Разлика помеѓу преработките на „Блатец“

Додадени 658 бајти ,  пред 1 година
нема опис на уредувањето
===Родови===
Блатец денес, во целост е населено со родови на [[Македонци]] од [[Православие|православна христијанска]] вероисповед, од кои дел се старинци кои живеат уште од времето на отоманското владеење, а дел се подоцна доселени по [[1955]] година<ref name="Трифуноски">{{наведена книга|last=Трифуноски|first=Јован|authorlink=Јован Трифуноски|title=Кочанска котлина - сеоска насеља и становништво|year=1970|publisher=Филозофски факултет |location=Скопје|language=српски|pages=111-112}}</ref>. Стари македонски родови во Блатец се: ''Стаменковци'', ''Мишовци'', ''Вачковци'', ''Смилјановци'', ''Кацарци'', ''Дунѓерци'', ''Калајџивци'', ''Самарџивци'' и ''Грнчарци'' при што сите слават Воведение на пресвета Богородица; ''Најчовци'', ''Синадинци'', ''Чорбаџици'' и ''Петковци'' слават [[Свети Атанасиј]]; ''Јанкуловци'', ''Мутавџици'', ''Маљаци'', ''Стојмирци'' и ''Босаци'' слават [[Свети Никола]]; ''Куткуданци'', ''Кљукарци'' и ''Муарудци'' слават Св. Архангел; ''Димовци'' слават [[Митровден]]<ref name="Трифуноски" />. За сите овие македонски родови постои предание дека се доселени претежно во првата половина на XIX век, од различни селишта во непосредната околина на денешното село, имено родот Мутавџици се доселиле од месноста Вигни на [[Плачковица]], останите од месностите Селиште, Спас, Садово, Мојмија, св. Недела, Црквиште каде по предание порано имало по неколку „''каурски куќи''“<ref name="Трифуноски" />, што упатува дека најверојатно овие родови се староседелци, а со надоаѓањето на турските родови во минатото се повлекле како сточари во поближните планински месности. Подоцна, во периодот од [[1955]] до [[1959]] година, на куќите и имотите на иселените турски родови во Блатец се доселени и македонски родови од пет села во Кочанската Котлина: [[Лаки]], [[Пекљани]], [[Трсино]], [[Драгобраште]] и [[Калиманци]] (околу 100 куќи), а има и од [[Беровско]], [[Делчевско]] и [[Кривопаланечко]] (околу 40 куќи)<ref name="Трифуноски" />.
 
==Администрација и Политика==
 
Во селото постои изборното место бр. 0330,0331 според [[Државна изборна комисија на Македонија|Државната изборна комисија]].које сместено во објектот на основното училиште и месна заедница с.блатец
 
На [[Македонски претседателски избори (2019)|претседателските избори во 2019 година]], на ова изборно место биле запишани вкупно 1.241 гласачи.
 
== Самоуправа и политика ==
782

уредувања