Гучи: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
исто граматички грешки
поврзница
Ред 14:
Алдо и Родолфо Гучи понатаму ги прошириле хоризонтите на компанијата со отварање на канцеларии во Њујорк во 1953 година. Филмските sвезди и џетсетот кои патуваа во Италија во текот на педесетите и шеесетите години донесувајќи го нивниот гламур во Фиренца, ја претвориле стоката на Гучи во меѓународен престижен симбол. Филмските sвезди позираа во облеката, додатоците и обувките на Гучи за модните списанија низ светот, придонесувајќи за растечката репутација на компанијата.
 
Карактеристичните линии на Гучи ги направиле неговите производи меѓу најчесто копираните во светот во почетокот на 2000-тите.Свинската кожа, телешката кожа и увезените егзотични животински кожи биле подложени на различни методи на изработка. Водоотпорно платно и сатен биле користени за изработка на вечерни чанти. Бамбусот за прв пат се користел за да се направат рачки на чантите преку процес на греење и обликување во 1947 година и чантите направени со рачка за на рамо и ѓем-декорациите беа воведени во 1960 година. Во 1964 година, Гучи по нарачка изработил раскошен пеперуткест дизајн, еден со еднакво богат цветен мотив. Оригиналната Гучи мокасина била надградена со карактеричен декориран [[ѓон]] во 1966 година, додека сетот од патни торби „Ролс-Ројс“ бил претставен во 1970 година.Часовници, накит, вратоврски и очила биле додадени во производните линии на компанијата. Посебно иконскиот допир, воведен во 1964 година била употребата на двојно Г-лого за пафтите на ремените и за украсување на дуги додатоци.
 
Компанијата просперираше во текот на седумдесетите, но осумдесетите биле одбележани со внатрешни семејни конфликти кои го донеле Гучи на работ на катастрофа. Синот на Родолфо, Маурицио ја презедол дирекцијата на компанијата по смртта на својот татко во 1983 година, разрешувајќи го својот вујко Алдо, кој на крајот служел казна затвор заради даночно затајување. Маурицио се покажал како неуспешен претседател; тој бил принуден да ја продаде фамилијарната компанија на Investcorp, Бахреинска компанија во 1988 година. Од останатите свои акции, Маурицио се откажал во 1988 година. За жал, Маурицио бил убиен во Милано во 1995 година и неговата поранешна сопруга Патриција, била осудена за најмување на неговите убијци. Во меѓувреме новите инвеститори го унапредија Доменико де Соло, образуван во САД, од адвокат на семејството во претседател на Гучи-Америка во 1994 година и главен извршен директор во 1995 година.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Гучи