Пепелиште: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 36:
[[Податотека:Панорама на Пепелиште и Криволак 1.JPG|300п|мини|десно|Панорама на дел од селото Пепелиште и соседното село Криволак]]
Корените на село Пепелиште се простираат далеку во историјата што може да се заклучи од археолошките ископувања кој откриваат дека овде се живеело уште во времето на [[античка Македонија]] и римското време.
Во атарот на селото Пепелиште била пронајдена средновековна некропола во нивата на еден од локалните селани во 1989 биле откриени 2 гробови, со подоцна соработка меѓу Музејот на град Неготино и Институтот за истражување на старословенската култура од Прилеп биле откриени уште 30 нови гробови. Истражувањата продолжиле и следната година биле пронајдени уште 46 гробови, односно се нуменирани 76 гроба. Истовремено, северно од некрополата се пронајдени остатоци на населба. ѕидови, тули, градежен шут, камен и др. планираните истражувања за оваа населба не се извршени но се сметало дека има поврзаност со некрополата.<ref>Средновековна некропола Пепелиште локалитет Трнче-Стреа, Елица Манева, Скопје 2000 стр 11</ref>
Во однос на настанокот на сегашното село Пепелиште е едно од селата во [[Тиквеш]] кое избегнало уништување и преместување во време на турското ропство.<ref name="раец" /> Затоа, Пепелиште меѓу населението се смета дека е ''староземанско'' односно е настанало и постоело уште пред доаѓањето на турските поробувачи во XIV век.<ref name="раец" /> Први жители на селото биле Македонците и Турците. Кон крајот на XVII век настанал голем и насилен процес на исламизација („потурчување“) на многу христијански села во рамнината на Тиквешката котлина, предводен од некојси ''Кара-паша'' кој од [[Дебар]] се населил во [[Сопот (Кавадаречко)|Сопот]], при што меѓу другите било опфатено и селото Пепелиште.<ref name="раец" /> Имајќи предвид дека Пепелиште е прво големо село кое се наоѓа на левиот брег на [[Вардар]] на влезот на многу важниот пат од Радовишко-штипскиот Јуруклук во [[Тиквеш]], тоа во XVII и XVIII век се нашло на удар и од Турците - Јуруци кои во голем број се населиле во непосредната околина во селата од левата страна на Вардар. Потоа и самото Пепелиште станало седиште и центар од каде се спроведувало потурчување на околните села од страна на неговиот тогашен жител Кантур-бег кој како владетел на овој предел бил познат меѓу народот како голем крвник, насилник и силеџија.
|