Вилијам Батлер Јејтс: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Tворештво: дополнување
Ред 27:
Јејтс е автор на богато поетско дело, создавано во текот на пет децении, од 1888 до 1939 година. Тој претставува пример за чист поет, кој целосно се изразува само низ песните, т.е. нема ниедна тема која не ја обработил поетски. Неговото творештво ги поседува сите својства на класичниот [[Лирика|лирски]] пристап: тоа е исповедно, [[Автобиографија|автобиографско]] и организирано околу неколку клучни точки на лирскиот израз. Сите негови дополнителни активности ([[Есеј|есеистичката]] и автобиографската проза) служат само како дополнително објаснување на неговите поетски творби.<ref>Milovan Danojlić, „Jejtsovi koreni“, во: Viljem Batler Jejts, ''Kula''. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 9-10.</ref>
 
Во 1885 година, Јејтс објавил две кратки лирски песни во Даблинското универзитетско списание и бил еден од основачите на Даблинското херметичко друштво. Исто така, тој се запознал со [[Џон О'Лири]], еден од водачите на ирското движење за независност, кој го поддржувал во книжевниот развој и го организирал собирањето прилози за печатење на неговата прва поетска збирка. Поетската дарба на Јејтс за првпат сериозно дошла до израз кон крајот на 1880-тите. Во 1888 година ја објавил книгата „Бајки и народни приказни“, додека следната година се појавила неговата прва поетска книга, „[[Скитањата на Осијан и други песни]]“ (англискиот превод го направил Семјуел Фергусон). Истата година (1889), заедно со сликарот Едван Елис, Јејтс бил уредувач на критичкото издание на [[поезија]]та на [[Вилијам Блејк]]. Потоа станал член на [[Спиритизам|спиритистичкото]] друштво „Златна зора“, се дружел со членовите на ''Rhymer's Club'' при што, како што самиот соопштува на почетокот од „Суровите карпи“, „го учел занаетот“. Во тој период ги објавил „[[Грофицата Кетлин и различни легенди и песни]]“ и збирката народни преданија, „[[Келтски самрак]]“. Јејтс се развил како писател во периодот 1895-1905, кога ги продлабочил спиритистичките, [[философ]]ските и книжевните истражувања. Тогаш соработувал во списанието што го уредувал неговиот пријател Артур Сајмонс, ги објавил „Тајната роза“ и „Ветар меѓу трските“, во 1902 почнал да го чита [[Фридрих Ниче|Ниче]] и бил член на управата на Ирскиот народен театар (''The Abbey Theatre''), заедно со Леди Грегори и Џон Синг. Во 1903 година објавил три книги и одржал низа предавања во [[САД]]. Подоцна, меѓу четвртата и петтата деценија од животот на Јејтс се случил пресвртот кој до ден-денес предизвикува неразбирање, чудење и восхит кај книжевните историчари. Во 1908 година гo запознал [[Езра Паунд]] кој му помогнал да го дооформи поетскиот талент. Во текот на таа деценија, Јејтс ги објавил „[[Зелениот шлем и други песни]]“, „Песни напишани во малодушност“ и „Одговорности“. Во текот на и по [[Првата светска војна]] Јејтс веќе бил познат поет, го објавува делото „[[Дивите гулаби во Кул]]“, а во 1923 година ја добил [[Нобелова награда за литература|Нобеловата награда за литература]]. Најпосле, во текот на последните 15 години од животот ги објавил „[[Кула (Јејтс)|Кула]]“, „Кружни„Вртени скали“, „Полна месечина во март“ и книгата „[[Визија (Јејтс)|Визија]]“ во која ги изразил своите спиритистички искуства и сфаќања на историјата.<ref>Milovan Danojlić, „Jejtsovi koreni“, во: Viljem Batler Jejts, ''Kula''. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 12-15.</ref>
 
Книжевниот развој на Јејтс бил долг и сложен, а квалитативниот скок што настапил меѓу 1904 и 1914 година, кога Јејтс бил длабоко во петтата деценија од животот, е редок пример не само во англосаксонската, туку и во светската [[литература]]. Тогаш, тој ја стекнал способноста за потполно и сигурно изразување, неговиот поетски јазик започнал да се згуснува, а поетскиет слики добиле функционалност. Првите плодови на неговиот зрел поетски јазик се појавиле во збирката „[[Зелениот шлем и други песни]]“ од 1910 година. Оттогаш, преку збирките „[[Одговорности]]“ (1914), „Кула“ (1928), „Вртени скали“ (1929) до неговата последна збирка „[[Последни песни]]“ (1939), Јејтс израснал во голем поет од светски глас. Притоа, значаен дел од неговото творештво настанало откако тој ја добил Нобеловата награда, што зборува за неговиот постојан поетски развој. Разликата меѓу раната и доцната фаза од творештвото на Јејтс е очигледна и голема, но цело време се забележува единството на неговиот развоен пат во кој постојано се згуснувала [[лирика]]та, а поетскиот израз станувал поцврст. Како што истакнува шведскиот професор Бригит Бјерсби, „неговите идеи и стилот покажуваат постепен растеж, па неговото дело мора да се набљудува како логично поврзана органска целина.“ И самиот Јејтс постојано правел поправки на своите песни, отстранувајќи цели строфи и песни. Во раната фаза, неговиот поетски јазик бил полн со прерафаелитска патетика и неопределеност; [[јазик]]от од подоцнежната фаза содржи некаква непријатна цврстина при што [[алитерација]]та и [[асонанса]]та сè почесто ја истиснуваат [[рима]]та, иако таа се задржува во целото неговот творештво. Сепак, за втората фаза се карактеристични кусите, приближни и несовршени рими кои ретко се појавуваат во првата фаза. Јејтсовата борба за изградба на стилот може да се сведе на три барања. Во едно писмо од 1902 година, упатено до Леди Грегори, тој напишал дека пишувањето му станало „далеку помажествено“ и дека во него има „повеќе дух“. Иако немал смисла за [[музика]], тој постојано ја негувал звучноста на [[стих]]от, ги менувал [[ритам]]от, организацијата на [[Строфа|строфите]], [[метрика]]та и сликовните схеми, а често ги користел рефрените. „Последните песни“ претставуваат најцелосна потврда на неговиот голем стил и тие се круна на неговото творештво.<ref>Milovan Danojlić, „Jejtsovi koreni“, во: Viljem Batler Jejts, ''Kula''. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 40-43.</ref>
 
=== Хронологија на творештвото на Јејтс ===