Иван Бунин: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Биографија: ситна поправка
→‎Творештво: дополнување
Ред 7:
 
==Творештво==
Бунин најчесто пишувал поезија и раскази, а тој е автор и на [[Автобиографија|автобиографскиот]] [[роман]] „[[Животот на Арсенев]]“ (1930), како и на бројни публицистички и мемоарско-памфлетски текстови. Покрај тоа, преведувал дела од англиски и од [[полски јазик]]. Во 1891 година во [[Орел (град)|Орел]], [[Русија]], тој ја објавил првата збирка [[поезија]], а во 1897 година - првата книга раскази. Иако во тој период соработувал со [[Максим Горки]], тоа не резултирало во никакви социјални тенденции во неговото творештво. Бунин останал надвор од модерните текови, продолжувајќи ја руската класична [[Реализам|реалистичка]] традиција на [[Александар Тургенев]], [[Иван Гончаров]] и [[Лев Толстој]]. Неговите дела се одликуваат со оригинален стил и со изразита творечка идивидуалност. Исто така, неговото дружење со композиторот [[Рахмањинов]] се препознава во неговите дела како суптилен [[Романтизам|романтичарски]] музички израз.<ref>''Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama'' (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 36.</ref> Во 1933 година, тој ја добил Нобеловата награда за книжевност, како прв руски писател кому му било доделено ова признание.
 
Подеднакво пластична и изворна, како во пејзажот, така и во дијалогот и во развојот на општата атмосфера на делата, Буниновата уметност си поставувала самата на себе строги барања. Така, во подоцнежната фаза од животот, Бунин неуморно ги поправал своите претходно објавени дела, правел нови верзии и отфрлал некои делови од нив, тежнеејќи кон постојано усовршување на творечките способности.<ref>Lav Zaharov, „Proza Ivana Bunjina“, во: Ivan Bunjin, ''Gospodin iz San Franciska i druge pripovetke''. Beograd: Rad, 1964, стр. 137.</ref>