Пепелиште: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 38:
Корените на село Пепелиште се простираат далеку во историјата што може да се заклучи од археолошките ископувања кој откриваат дека овде се живеело уште во времето на [[античка Македонија]] и римското време.
 
Во атарот на селото Пепелиште била пронајдена средновековна некропола во нивата на еден од локалните селани во 1989 биле откриени 2 гробови, со подоцна соработка меѓу Музејот на град Неготино и Институтот за истражување на старословенската култура од Прилеп биле откриени уште 30 нови гробови. Истражувањата продолжиле и следната година биле пронајдени уште 46 гробови, односно се нуменирани 76 гроба. Истовремено, северно од некрополата се пронајдени остатоци на населба. ѕидови, тули, градежен шут, камен и др. планираните истражувања за оваа населба не се извршени но се сметало дека има поврзаност со некрополата.<ref>Средновековна некропола Пепелиште локалитет Трнче-Стреа, Елица Манева, Скопје 2000 стр 11</ref> Ориентацијата на гробовите е според христијанскиот канон, од запад кон исток, со вообичаените мали отстапки кон север или југ поради сезонските отклони на сончевиот изгрев. Меѓу сите гробови откриени се 13 кои припаѓале на машки индивидуи, 32 на женски и 30 на деца, над третина од скелетите биле над возраста од 40, а некои над 60 што за тој временски период би докажало до добар начин на живот за закопаните индивидуи. Во градбата на погребаните е забележана таа на медитеранидите.
 
Во однос на настанокот на сегашното село Пепелиште е едно од селата во [[Тиквеш]] кое избегнало уништување и преместување во време на турското ропство.<ref name="раец" /> Затоа, Пепелиште меѓу населението се смета дека е ''староземанско'' односно е настанало и постоело уште пред доаѓањето на турските поробувачи во XIV век.<ref name="раец" /> Први жители на селото биле Македонците и Турците. Кон крајот на XVII век настанал голем и насилен процес на исламизација („потурчување“) на многу христијански села во рамнината на Тиквешката котлина, предводен од некојси ''Кара-паша'' кој од [[Дебар]] се населил во [[Сопот (Кавадаречко)|Сопот]], при што меѓу другите било опфатено и селото Пепелиште.<ref name="раец" /> Имајќи предвид дека Пепелиште е прво големо село кое се наоѓа на левиот брег на [[Вардар]] на влезот на многу важниот пат од Радовишко-штипскиот Јуруклук во [[Тиквеш]], тоа во XVII и XVIII век се нашло на удар и од Турците - Јуруци кои во голем број се населиле во непосредната околина во селата од левата страна на Вардар. Потоа и самото Пепелиште станало седиште и центар од каде се спроведувало потурчување на околните села од страна на неговиот тогашен жител Кантур-бег кој како владетел на овој предел бил познат меѓу народот како голем крвник, насилник и силеџија.