од отосклероза; кај акад. Ј. М. Стеркерс во Париз, посебно се усовршува за хируршки пристап преку увото до понтоцеребеларниот агол во мозокот и до внатрешниот слушен канал што е многу важно за отстранувањето на тумори во таа регија; хирургијата на лицевиот нерв уште повеќе ја совладува кај акад. Fish во [[Цирих]]; во универзитетската оторинола-ринголошка клиника во Прага интензивно работи на проблемот на вештачкото уво.
 
Како резултат на овие активности, усвојувањето на нови хируршки техники и знаења и нивното применување акад. Филипче се изградува како исклучителен оператор кој за првпат во [[Република Македонија]] воведува нови техники кои дотогаш не се изведувале. Уште поголем придонес се и воведувањето на негови модификации при интервенциите кои даваат многу поуспешен оперативен резултат, мал број компликации и брза рехабилитација. Во својата досегашна професионална работа извршил над 8.000 операции со ниту еден смртен исход и без сериозни и трајни компликации.
Ред 59:
 
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Филипче,Илија}}
[[Категорија:Живи луѓе]]
[[Категорија:Министри за здравство на Република Македонија]]
[[Категорија:Македонски лекари]]
[[Категорија:Академици на МАНУ]]
[[Категорија:Министри за здравство на Република Македонија]]