Разлика помеѓу преработките на „Парис (митологија)“

Нема измена во големината ,  пред 2 години
с
нема опис на уредувањето
с
с
:''За главнниот град на Франција, видете [[Париз]]''
[[Image:Bissen,Paris,Glyptoteket.jpg|thumb|right|200px|Принцот Парис со јаболкото, од [[Херман Вилхелм Бисен]], [[Копенхаген]]]]
'''Парис''' ([[грчки јазик|грчки]]: {{polytonic|Πάρις}}; исто така познати и како '''Александер''' или '''Александрос''', т.е. ''Алаксанду од Вилуса''), бил син на [[Пријам]], кралот на [[Троја]], брат на [[Хектор]] и маж на Енона.<ref>„Beleške“, во: Erazmo Roterdamski, ''Pohvala ludosti''. Beograd: Rad, 2016, стр. 124125.</ref> Тој се појавува во бројни [[Легенда|легенди]] од [[старогрчката митологија]]. Најпознат е по неговата љубов кон [[Елена]], кралицата на [[Спарта]], што било директната причина за започнувањето на [[Тројанската војна]]. Пред крајот на војната, тој го убил [[Ахил]] со стрела во петата, неговото единствено ранливо место.<ref>[[Robert Graves|Robert Grevs]], [[The greek myths|Grčki mitovi]], Nolit, Beograd, 1992, str. 537 – 543.</ref>
 
==Детството на Парис==
[[Image:Statue of Paris.jpg|thumb|left|mini|[[Статуа]] на Парис што се чува во Британскиот Музеј]]
Парис бил вториот син на [[Пријам]] и [[Хекуба]].<ref>„Beleške“, во: Erazmo Roterdamski, ''Pohvala ludosti''. Beograd: Rad, 2016, стр. 124125.</ref> Пред да се роди, мајка му сонувала дека родила факел што гори. Преплашената кралица, се посоветувала со Езак, кој бил гатач и ја знаел [[ониромантија|вештината на толкување соништа]]. Езак вака го објаснил значењето на сонот: кралицата ќе роди син, кој ќе биде причина за пропаст на својот град. Хекуба навистина родила син, а љубовта кон татковината надвладеала врз мајчинската љубов, па се согласила детето да биде однесено на планина и да биде убиено. Кралот Пријам му го дал новороденчето на еден од слугите по име Агелај, да го убие. Слугата Агелај се сожалил на детето, па го однесол во гората Ида и го оставил живо, сметајќи дека дивите животни ќе го изедат. На кралот Пријам како доказ за смртта на детето му однесол јазик од куче. Детето преживеало, а Агелај се вратил по него и го одгледал како свој син.
 
Парис израснал на гората Ида. Бил многу убав и паметен. Уште како момче успеал да ги совлада крадците на стока и да го врати стадото кај сточарите, кои го нарекле Александар, со значење „бранител на луѓето“.