Разлика помеѓу преработките на „Парис (митологија)“

→‎Детството на Парис: ситна поправка
(#1Lib1Ref)
(→‎Детството на Парис: ситна поправка)
==Детството на Парис==
[[Image:Statue of Paris.jpg|thumb|left|mini|[[Статуа]] на Парис што се чува во Британскиот Музеј]]
Парис бил детевториот син на [[Пријам]] и [[Хекуба]].<ref>„Beleške“, во: Erazmo Roterdamski, ''Pohvala ludosti''. Beograd: Rad, 2016, стр. 124.</ref> Пред да се роди, мајка му сонувала дека родила факел што гори. Преплашената кралица, се посоветувала со Езак, кој бил гатач и ја знаел [[ониромантија|вештината на толкување соништа]]. Езак вака го објаснил значењето на сонот: кралицата ќе роди син, кој ќе биде причина за пропаст на својот град. Хекуба навистина родила син, а љубовта кон татковината надвладеала врз мајчинската љубов, па се согласила детето да биде однесено на планина и да биде убиено. Кралот Пријам му го дал новороденчето на еден од слугите по име Агелај, да го убие. Слугата Агелај се сожалил на детето, па го однесол во гората Ида и го оставил живо, сметајќи дека дивите животни ќе го изедат. На кралот Пријам како доказ за смртта на детето му однесол јазик од куче. Детето преживеало, а Агелај се вратил по него и го одгледал како свој син.
 
Слугата Агелај се сожалил на детето, па го однесол во гората Ида и го оставил живо, сметајќи дека дивите животни ќе го изедат. На кралот Пријам како доказ за смртта на детето му однесол јазик од куче. Детето преживеало, а Агелај се вратил по него и го одгледал како свој син.
 
Парис израснал на гората Ида. Бил многу убав и паметен. Уште како момче успеал да ги совлада крадците на стока и да го врати стадото кај сточарите, кои го нарекле Александар, со значење „бранител на луѓето“.