Водоча (некропола): Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: Некрополата Водоча се наоѓа во атарот на истоимената населба, односно 4 км северо-за...
(нема разлика)

Преработка од 12:24, 4 септември 2019

Некрополата Водоча се наоѓа во атарот на истоимената населба, односно 4 км северо-западно од градот Струмица. Некрполата се простира на Водочките цркви, Св. Леонтиј.

Истражувања

Првите археолошки изкопувања на некрополата биле извршени од Васил Лахтов во 1961 и 1962 г., подоцна имало истражувања од Петар Миљковиќ-Пепек во 1973 и 1974 г. а нај крупниот број на пронајдоци се од 1979 до 2003 г. кои биле извршени од археологот Јобан Ананиев.[1] Од сите 1081 гробови, пронајдени се стотици примероци наки (прстени, ѓердани, белегзии, наушници, пречелници и др), копчуња, монети (од кои повеќето биле украсен додаток за облека), а исто и појасни токи и пафти. Исто биле пронајдени железни шајки од дрвени сандали, , налчиња од обувки, ножеви и оружје и керамички, стаклени, метални, коскени и порцелански предмети со украсни и утилитарни намени. Карактеристично за некрополата Водоча е тоа дека се идентификувале текстилни остатоци од ткаенини, плетива и везови остатоци од конци, памук, лен, волна, свила и срма, како и делови од крзно, кожа, дрво ѓон и други органски материјали кои не се забележани во никоја друга археолошка локација на Македонија.

Наводи

  1. Inventaria Archaeologica Personarum Том I Некропола Водоча, Елица Манева, Скопје 2012 ISBN 978-608-4646-03-7 стр 9