Ел Салвадор: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 75:
 
'''Ел Салвадор''' ([[шпански јазик|шпански]]: ''El Salvador''), службено '''Република Ел Салвадор''' (''República de El Salvador'') е независна држава во копнениот дел на [[Средна Америка]]. Ел Салвадор е најмалата држава во копнениот дел од овој регион, а воедно е и најгусто населена средноамериканска држава. Ел Салвадор се граничи со [[Хондурас]] на североисток, со [[Гватемала]] на северозапад, а на југ излегува на [[Тихиот Океан]]. Главен град на Ел Салвадор е градот [[Сан Салвадор]], кој воедно е и најголем град во државата. Според податоците од 2016 година, Ел Салвадор имал население од околу 6.34 милиони жители.{{UN_Population|ref}} Службен и најзборуван јазик во државата е шпанскиот.
 
 
Со векови територијата на Ел Салвадор била населена од американски староседелци, особено народите [[Пипилци]], [[Ленканци]] и [[Маи]]. На почетокот на 16 век, Шпанската Империја веќе презела конкретни воени походи за освојување на, за нив, новооткриениот континент. Така, набрзо територијата на Ел Салвадор била анектирана од страна на Шпанската Империја и влегла во состав на [[Вицекралство Нова Шпанија|Вицекралството Нова Шпанија]] со седиште во [[Мексико (град)|Мексико]]. Сепак, иако административно дел од вицекралството, сепак Мексико немал значаен удел или влијание во секојдневниот живот на луѓето од Средна Америка. Во 1609 година се реорганизирала административната поделва на Империјата и се основала [[Генерална капетанија Гватемала|Генералната капетанија Гватемала]]. Ел Салвадор бил дел од оваа капетанија сè до независноста од Шпанија во 1821 година. Сепак, Ел Салвадор не бил сосема независен од туѓо влијание бидејќи првично бил дел од [[Прва Мексиканска Империја|Првата Мексиканска Империја]], а со распадот на оваа Империја се создала [[Федерална Република на Средна Америка|Федералната Република на Средна Америка]] во 1823 во која Ел Салвадор бил рамноправен член. Федерацијата се распаднала во 1941 година и Ел Салвадор станал независна држава. Многу набрзо, Ел Салвадор, [[Хондурас]] и [[Никарагва]] направиле сојуз и нова политичка формација наречена [[Голема Република на Средна Америка]]. Оваа република траела од 1895 до 1898 година.<ref name="Boland2001">{{cite book|author=Roy Boland|title=Culture and Customs of El Salvador|url=https://books.google.com/books?id=16DV3GDkKu8C&pg=PA2|date=1 January 2001|publisher=Greenwoo Publishing Group|isbn=978-0-313-30620-4|page=2}}</ref><ref name="IhrieOropesa2011">{{cite book|author1=Maureen Ihrie|author2=Salvador Oropesa|title=World Literature in Spanish: An Encyclopedia &#91;3 volumes&#93;: An Encyclopedia|url=https://books.google.com/books?id=zPDFHE_5besC&pg=PA332|date=20 October 2011|publisher=ABC-CLIO|isbn=978-0-313-08083-8|page=332}}</ref><ref name="Haskin2012">{{cite book|author=Jeanne M. Haskin|title=From Conflict to Crisis: The Danger of U.S. Actions|url=https://books.google.com/books?id=O9hr0Ze14H0C&pg=PA152|year=2012|publisher=Algora Publishing|isbn=978-0-87586-961-2|page=152}}</ref> Од тогаш државата функционира како независна суверена република.