Еринии: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
Ред 1:
'''Еринии''' ({{lang-gr|Ἐρῑνύες[ῠ]}}), '''Фурии''' (во [[римската митологија]]) или '''Евмениди''', биле жители на [[Ад]]от, како и [[Хека]]та. [[Хесиод]] пее за тоа како Ериниите биле родени од [[крв]]]та која паднала на земјата по кастрацијата на [[Уран]], а според други извори, тие се потомци на Ахеронт и на Ноќта. Ериниите биле три сестри: Тизифона, Мегера и Алекто. Тие биле одредени да ѝ служат на [[крал]]ицата на вечниот пекол, [[Прозерпина]].<ref>Dante Aligijeri, ''Pakao''. Beograd: Rad, 1961, стр. 53.</ref> Во римската митологија, тие биле наречени Фурии и биле божици на одмаздата. Нивниот опис се среќава во „[[Енеида]]та“ на [[Вергилиј]]: на главата, наместо коса, имаат змии, како симбол на лошата совест која го прогонува злосторникот. Слично на тоа, и во драмата „[[Евмениди (Есхил)|Евмениди]]“ на [[Есхил]], овие божици го прогонуваат Орест поради убиството на татко му.<ref>„Beleške“, во: Erazmo Roterdamski, ''Pohvala ludosti''. Beograd: Rad, 2016, стр. 126.</ref>
 
Обично во [[книжевност]]а, тие се опишани како ужасни жени кои носат змии во своите раце или коса и носат факели и стапови, безмилосни и осветнички на злочин, особено убиство или пролевање на роднинска крв и тие можат бесконечно да гонат некој кој пролеал родителска крв. Ериниите веројатно се претставнички на стариот морален ред на правдата во рамките примитивното општество, каде кодот „око за око – заб за заб“ се спроведува од лична крвна освета од фамилијата или кланот. Ова се согледува во [[Есхил]]овата трилогија „[[Орестија]]“, каде Ериниите го прогонуваат [[Орест]] по убиството на сопствената мајка, но нивната улога е заменета со новиот ред на правдата: Ареопагот, судот во [[Атина]].
 
За да ја придобијат нивната милост, [[Стара Грција|Старите Грци]] ги нарекувале Ериниите и Евмениди - „љубезни, благонаклонети“ (Εὐμενίδες), а со ова име биле почитувани во [[Атина]].
Ериниите биел познати и како Евмениди - „Љубезни“, под кое име биле почитувани во [[Атина]], се логичка еволуција на Ериниите со напредокот на [[хеленската цивилизација]].
== Наводи ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Еринии