Вилијам Батлер Јејтс: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Tворештво: ситна поправка
Ред 57:
* 1939 - пиесата ''Чистилиште'', последните песни од периодот 1936-1939 и пиесата ''Смрта на Кухален''.
 
===Философските и ументичкитеуметничките погледи на Јејтс===
Остварувањето на Јејтс како поет е резултат на неговото спротивставување на духот на [[Модерна|модерната]] епоха. Иако скриено, тој постојано спорел со вредностите на индустриската цивилизација и токму во тоа се состои ирската црта во неговите ставови. Уште во своите први стихови, Јејтс го искажал младешкото чувство дека новото време донесло смртна пресуда за [[поезија]]та и дека настапило владеењето на „Сивата вистина“ (‘’Grey Truth’’) со која тој никогаш не се помирил. И тоа е една од најважните одлики на неговата поезија, зашто Јејтс ги игнорирал сите поважни интелектуални и уметнички текови на неговото време – [[Експресионизам|експресионизмот]], [[Надреализам|надреализмот]], [[Футуризам|футуризмот]], [[Марксизам|марксизмот]] и [[Социјална книжевност|социјалната книжевност]]. Сепак, Јејтс не може да се обвини за [[конзервативизам]] во вообичаената смисла на зборот. Навистина, на почетокот, неговиот поетски израз бил архаичен, но постепено ги примил сите вредности на модерната [[поезија]]: непосредност, економичност, отпор кон навиките и претераните украси, продорна оголеност, [[Синтакса|синтаксичка]] природност и избегнување на инверзиите. Притоа, отвореноста кон модерниот вкус и сензибилитет му овозможиле да се приспособи, но да не се откаже од почетните, несовремени погледи.<ref>Milovan Danojlić, „Jejtsovi koreni“, во: Viljem Batler Jejts, ''Kula''. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 23-24.</ref> Во таа смисла, дури и зборот „модерно“ Јејтс го употребувал со презир, а истражувачите на неговото творештво успеале да пронајдат само еден случај (во песната „Меѓу учениците“) во кој зборот „модерен“ е употребен во позитивен контекст. Јејтс го славел простиот [[Село|селски]] живот, копнеел за [[Аристократија|аристократските]] традиции, ја отфрлал [[демократија]]та, ги презирал ниските цели на средната класа и [[буржоазија]]та, а верувал во „избраните“ мудри и благородни луѓе.<ref>Milovan Danojlić, „Jejtsovi koreni“, во: Viljem Batler Jejts, ''Kula''. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 29.</ref>
 
За Јејтс, современата епоха била симбол на неред, пропаѓање, [[хаос]], безвластие, скрнавење на сето возвишено и убаво и издигнување на средните и безвредните. На тој хаос му ги спротивставил вечните вредности и критериуми и сметал дека човекот мора да го најде патот кон помирувањето со [[племе]]то и со [[универзум]]от, со [[живот]]от и со [[смрт]]та. Во таа насока, своите сфаќања ги црпел од различни извори: [[Келтска митологија|келтската митологија]], [[Индиска религија|индиската религија]], [[Неоплатонизам|неоплатонизмот]] и [[ренесанса]]та. Сепак, наспроти различните влијанија, Јејтс не западнал во стапицата на [[Еклектизам|еклектизмот]], а тврдењата во неговите песни се само условни, според критичарот Елман, тие се псевдотврдења чијаулогачија улога се состои во тоа да ги поттикнат одговорите на читателите. Јејтсовите философски погледи не се организирани ни кохерентни, но сепак, во нив постои [[систем]], заснован врз ирационалните претчувства, случајностите и облиците на ненаучното мислење. За него, мислењето е само една фаза во доживувањето на односите и појавите, а од [[философија]]та не очекувал големи и конечни одговори. Тој бил вреден читател на философските текстови од различни епохи и нив ги преведувал во поетски [[јазик]], градејќи свој систем за кој многумина (на пример, Одн) зборувале без почит.<ref>Milovan Danojlić, „Jejtsovi koreni“, во: Viljem Batler Jejts, ''Kula''. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 24-29.</ref> И покрај тоа Јејтсовите погледи не се кохерентни, сепак, тие се најблиски со учењето на Ниче со кое се запознал во 1902 година и кое му ги зацврстило ставовите кои веќе ги имал зацртано, пред сè во поглед на сфаќањето за цикличното движење на историјата. Ваквите погледи се застапени во повеќе Јејтсови песни, како: „Леда и лебедот“, „Второто доаѓање“, „Две песни од театарска пиеса“ итн. Така, во „Парнеловиот погреб“ Јејтс вели: ''Епохата е враќање на епохата (An age is the reversal of an age)''.<ref>Milovan Danojlić, „Jejtsovi koreni“, во: Viljem Batler Jejts, ''Kula''. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 31-32.</ref>
 
Важна карактеристика на неговиот [[Мисла|мисловен]] систем е смислата за противтежните сили, т.е. за можностите кои им се спротивставени на првото, привидно единствено, мислење. Во многу негови песни може да се слушне „другиот глас“ кој го негира почетниот став, а тој постојано ги развива и ги брани противаргументите. Оваа негова одлика особено ја развил благодарение на бавењето со драмската книжевност. Според критичарот Донехју, токму оваа подготвеност да ги прифаќа противаргументите му помогнала цели 50 години да се менува и да се развива.<ref>Milovan Danojlić, „Jejtsovi koreni“, во: Viljem Batler Jejts,'' Kula''. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 27.</ref>
 
При разгледувањето на Јејтсовите идеи мора да се биде внимателен, зашто нивното значење не се состои во нив, туку во моќта за создавање на поетските визии кои настанале или биле засилени од неговите [[Идеја|идеи]]. На пример, Јејтс бил длабоко [[Религија|религиозен]] и верувал во натприродното, но истовремено, тој бил антиклерикалец, а неговите подоцнежни песни содржат и елементи на [[атеизам]]. За [[христијанство]]то зборувал како за азиска матица која продрела во [[Антика|античкиот]] свет и ја разурнала неговата хармонија. Неговите песни содржат христијански норми и суеверие, [[монотеизам]] и [[пантеизам]]. Од сите негови идеи најдолго ја задржал идејата за [[бесмртност]]а на [[душа]]та, а учењето за [[реинкарнација]]та го привлекло уште во младоста, кога јпочналпочнал да ја проучува [[Индиска филозофија|индиската философија]] и [[религија]].<ref>Milovan Danojlić, „Jejtsovi koreni“, во: Viljem Batler Jejts, ''Kula''. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 27-28.</ref>
 
Според една [[компјутер]]ска [[анализа]], во целокупното поетско дело на Јејтс најчесто се појавуваат следниве [[збор]]ови: сè, т.е. сите (all) – 1.019 пати, стар (old) - 575 пати, како (as) 556 пати, надвор (out) - 483 пати (заедно и со глаголите), човек (man) – 456 пати, љубов(love) – 353 пати, еден (one) – 336 пати, доаѓа (come) - 289 пати, како (like) - 281 пат, луѓе (men) – 263 пати, некои, т.е. нешто (some) - 260 пати, очи (eyes) – 244 пати, долг (long) - 242 пати, долу (down) – 240 пати, голем (great) – 221 пат, настрана (away) - 213 пати, направен (made) – 208 пати, горе, високо (up) – 204 пати, ноќ (night) - 197 пати, мисла, поим (thought) – 196 пати, ден (day) – 194 пати, [[Месечина]] (Moon) – 176 пати, свет (world) – 174 пати итн. Од [[именки]]те, најчесто се употребени: [[човек]], [[љубов]], луѓе, [[срце]], [[очи]], ноќ, [[мисла]], ден, свет, месечина итн., односно оние кои се карактеристични за вредносниот систем на Јејтсовата поезија, а воопшто не е случајно тоа што модерните именки од типот на „[[авион]]“ (aeroplane) се употребени само еднаш.<ref>Milovan Danojlić, „Jejtsovi koreni“, во: Viljem Batler Jejts, ''Kula''. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 34.</ref>
 
===Ирска како тема во творештвото на Јејтс===