Индонезија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Отстрането уредувањето на Vase10000 (разговор), вратено на последната верзија на Vlad5250
Ознака: Отповикување
сНема опис на уредувањето
Ред 76:
 
== Етимологија ==
Името Индонезија потекнува од латинскиот збор Indus и грчкиот збор nesos кои значат остров. Името датира од 18 век уште пред формирањето на независна Индонезија. Во 1850 година, Џорџ Винсдор Ерл, англиски етнолог, ги предложи термините Indunesians и Malayunesians (кој тој го претпочиташе) за жителите на Индискиот архипелаг или Малајскиот архипелаг. Во истата публикација, Џејмс Ричардсон Логан, ученик на Ерл го искористи терминот Indonesia како синоним за индискиот архипелаг. Сепак, холандските професори кои објавувале публикации во Источните ИндииИнди не сакале да го користат терминот Индонезија. Наместо тоа тие ги користеле термините Малајски архипелаг, Холандските Источни ИндииИнди, познати како ИндииИнди, Истокот па дури и Инсулинде.
 
Од 1900 година, името Индонезија стана поупотребувано во професорските кругови надвор од Холандија и индонезиските националистички групи го усвоија името како политички израз. Адолф Бастијан од универзитетот од Берлин, го популаризираше името преку неговата книга „Indonesien oder die Inseln des Malayischen Archipels, 1884-1894“. Првиот индонезиски научник кој го употребил ова име е Suwardi Suryaningrat ( Ki Hajar Dewantara), кога основал новинарско биро во Холандија во 1913 година, наречено Indonesisch Pers-bureau.
Ред 85:
Од 7 век од нашата ера, се разви моќното поморско царство Шривиџаја како резултат на трговијата и влијанието од хиндуизмот и будизмот кои кои беа пренесени во Индонезија преку трговијата. Од 8 до 10 век од нашата ера, земјоделската будистичка династија Саилендра и хиндуистичката династија Матарам напредуваа и се намалија во внатрешноста на Јава, оставајќи големи религиозни споменици како што се Боробудур на династијата Саилендра и Прамбанан на династијата Матарам. Хиндуистичкото кралство Маџапхит се создало во источна Јава во доцниот 13 век и под водство на Гаџах Мада, нејзиното влијание се проширило речиси низ цела Индонезија.
 
Иако муслиманските трговци прво патувале преку југоисточна Азија во раниот исламски период, најраните докази на исламизирано население во Индонезија датираат од 16 век во северна Суматра. Другите индонезиски области постепено го прифатија исламот кој стана доминантна религија во Јава и Суматра кон крајот на 16 век. Воглавно исламот се измеша со постоечките културни и религиозни влијанија, кои ја обликуваа доминантната форма на исламот во Индонезија, особено во Јава. Првите европејци пристигнаа во 1512 година, кога португалски трговци, предводени од Франциско Серао, бараа да ги монополизираат изворите на морско оревче, каранфилче и црн бибер во Малуку. По нив дојдоа и холандски и британски трговци. Во 1602 година Холандија ја формираше холандската источно-индиска компанија и со тоа стана доминантна европска сила. Холандската источно-индиска компанија официјално престана да работи во 1800 година поради стечај и владата на Холандија ги прогласи Холандските Источни ИндииИнди за национализирана колонија.
 
Речиси целиот колонијален период, холандската контрола врз архипелагот беше слаба надвор од крајбрежните упоришта. Само на почетокот на 20 век холандската доминација се прошири до границите на она што сега претставува Индонезија. И покрај големите внатрешни политички, социјални и секташки поделби за време на Националната Револуција, индонезијците најдоа единство во нивната борба за независност. Јапонската окупација за време на Втората светска војна го прекина холандското владеење и го охрабри претходно потиснатото индонезиско движење за независност. Два дена по капитулацијата на Јапонија, во август 1945 година, Сукарно, влијателен националистички водач, прогласи независност и беше назначен за претседател. Холандија се обиде повторно да го воспостави своето владеење во Индонезија и вооружената и дипломатска борба заврши во декември 1949 година кога поради големиот меѓународен притисок, Холандија официјално ја призна Индонезија како независна држава (со исклучок на холандската територија Западна Нова Гвинеја која беше вклучена во Индонезија со договорот од Њу Јорк во 1962 година, и со Актот на слободен избор од 1969 година по наредба од ОН).