Соколарци: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 62:
===Родови===
Во Соколарци, огромен број од населението го сочинуваат [[Македонци]], а освен нив во сосема мал број има и нешто [[Власи]]<ref name="Трифуноски">{{наведена книга|last=Трифуноски|first=Јован|authorlink=Јован Трифуноски|title=Кочанска котлина - сеоска насеља и становништво|year=1970|publisher=Филозофски факултет |location=Скопје|language=српски|pages=92–94}}</ref>. Сите македонски родови кои живеат во Соколарци се староседелци или доселени уште во дамнешни времиња во турско<ref name="Трифуноски" />. Најстари македонски родови во селото се ''Молци'' и ''Менџии'' и слават [[Свети Никола]]. Македонски родови кои слават [[Петковден]] се: ''Шеќерџиовци'' или ''Велковци'', ''Кметци'' кои родовското презиме го добиле поради тоа што некој нивен предок во турско време бил кмет - старешина на селото, ''Ќосевци'', ''Кацарци'' и ''Коритарчани'' чие далечно поткло е некаде од [[Западна Македонија]] или денешна [[Албанија]]<ref name="Трифуноски" />. Македонски родови кои слават [[Свети Никола]] се:''Ангелашевци'', ''Џоваџици'', ''Мадемџици'' кои родовското презиме го добиле поради тоа што некои нивни претци работеле во [[Злетово|злетовските рудници]] (мадеми), ''Уткарци'' едно време ја напуштиле славата поради тоа што еднаш „на слава утепале човек“, ''Дашовци'' и ''Мицајковци''<ref name="Трифуноски" />. Македонски родови кои слават Свети Архангел се: ''Каранфиловци'', ''Ѓорѓиевци'', ''Малиновци'', ''Шетевци'' и ''Црвенџиовци''<ref name="Трифуноски" />. Влашки род кој живее во Соколарци се ''Кутурела'' кои се доселиле пред околу 120 години и припаѓале на поголемото братство Бразен, од нив потекнал и родот Зурзовци кој заедно со поголемиот дел припадници на овој род се иселиле во [[Ќоселери]], [[Ерџелија]], [[Лепопелци]] и повеќе други села кои ги напуштиле [[Турци|Tурците]] во [[Овче Поле]]<ref name="Трифуноски" />.
 
==Администрација и Политика==
 
Во селото постои изборното место бр. 0879 според [[Државна изборна комисија на Македонија|Државната изборна комисија]].које сместено во објектот на основното училиште с.соколарци
 
На [[Македонски претседателски избори (2019)|претседателските избори во 2019 година]], на ова изборно место биле запишани вкупно 696 гласачи.
 
== Културни и природни знаменитости ==