Вилијам Батлер Јејтс: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Биографија: дополнување
Ред 5:
Вилијам Батлер Јејтс се родил на 13 јуни 1865 година во [[Даблин|даблинското]] предградие Сендимаунт. Набргу по неговото раѓање, [[семејство]]то ја напуштило скромната, приземна семејна куќа на авенијата Сендимаунт, број 5. Всушност, семејството на Јејтс постојано се селело од место до место: кога тој имал две години, семејството се преселило во [[Лондон]]; на седумгодишна возраст се вратил во куќата на мајчините родители, имотни [[Трговија|трговци]] од Слајго; во деветтата година повторно заминал во Лондон; а кога имал 15 години се вратил во Хаут крај [[Даблин]]. За време на неговото детство, пресудно влијание врз него имала [[Грофовија|грофовијата]] Слајго во западниот дел на [[Ирска]], каде често ги минувал летните распусти. Таму ја засакал природата, а од мајка му и од соседите ги слушал древните [[Келти|келтски]] преданија. Неговата мајка, Сузан Полексфен, била тивка и чувствителна жена која често му раскажувала [[Бајка|бајки]]. Јејтс се навраќал на Слајго во текот на целиот живот; во староста му ја посветил својата проштална песна во која ја изразил желбата да биде [[закоп]]ан таму. Неговите предци имале [[Протестантство|протестантско]] потекло, а во Ирска се доселиле во [[XVII]] век од [[Англија]]. Неговиот дедо и предедо биле [[Англиканска Заедница|англикански]] пастори во Слајго, а се школувале на познатиот [[Тринити колеџ (Даблин)|Тринити колеџ]]. Таму, своето [[образование]] го стекнал и татко му, Џон Батлер Јејтс, кој во 1880-тите бил познат [[Прерафаелити|прерафаелитски]] сликар. Сè до смртта на татко му, Вилијам Батлер Јејтс се допишувал со него, разменувајќи ги искуствата и мислењата. И неговата мајка била од протестантско семејство, кое не било толку угледно како она на татко му. Во 1874 година, на деветгодишна возраст, семејството на Јејтс по вторпат се доселило во Лондон, каде најпрвин го учел татко му, а потоа се запишал во [[училиште]]то „Годол Фин“ во лондонскиот кварт [[Хамерсмит]]. Според неговиот биограф Донехју, тогаш Јејтс конечно сфатил дека, според мислата и [[срце]]то, е [[Ирци|Ирец]]. Во Лондон се школувал до 1880 година, а меѓу петнаесеттата и дваесеттата година живеел во Хаут, приморско место до Даблин. Тогаш почнал да пишува драми и стихови, но без некој успех.<ref>Milovan Danojlić, „Jejtsovi koreni“, во: Viljem Batler Jejts, ''Kula''. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 10-12.</ref> <ref>Превод на литературни дела од автори кои добиле Нобелова награда, Битола: НИД „Микена“, 2010.</ref>
 
Вилијам студирал во [[Уметничката школа]] во [[Даблин]], каде што се запознал со [[Џорџ Расел]] со кого го споделил својот интерес за мистичното и натприродното.<ref>Превод на литературни дела од автори кои добиле Нобелова награда, Битола: НИД „Микена“, 2010.</ref> Во јуни 1885 година, Јејтс бил едениницијатор одза основачитеосновањето на Даблинското[[Херметичко херметичкодруштво|Херметичкото друштво]] во [[Даблин]], ачија возадача била проучувањето на источните чуда и [[философија]]. Во тој период го запознал [[Џон О'Лири]], еден од водачите на ирското движење за независност. Во 1880-тите, семејството на Јејтс повторно се преселило во Лондон, каде тој станал член на Теозофското друштво. На 30 јануари 1889 година ја запознал даблинската убавица [[Мод Гон]], ќерка на англиски [[полковник]], која била учесник во ирското ослободително движење и дури била замешана во подготовките на неколку [[атентат]]и во Лондон. Мод Гон била најголемата неоставрена љубов во животот на Јејтс која го опседнувала сè до 1889 година, кога тој се оженил со Џорџа Хајди-Лиз. Во Лондон, Јејтс станал член на спиритистичкото друштво „Златна зора“, а се дружел и со членовите на ''Rhymer's Club''. Во периодот 1895-1905, Јејтс го проширил кругот на пријателите и се ангажирал во борбата за ирската независност. За време на летните распусти одел на имотот на Леди [[Огаста Грегори]], жена со голем углед, писателка, мецена и собирачка на народни творби, која живеела во Кул Парк, во [[грофовија]]та Голуеј, а која станала негова заштитничка, соработничка и пријателка. И во овој период продолжил со проучувањето на [[магија]]та, посетувал сеанси на кои се повикуваат [[духови]] и станал претседател на лондонската секција на „Златна зора“. Истовремено, заедно со Леди Грегори и Џон Синг, Јејтс станал член на управата на новосонованиот Ирски национален [[театар]] (''The Abbey Theatre''). Во 1903 година патувал низ [[САД]], каде одржал низа предавања. Во меѓувреме, Мод Гон се омажила за [[мајор]]от Мек-Брајд и тоа било тежок удар за Јејтс. Подоцна, заедно со Леги Грегори патувал низ [[Италија]], каде го запознал [[Езра Паунд]], кој му помогнал да го доврши книжевниот развој.<ref>Milovan Danojlić, „Jejtsovi koreni“, во: Viljem Batler Jejts, ''Kula''. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 12-14.</ref> Во 1911 година започнал посериозно да се бави со [[Окултизам|окултизмот]]. Во Лондон, тој ги посетувал спиритистичките сеанси во салонот на госпоѓата Блавацки. Притоа, [[Спиритизам|спиритистичките]] вештини ги учел од книгата на [[Корнелиус Агрипа]], „[[De occulta philosophia]]“, а [[Духови|духот]] со кој комуницирал се викал Leo Africanus. Своите искуства, доживувања и експерименти ги нарекувал „мојот систем“ кој го разработувал до крајот на животот.<ref>Milovan Danojlić, „Jejtsovi koreni“, во: Viljem Batler Jejts, ''Kula''. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 35-36.</ref> Во 1917 година ја купил [[Нормани|норманската]] [[кула]] Белили во областа Голуеј и се оженил. По ослободувањето на Ирска, Јејтс бил избран за сенатор, а во 1925 година го одржал познатиот говор во Сенатот, агитирајќи во прилог на [[развод]]от. Во текот на последните 15 години од животот често патувал надвор од Ирска, а една од последните негови должности било претседавањето со Комисијата за определување на изгледот на ирските [[пари]].<ref>Milovan Danojlić, „Jejtsovi koreni“, во: Viljem Batler Jejts, ''Kula''. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 1214-15.</ref>
 
Јејтс умрел на 28 јануари 1939 година, во местото Рокбрин, на [[Азурен Брег|Азурниот Брег]]. Во 1948 година му била исполнета последната желба - да биде закопан во црквената порта во Драмклиф, каде во далечината се гледа [[рид]]от [[Бен Балбен]]. На неговиот [[гроб]] стои прост надгробен споменик, без украси и со следниов натпис:<ref>Milovan Danojlić, „Jejtsovi koreni“, во: Viljem Batler Jejts, ''Kula''. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 10-11.</ref>