Нормандски јазик: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 72:
За јазикот важат три различни [[правопис]]ни стандарди: континентален, џерсиски и гернзиски. Тие се одраз на посебната историја на овие говори, секој со своја [[книжевност]]. Затоа, норманскиот се смета за [[плурицентричен јазик]].
 
[[Англонормански јазик|Англонорманскиот]] дијалект бил јазикот на управата во [[Англија]] по [[норманско освојување на Англија|норманското освојување]] во 1066 г. Овој потоа се прелеал во подоцнежниот „правен француски“ застапен во англиските судови, иако во него иамало париски влијанија. Во Ирска, влијанието највеќе се чувствува во југоистокот на островот, освоен од Норманите во 1169 г. Денес нормандскиот има мошне ограничено присуство во Британија, во облик на формални државнички изрази; ваков пример е давањето на кралско одобрение на закон донесен во парламентот, каде се користи изразот ''La Reyne (le Roy) le veult'' („Кралицата (Кралот) посакува“).
 
Во XI и XIII век Норманите ја освоиле јужна Италија, и со тоа јазикот бил донесен во [[Сицилија]] и јужните делови на [[Апенински Полуостров|Апенинскиот Полуостров]]. Денес од него има мошне малку остатоци, со исклучок на некои зборови во [[сицилиски јазик|сицилискиот јазик]].