Вилијам Батлер Јејтс: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Биографија: ситна поправка
Ред 6:
Вилијам Батлер Јејтс се родил на 13 јуни 1865 година во [[Даблин|даблинското]] предградие Сендимаунт. Набргу по неговото раѓање, [[семејство]]то ја напуштило скромната, приземна семејна куќа на авенијата Сендимаунт, број 5. Всушност, семејството на Јејтс постојано се селело од место до место: кога тој имал две години, семејството се преселило во [[Лондон]]; на седумгодишна возраст се вратил во куќата на мајчините родители, имотни [[Трговија|трговци]] од Слајго; во деветтата година повторно заминал во Лондон; а кога имал 15 години се вратил во Хаут крај [[Даблин]]. За време на неговото детство, пресудно влијание врз него имала [[Грофовија|грофовијата]] Слајго во западниот дел на [[Ирска]], каде често ги минувал летните распусти. Таму ја засакал природата, а од мајка му и од соседите ги слушал древните [[Келти|келтски]] преданија. Неговата мајка, Сузан Полексфен, била тивка и чувствителна жена која често му раскажувала [[Бајка|бајки]]. Јејтс се навраќал на Слајго во текот на целиот живот; во староста му ја посветил својата проштална песна во која ја изразил желбата да биде [[закоп]]ан таму. Неговите предци имале [[Протестантство|протестантско]] потекло, а во Ирска се доселиле во [[XVII]] век од [[Англија]]. Неговиот дедо и предедо биле [[Англиканска Заедница|англикански]] пастори во Слајго, а се школувале на познатиот [[Тринити колеџ (Даблин)|Тринити колеџ]]. Таму, своето [[образование]] го стекнал и татко му, Џон Батлер Јејтс, кој во 1880-тите бил познат [[Прерафаелити|прерафаелитски]] сликар. Сè до смртта на татко му, Вилијам Батлер Јејтс се допишувал со него, разменувајќи ги искуствата и мислењата. И неговата мајка била од протестантско семејство, кое не било толку угледно како она на татко му. Во 1874 година, на деветгодишна возраст, семејството на Јејтс по вторпат се доселило во Лондон, каде најпрвин го учел татко му, а потоа се запишал во [[училиште]]то „Годол Фин“ во лондонскиот кварт [[Хамерсмит]]. Според неговиот биограф Донехју, тогаш Јејтс конечно сфатил дека, според мислата и [[срце]]то, е [[Ирци|Ирец]]. Во Лондон се школувал до 1880 година, а меѓу петнаесеттата и дваесеттата година живеел во Хаут, приморско место до Даблин. Тогаш почнал да пишува драми и стихови, но без некој успех.<ref>Milovan Danojlić, „Jejtsovi koreni“, во: Viljem Batler Jejts, ''Kula''. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 10-12.</ref> <ref>Превод на литературни дела од автори кои добиле Нобелова награда, Битола: НИД „Микена“, 2010.</ref>
 
Вилијам студирал во [[Уметничката школа]] во [[Даблин]], каде што се запознал со [[Џорџ Расел]] со кого го споделува својот интерес за мистичното и натприродното. Во 1885 година го осознава Даблинското херметичко друштво како разгранок на Лондонската Златна зора. Почнува да пишува [[поезија]] и пиеси под влијание на Шерли и Спенсер, и на англиските прерафаелити од крајот на 19-ти век, но со посебен интерес кон ирските преданија и легенди. Во 1922 ебил избран за сенатор на слободната [[Република Ирска. Во 1923 ја добил Нобеловата награда за литература]].<ref>Превод на литературни дела од автори кои добиле Нобелова награда, Битола: НИД „Микена“, 2010.</ref>
 
Јејтс умрел на 28 јануари 1939 година, во местото Рокбрин, на [[Азурен Брег|Азурниот Брег]]. Во 1948 година му била исполнета последната желба - да биде закопан во црквената порта во Драмклиф, каде во далечината се гледа [[рид]]от [[Бен Балбен]]. На неговиот [[гроб]] стои прост надгробен споменик, без украси и со следниов натпис:<ref>Milovan Danojlić, „Jejtsovi koreni“, во: Viljem Batler Jejts, ''Kula''. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 10-11.</ref>