Светска банка: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Управување со Светската банка: дополнување, ситна поправка
Ред 14:
* [[Мултилатерална агенција за гаранција на инвестициите]] (MIGA)
* [[Меѓународен центар за решавање на инвестициони спорови]] (ICSID)
 
=== Меѓународната асоцијација за развој===
Меѓународната асоцијација за развој е основана во 1960 година, како фонд со кој управува Светската банка. Затоа, само земјите кои се членки на Светската банка можат да бидат примени во членството на ИДА. ИДА има 159 членки. [[Кредит]]ите што ги одобрува ИДА се наменети за многу сиромашните земји во развој (чиј БДП по глава на жител е помал од 926 [[долар]]и.) кои не би биле во можност да ги искористат кредитите под условите под кои ги одобрува Светската банка. Кога била основана Светска банка, нејзината задача била да помогне во обновувањето на [[Европа]] по нејзиното уништување во [[Втората светска војна]]. По обновата на Европа, Светската банка се свртела кон [[Земји во развој|земјите во развој]], но во доцните 1950-ти години станало јасно дека најсиромашните земји не можат да позајмат [[капитал]] под условите на Светската банка. На иницијатива на [[САД]], група земји-членки се согласиле да основаат агенција која ќе дава заеми на многу сиромашните земји по многу поволни услови. Така била создадена ИДА. Според статутот на ИДА, постојат две категории на членство: Во првиот дел вклучува побогатите земји, а вториот дел ги вклучува земјите во развој.<ref>[http://ida.worldbank.org/about/what-is-ida Официјално мрежно место на ИДА (пристапено 19.06.2019)]</ref>
 
Заемите на ИДА се изземени од [[камата]], т.е. на нив се плаќа само годишна административна такса од 0,75%. Во просек, ИДА одобрува заеми во износ од 6 милијарди долари годишно, и тоа за различни проекти за развој, особено оние кои се однесуваат на основните човекови потреби. Највисок приоритет е даден на проектите со кои треба да се забрза развојот на [[земјоделство]]то, подобрување на [[образование]]то, зголемување на производството на [[електрична енергија]], проширување на телекомуникациска мрежа, модернизација на транспортниот систем и друга инфраструктура.
 
===Меѓународна финансиска корпорација ===
[[ИФЦ]] e основана во 1956 година, како подружница на Светската банка, со цел да се поттикне [[Економски развој|економскиот развој]] преку [[инвестиции]] во приватниот сектор. Во 1989 година била формирана [[Советодавна служба за странски инвестиции|Советодавната служба за странски инвестиции]] (ФИАС) со цел да им помогне на земјите во развој во привлекувањето и промовирањето на [[Странски директни инвестиции|странските директни инвестиции]]. ИФЦ има статус на специјализирана агенција на [[ОН]] во групата на Светска банка. Сепак, ИФЦ е посебен правен субјект и нејзините средства се одвоени од Светската банка. ИФЦ има 174 земји-членки при што членството во оваа [[организација]] е условено од членство во ИБРД.
Корпоративното седиште е во Вашингтон. ИФЦ обезбедува:<ref>[ https://www.ifc.org/wps/wcm/connect/a7e479804fa54e08ab3fef0098cb14b9/070228_IFC_Base_Prospectus.pdf?MOD=AJPERES Официјално место на ИФЦ (пристапено 19.06.2019)]</ref>
* средства за инвестирање во приватниот сектор во земјите во развој,
* мобилизирање на капитал на меѓународните [[финансиски пазари]],
* им помага на клиентите да ја подобрат социјалната и економската одржливост,
* техничка помош и
* советодавни услуги на владите и компаниите.
 
===Агенција за гаранција на инвестиции===
На иницијатива на претседателот на Светската банка, претставена на годишниот состанок во 1981 година, Светската банка подготвила нацрт на Конвенцијата за основање на Мултилатералната агенција за гарантирање на инвестициите, со цел да се поттикне движење од економскиот [[капитал]] до земјите во развој со издавање на [[Гаранција|гаранции]] од некомерцијални [[Ризик|ризици]] поврзани со [[инвестиции]]те. На 11 октомври 1985 година, Годишното собрание на Светската банка го одобрило текстот на Конвенцијата и го испратило за потпис од земјите-членки заинтересирани за МИГА.
 
МИГА издава гаранции за комерцијални ризици, како што се: пренос на валути, експропријација, прекршување на договорот, воени и социјални немири итн. Досега, 141 земја се приклучиле на МИГА. Седиштето на МИГА е во [[Вашингтон]].
Земјите-членки се поделени во две категории: првата категорија ги вклучува развиените земји (21 земји), а во втората категорија се распоредени другите земји (земјите во развој). Најголем број [[Акција (финансии)|акции]] имаат САД 20.519 (20,5% од вкупниот капитал), па [[Јапонија]] со 5.095 акции, [[Германија]] со 5.071 акции [[Велика Британија]] и [[Франција]] имаат околу 4.860 акции, итн.
Некои од областите кои ги покрива МИГА на глобалниот пазар на [[осигурување]] на инвестициите се:<ref>[https://www.miga.org/sites/default/files/archive/Documents/MIGA%20Convention%20February%202016.pdf Официјално мрежно место на МИГА (пристапено 19.02.2019)]</ref>
* да го зголеми капацитетот на другите јавни и приватни агенции за осигурување од [[политички ризик]] преку коосигурување и [[реосигурување]];
* врши инвестициско осигурување во други земји, полиси за осигурување од страна на агенциите или владината политика исклучени од програмата;
* давање услуги на инвеститори кои немаат пристап до официјални агенции за осигурување од политички ризик.
 
===Меѓународен центар за инвестициски спорови===
Во 1965 година, во рамките на Групацијата на Светската банка бил формиран Меѓународниот центар за решавање на инвестициони спорови (ICSID), во чии рамки била воспоставена [[арбитража]] на споровите меѓу земјите-членки. Центарот е основан во согласност со Конвенцијата за решавање на инвестициски спорови помеѓу државите и граѓаните на други земји.
 
==Управување со Светската банка==